https://www.facebook.com/tabernakul?fref=ts и https://www.facebook.com/tabernakul?fref=ts Табернакул ке имале гратис книги за оние кои ке бидат сликнати на нивниот штанд и ке се тагираат на ФБ. Јас ке си седнам таму на некој ќош Па мора да ме сликнат кога-тогаш. Надежно да ми дадат од Венко гратис книга, а штом е таму бар и да ми ја потпише. Скромна сум Инаку и оној Лешоски ке биде таму, па читам на ФБ кубат коси по него оти ке биде на штандот на Табернакул. Јас не го обожавам ич Планирам да си купам од кај нив нешто од Памук, и од Матица нешто, оти секоја година од нив купувам.
Јас во Среда ке одам,преку училиште.Искрено да ви кажам просто ги обожавам овие саеми на книги. Кога ке влезам во салите се чувствувам како скриена египетска пирамида со богатство да сум нашла. Па да,книгите се богатство.
Ќе може ли да ми дадете линкови со книгите кои ќе можат да се најдат на Саемот оваа година? Утре одам, а немам претстава која книга би ја земала. Би ви била многу благодарна.
Сакам книги http://issuu.com/iki001/docs/spoen_kata ... %2F7315876 Три http://kniga.mk/pdf/saem2014.pdf Феникс http://www.feniksknigi.com.mk/?p=635 Бегемот http://www.begemot.mk/sites/begemot.mk/ ... atalog.pdf
Јас ти ја препорачувам Карадачка на книги. Книгата е прекрасна, јас само што ја завршив. Иако има снимено филм, го гледав и филмот и ја прочитав и книгата, и можам да ти кажам дека филмо не може да ја замени книгата, затоа што е пишувана на прекрасен стил, кој што те тера да ја читаш. А крајот... крајот е нешто на кое што нема да можеш да си ги воздрѓиш солзите. Ова е единствената книга која успеа да ме расплаче. Затоа воопшто не се мисли, земи ја оваа, ти гарантирам дека нема да се покаеш.
Од колку до колку часот работи саемот? И на кој штанд можам да најдам енциклопедии или нешто поврзано со туризам и географија?
Академска книга учествуваат и имаат прилично голем избор на интересни наслови. Книгите се со пристапни цени, од 100 денари па нагоре. Единствено колекциите им се малку поскапи. Јас најмногу таму се задржав, ама немав разгледано каталог од нив, па на мобилен читав критики за некои ефтини книги што ми фатија око. Другиве издавачки куќи малку ме разочараа. Од Култура си купив една и тоа беше сѐ од книги на македонски.
Јас бев вчера и како и секоја година се испонервирав што немав доволно пари да си купам се што сакам.Прво што ми фати око беше трилогијата на Мураками 1Q84 англиски превод, ја има читано на македонски, ама очајно сакам на англиски да ја имам во домашна библиотека.Потоа ја најдов со попуст и пак немав доволно пари да си ги земам сите три, убичу се значи. Сакам книги имаа добри наслови и ефтини им беа, се помислив за Крадачка на книги, ама и велам ја читав, сега редно е да земам нешто што немам читано(јас никогаш не купувам книга која ја немам прочиѕано) и око ми фати Во одрбрана на Џејкоб па неа ја купив и задоволна сум, почнав веќе да ја читам. Имав уште пари и сакав да си ја комплетирам колекцијата од Зафон, ама сепак си излегов со една книга зошто сакав да размислам уште ден два што да купам. Штета што годинава имам мал фонд и ќе се задоволам со уште една, ама догодина планирам солидна сума од стипендијата да потрошам на саем. Во листата на книги што сакам да ги купам најпрво ќе бидат трилогијата 1Q84, Игра на тронови(барем дел или два) Норвешка шума и трилогијата од Игрите на гладните, а може и со некоја историска да се почастам. И така.
Вчера бев и морам да кажам дека пријатно се изненадив, во споредба со претходните две-три години има поголем избор и нови книги. Јас заглавив на штандот на Академска книга, да можев се' ќе изнакупев. Имаа навистина пристапни цени и убав избор на книги и од таму си заминав со две книги кои ептен ми беше мерак да ги земам. На уште едно мало штандче кое навистина не знам чие беше си купив уште една книга по струка, за неверојатно пристапна цена, интересни книги имаше кај дечкото. Од нашиве не земав ништо, иако доста ме бендисаа затоа што не бев сигурна што сакав а можно е уште еднаш да одам. Топер имаа добар избор на српски книги со цени 3 за 300 или 2 за 500 и слично и Култура и Бегемот имаа избор. Три воопшто не ми фатија око, сите се стари книги и скромен им беше изборот. Матица исто брзо ги одминав, имам предрасуди према нивните преводи, а и не видов нешто ново.
Јас сега во петок планирам да одам но немам идеа што би си купила. Сакав да разгледам какви понуди имаат Култура, дали сте информирани нешто, и дали имаат каталог. Барав ама не можам да најдам.
Саемот е до 20ч како што знам, така? Некаде прочитав дека порано од тоа некои штандови се собирале. Јас не се сеќавам од претходни години, па еве прашувам вас дали е тоа точно .. Планирам околу 5 да одам, има шанси да се зезнам?
Да не знае некој книгите Game of thrones (т.е. сагата A song of Ice and Fire) која цена се? Ми спомнаа дека сите 5 дела на англиски биле околу 2500 ама не беа сигурни... И на македонски дали ги има или не?
Ако ја видите на годинешниов саем(на кој било јазик) пишете задолжително! Однапред благодарна Spoiler
Бев денес, имав неколку книгички на листа, најмногу ми фатија око на штандот Сакам Книги и Академска книга.Останатите има книги кои се постојано изложени неколку години наназад.За жал немав некој огромен буџет, па си ги земав Светот не е фабрика за исполнување на желби-Џон Грин зошто ми е омилена и сакам да ја препрочитам и на македонски, и ја земав Без страв-Лурлин МекДениел, зошто ми се допадна кратката содржина
Јас видов дека има на српски, Игра на Тронови, ама не ги загледав ниту ја знам цената. Денеска само набрзина влетав, земав Крадачка на книги - тоа дека на форумов читав препораки, па набрзина се одлучив за неа, понатаму ќе видам дали ќе одам пак. Ама колку што можев да видам имаше доста книги од минатите години (ок ), ама некои исти книги беа поскапи од лани, или по иста или поскапа цена отколку што ги зедов кај издавачот од пред неколку месеци.
Јас бев денес и се вратив со празни раце. Се изнервирав прилично. Немаше ништо што ме заинтересира. Матица очекувано немаа ништо ново, тапа, најтапа беа гревните. Истите книги со години ги шлепаат. Ја сакав Сјаење, ама 500 денари мало морген што ќе ги дадам на Саем за книга. Попусти слабо. Ќе одам пак можеби да доразгледам подетално, само еден саат се задржав, не бев сама, па не можев да се шуњам колку што сакам. Само на Сакам книги ми се допадна штандот, ептен ми беше весел некако, а и имаа најмногу нови наслови. Убаво ќе беше да им текнело да направат приврзочиња за The fault in our stars, онакви Океј? Океј. Да се продаваа обавезно ќе си купев. Дај кажете со што сте се подновиле, дајте некоја идеја за ваквите изгубени овцички ко мене.
Слушам на радио, се жалат премала посетеност на саемот. Јас бев, и тие книги кои ги сакав беа прескапи. Ниту денар намалени. Па, како сакаат посетители !
Го има првиот дел на македонски, издание на Топер, мислам дека беше околу 550 денари.Оваа година на саем нема попуст на македонските изданија само на српските.
Јас си купив три книги од Сакам книги, т.е. 2 за мене ( Ејми ја нема и Фатални желби), едната за поклон ( Јас те сакам повеќе) . Лично сите книги од нивниот штанд ми фатија око, ама да оставиме нешто и за друг пат И и јас забележав дека малку влегле во филм со „саемските“ цени Па и се чудат на малата посетеност.. па ако продолжат вака, уште помалку ќе се посетувани саемите. Пред неколку години по 3-4 сали се полнеа и со понуда и со народ, сега едвај една
Целиот бокс сет од Академска книга пред саемот чинеше 2500. Можеби имаат саемски попуст. Првиот дел, Игра на тронови ја има на македонски во издание на Топер и чини 500 денари. Можеби на саемот е поевтина. Со оглед на тоа дека крајната сума е идентична, секако повеќе се исплаќа да се купи англиското издание. Плус и не мора да чекаш останатите 4 книги да се преведат и издадат.