Девојки јас сакам да ја купам последниот чај од Саздова. Знаете ли отприлика која цена е да знам да си испланирам со париве за и некое друго книгиче да си купам
Саемов со цените годинава е супер, дури и потценувачки, иако книгите кои ги сакам, се исти со цените како лани, можеби 100 или 50 денари поевтини. Купив само стручна литература, ми треба за пишување на труд, па се опрчив повеќе пари и добив 50 посто попуст, за останато во некои подобри денови. Арно ама толку гужва до сега немам видено!!! Со посебен акцент на дечиња од основно и тоа до 4 одд. Врискаат пискаат на сите страни, учителки се дерат по нив... Јас сфаќам дека овај нали сакате да им всадите љубов према книгите, ама ако не сака бре, не сака и точка, селектирај кој имаат потенцијал и носи ги. Значи, ништо не можеше да се види како што треба, додека во другата хала со факултетите една зен атмосфера, милина. Она кое ми создаде неубаво чувство беше едно влегување на Саем на книга и цуцките од Арчелор Митал кои и ги познавам, ама така-така. Нели тркалото и они 5, една џвака, сите губат нерви во гужвата и се дерат на посетителите. Некој случајно ќе ги чепне картичките за гратис книга мислејќи дека се флаер и они паѓаат тука во несвест од дрскост дерејќи се НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ ТОА НЕ!!!! Девојката подоцна која дојде да ги замени убаво се изменаџира и беше навистина љубезна, ама овие сериозно непријатно ме изненадија, па морам така јавно да си го кажам. Не го вртев тркалото, ама она кое го подарија беше стара литература од македонски автори од кои само Дракул беше вреден... Може ќе се вратам во недела, евентуално понеделник, во мир да разгледам и ако ми се види за добра зделка барем една да си купам...
Мене комшивка ми беше типката,бев на штандот отспротива.Верувај,не е тоа ништо.Три дена ја слушам,косата ќе почне да ми паѓа од нејзината ароганција. Ужас.Јас кога работев за нив,така да се понашав ни еден саат немаше да ме држат. И јас сум на штанд,нема врска,до 8 работиме.
Само да се шпекулирало.. Фала во секој случај, отидов јас дента кога планирав и се уверив Баш беше раздвижено
Јас денеска бев на саемот..Имаше доста луѓе,раздвижено беше.Е сега има попуст,да,ако знаете каде да барате хаха..Јас си купив 3 книги..Од штандот на култура си најдов книги по 100 ден.. Зависна од мода од Ребека Кемпбел и Писмата на Саманта за Џенифер од Џејмс Патерсон. А бидејќи сакав и некоја на англиски да си земам..од икона си ја земав The Portrait of a Lady од Henry James за 180 ден.Така да не поминав скапо за овие 3 книги..уствари ме чинеа како цена за една.Инаку има многу добри книги,ама некако нема којзнае колкав попуст,единствено неколку штандови каде што може да се најдат така некои подобри понуди.Сакав уште некоја книга да си земам,ама планирам пак да одам подетално да разгледам..Мерак ми е да се подновам макар со уште по некоја книга на англиски.
^За зависна од мода можам одма да ти кажам дека си се зезнала нажалост, нит книгата е добра, нит преводот е како што треба. Од Џејмс патерсон е супер книгата. Јас викендов сигурно одам пак, не се најде само јунак што ќе ме дружи. Па ќе си одам сама и ќе се шетам колку ми душа сака. Патем, од академска книга сум со намера да си земам некој класик.
Mногу ми се допадна изборот на класици од академска книга, си ја земав Eма-Џејн Остин за 120 денари. Од сакам книги Светот не е фабрика за исполнување на желби и Фатални желби. И, планирам пак да отидам утре или понеделник и јас сама овој пат да се изнашетам. Да не знае некој игра на тронови дали ја има преведена на македонски и колку чини?
Јас бев на Саем на книгата во Средата и имаше народ. На штандот на сакам книги имаше најдобри книги но немаше некој голем попуст. Јас од таму си ја земав Светот не е фабрика за исполнување желби и Фатални желби. Три ме разочараа немаа некој добри книги од таму си ја купив Спас од Исидора Бјелица и Белешките на Лајла Грејс. Сакав да си купам уште една книга од Матица но не ми се допадна ниту една книга од таму.
Јас ја земав само Гол човек од Џамбазов, бидејќи немав многу време да шетам а и многу сакав да ја имам дома. Не разгледував многу.
Денес Искра Донева е цел ден на саем,не пропуштајте ја можноста да добиете и посвета. И,бидете малце хумани,покрај тоа што е извонредна поетеса,боледува и од церебрална парализа,знаете веќе.Донирајте!
Книгите на Мисо ги имаше на штандовите на Топер, ако не се лажам. Мислам дека беа 5- 6 книги, по околу 200 денари.
Бев, видов, купив, читав. Петар Пан и Малиот Принц, англиските верзиии од Wordsworth classics Токму така - склоп детски раскази од Радјард Киплинг Фрида - или за болката, од Славенка Дракулиќ Едноминутни новели, од Иштван Еркењ, имавме и мало читање горе во промотерската собичка + унгарско вино и нови зборчиња за учење поезија од моите фини пријатели: Сенки низ циркусикот шатор на Исток Улчар Поврзи ги точките на Нинушка Андова сега и Шопова Антиепитаф на Гале Миловановиќ Полно срце, празен џеб, секако сум среќна. Ја има и мојата на штандот на Култура. Миг на самосреќа, кога ќе си ја видиш книгата на Саем како ја допираат корицата и со насмевка ја купуваат.
^ Леле се заљубив во корицата на Поврзи ги точките!!! Си реков ќе се вратам по неа и се заборавив, финансиски исцедена си реков ништо годинава за плус!!! Генијална корица. Бела корица со точки и црвен молив закачен со црвено ластиче! Абе љубов!!!