Бевме и супер си поминавме Бев воодушевена (и искрено зачудена) што се беше толку добро организирано, со исклучок на некои мали пропусти.. Атмосферата на саемот беше супер, халата доволно голема и пространа, по сликите што ги гледав мислев одвај ќе се поминува ама воопшто не беше така Си ги купив "Светот не е фабрика за исполнување желби", "Скриена во најмрачниот агол" и "Исчезната без трага" од Сакам Книги, а како поклон си ја зедов "Крадци и Проститутки" и презадоволна сум Штандот на Сакам Книги супер беше и лесно се наоѓаа книгите, ама не им беа баш добро организирани, по правило нели секоја книга има bookmark, а овде одвај во една или две имаше.. Побаравме и ни дадоа ама од други книги, и добро да беше само тоа ама и книгите беа малку оштетени Кај мене корицата беше како изгризана долу а на повеќето ни беа свиткани малку.. Ај добро да не се жалам, си ги зедов најомилените книги по најдобри цени Другарка ми купи од Три и како што видов и таму имаше доста добар избор, ама мене Сакам Книги ми остануваат омилени, без разлика на се Видовме и еден штанд (мислам најголем беше) на издавачка куќа на која не и го видов името, имаше предобри книги.. Ги имаше сите дела од "The Hunger Games", "Game of Thrones", "Harry Potter", четири книги од John Green, "LOTR + The Hobbit" и многу други, сите беа на англиски ама цените беа доста високи Сосема истите книги можат да се најдат на e-bay за половина цена, баш пред некој ден ги барав The Hunger Games и секаде беа 20тина долари, а овде 1800 денари... Значи од e-bay+shipping дури и поевтино од тука ќе дојди
Јас на Саем видов повеќе млади луѓе и тоа ме радува. Можеби има надеж за нас, младите сфатија дека треба да читаат, не да гледаат турски, шпански и индиски филмови.
Денес бев на саем и си купив 2 книги од Сакам Книги.Според мене имаше избор имаше и солени цени ама можеше да се најде добра книга до 200денари.Заприметив имаше и доста нови што промовираат на различни места така да слободно прошетајте си
И јас бев денес и си купив 3 книги,сите ми фатија око од прва.Загледав уште 5,6 интересни,имаше ептен избор. Ии да,најважното. Ја најдов Мост преку вечноста. *смајлиштосемаваодбандераодрадост*
Ќе има и утре. Инаку јас вчера бев и си ја збогатив мојата убава библиотека со уште 7 книги и плус една гратис од тркалото на матица и уште 20% попуст Уфф имам многу за читање,ама малку време
Бев на саем на книга,си купив книга од штандот на сакам книги,но некако ми беше празен,се вртев во круг,а тие што услужуваа некако ми беа без живот,ај догодина ќе биде подобро. Исто си пишав ваучер за книга,па ќе видиме.
Девојки да не била некоја од вас извлечена на акцијата што ја имаат Арс Либрис? Ме интересира на кој начин се избира книгата: дали они ти даваат случајна книга или пак добитникот си ја бира?
Бев и се прерадував! Купив 2 книги, плус една подарок - од Антолог. Нивниот штанд најмногу ми фати око, сакав скоро сите книги да им ги купам. Плус се изнамуабетив со девојката што беше на штандот. Прекраснотии! Бегемот имаа супер изданија, од таму си купив една. Космос. Кога поминував на штандот од Икона, гледав на другата страна. Душава ми плачеше за преубавите чаши кои ги продаваа заедно со некои изданија на книги. Исто ми се допаднаа Арс Либрис, супер беа средени. Единствена забелешка ми беше за Академска Книга. Супер изданија ама повеќето со слични корици - црна основа и бел текст. Се губев читајќи ги насловите на книгите и си заминав, не можев да се снајдам. Прв пат одев, така да задоволна сум ептен!
Ако мислиш на оние ливчиња што ги даваа со картите и се пополнуваа и оставаа во една кутија таму - бев таму кога беше едно извлекување. Како ги влечеа од кутија - така ги запишуваа во тетратка, каде што имаше наслови на книги и оставени празни места за да речеме 20 добитници на таа книга, а ги запишуваа рандом, без редослед, еден за една книга, друг за друга. Ако зборуваме за истото - они ти даваат случајна книга би бил краен одговор
Јас пак бев вчера..и се подновив со англиска литература.Се на се вкупо 7 книги оваа година.Едвај чекам да почнам некоја да си читам
Јас како и секоја година така и оваа си го посетив саемот, дури три пати Ептен сакам кога одам на било каков саем кој вклучува книги. Да можев ќе си ги купев сите. Обожавам книги и си се обидувам да си направам домашна библиотека, што сега за сега добро ми оди. Оваа година најмногу бев за да си ги купам трите книги Игрите на Гладните, сакам да си ги имам дома, убави ми се. Дечко ми за подарок ми ја купи Ејми ја нема, незнаејќи дека ја имам читано, ама баш убаво ми дојде и таа книга во колекцијава моја. Си се подновив со неколку книги на Англиски и си купив едно книжуле со цитати за виното. Задоволна сум од овогодинешниот саем, добри понуди имаше на штандовите, незнам зошто, но секогаш најмногу време поминувам на штандот на Сакам книга, Арс Либрис и мене мис е допадна како беа средени и исто имам забелешка за кориците на Академска Книга, сите ми беа исти Инаку ја барав Инферно од Ден Браун ама не ја најдов, а и да сум ја најдела скапичка била. Така да поарно шо не сум ја нашла. Ако ме прашувате мене, вакви саеми треба почесто да се организираат за луѓето да си стекнат навика да си читат книги. Доста е веќе од турскине серии... Сега чекаме наредна година.
И јас годинава доста ја проширив домашната библиотека за време на саемов. Зедов стручна литература од штандовите на Арс Либрис и Академска книга - ќе ми служат до крајот на животот и воопшто не ми е мака за потрошените пари. Годинава бев ориентирана кон класиците, па изданијата на Магор ептен ми завршија работа. Единствено ми е жал што не можев да ја најдам „Мајсторот и Маргарита“, ама тоа во наредна прилика. Зедов некои книги по препорака на другарка, а мајка ми пак, ме отече за книгата на Исидора Бјелица, иако знае дека мразам вакви исфорсирани и комерцијални книги. Со дечко ми си купивме и компилација од Френк Синатра за во кола и тоа е тоа. Се изнервирав на штандот на Табернакул, ептен ја имав на ум новата книга на Венко Андоновски ама кога ја видов цената ме заболе глава. Ќе почекам, догодина сигурно ќе ја спуштат.