Женски да ве прашам дали знаете каде ќе се наоѓа точно саемов во Битола, што ќе е некаде од 24 - 30 мај или јас сум грешка.Ајде, битолчанки кажувајте.
И ти истото го слушна гледам... и јас така разбрав душо,ама кога отидов во градската библиотека тие идеја немаа за никаков си саем на книгата...јас со другарка ми вртиме,вртиме тоа Битолата и никако саемот да го најдеме... ни на Магнолија,ни пред Домот на културата,ни во Безистен,ни ваму,ни таму...од градската добивме одговор дека не биле известени за никаков си саем... Изгледа во јули некаде ќе биди.... Доцна малку ти одговарам... ама ако
@I <3 Books во каталогот ви е напишана Можеби нИкогаш, исто и во статијата за саемот на едно место. Јас годинава не знам дали ќе одам воопшто на саем, немам собрани средства. Може само да прошетам и да купам книга, две за поклон. Има излезено каталог од другиве куќи?
Колку што разгледав по другиве сајтови сеуште нема ништо, а таман се израдував дека денес ќе си го направам списокот на книгите што сакам да ги купам. Од Сакам книги 15 книги сигурно земам. Едвај чекам да дојде 5ти.
Да, тоа е мини новела, продолжување/дополнување на Можеби некогаш, т.е приказната на цимерите Ворен и Бриџит Инаку за други каталози, колку што можев да видам јас по интернет, нема ништо уште. Ќе има ваљда деновиве...
Саемот ќе работи од 10.00 до 20.00 секој ден, вклучувајќи ја и неделата. Само последниот ден, понеделник, верувам дека ќе се затвори многу порано, веројатно нема да работи повеќе од 14-15.00 часот.
Првпат ќе одам на Саемот годинава, па ако може некој да ми објасни на кој штанд да ги барам книгите на Гијом Мисо? На Топер? Ќе имаат ли тие штанд воопшто? Исто така, има ли некаде онјлајн каталози? Го видов на Сакам Книги, ме интересираат за другите издавачки куќи. Благодарам однапред
Што е со издавачиве, слабо активни со промоции годинава? Не можам да најдам каталог од Табернакул. Веб страната им е катастрофа, а на фб нема никаква информација. Ако некој знае, нека ми каже цени за едицијата "Ологии", лани имаа баш добар попуст на тие но не можев да одам да си ги купам. Едит - еве го каталогот на Табернакул.
Кој ќе оди денес да каже како се движат цените, јас лани бев но ништо не ми фати око. Оваа година планирам да си купам некоја книга.
Јас само што се вратив од саем ја купив книгата моќта на подсвеста 150 ден. Четврток ќе одам пак ме бендисаа и други книги.