Го разгледав каталогот на Сакам Книги и на останатите издавачки куќи, и искрено од сите други само и нивниот ми се одпадна. Имам околу 5-6 фаворити кои имам намера да ги купам. Само ме интересира како може да се стигне до саемот од Природно математичкиот факултет? Не сум од Скопје, затоа прашувам бидејќи не сум баш најдобра во снаоѓање на не толку познат град за мене.
Јас денес бев, прошетав, некако мал ми се виде саемот годинава Купив две книги за подарок, а за мене си ја купив само Вештица, бидејќи одамна сакав да си ја купам, ама секогаш ми беше многу скапа. Сега ја имаше за 200 денари, не ми се испушташе Од штандовите си собрав само идеи за тоа кои книги да ги симнам
Mnogu mi e zal sto nemozam da dojdam imam mnogu drugi povazni obvrski,inaku ne go ispustam saemot zasto knigite se mnogu evtini za razlika ako gi kupes vo dukani kade sto se od 500 pa nagore..barem kaj nas..
Изданието на Табернакул е 350 денари, а на Опиум (Лакрима Литералис) е 200. Блиску им се штандовите, Опиум е неколку штандови после Табернакул. Се изненадив кога ја видов со толку ниска цена, зашто други години на саем била и по 500-600 денари. Баш ги прашав во што е разликата, зошто нивното издание е поевтино, па почнаа да ми го фалат тоа издание затоа што е надополнето со предговор и е ново.
Јас денес бев саемот си е одличен предобра атмосфера. Си купив пет книги. Од Три ја зедов Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак од Мураками, од Матица ги зедов Шепнувачот и Владетел од сенка од Донато Каризи и од Академска книга ги зедов The Count of Monte Cristo - Alexandre Dumas и The return of Sherlock Holmes - Sir Arthur Conan Doyle. Три беа одлични и добар избор на книги имаа. Матица исто така имаше голем избор амааа таа што беше на штандот напор напор напор . За Академска книга свака им част значи и за книгите и тие што беа на каса значи злато немам збор, најпријатно изненадување ми беа значи најголемите класици од најголемите автори толку ниски цени јас кога ја видов цената 130 денари o останав луѓе. Да не ве лажам ама на штандот имаше преку 200-300 книги ако не и повеќе, секаква стручна литература, класици, бестселери . Секоја чест значи за Академска книга. Браво
Од штандот на Мултимедијален Центар си ги земав најновите наслови: - Животот што самиот си го одбрав - Научи да молиш: Во вистинската молитва ти Го доживуваш Бога. Вистинската молитва усреќува - Користи го мигот: Она што го правиш, прави го целосно!
Дали на штандот на Академска книга го има има првиот дел од Les Miserables? Ја нарачав од другарка да ми ја купи, ама само 2 дел ми го купила Дали ја има на саем или да ја барам во книжара?
Дали трае и утре саемот за книги? Колку чинеше на саем книгата ,,Бездомникотсо златен часовник,, на штандот на матица?
Трае и во понеделник но пократко. Завршува веројатно околу 15 часот. Освен тоа можно е некои издавачи да си заминат и порано. Ако сте студенти или љубители на наука, најинтересни и воедно со најголеми попусти има на штандот на Академска книга. За 500 денари има обемни квалитетни богато илустрирани универзитетски учебници и стручна литература на англиски јазик од разноразни области. Попустот ќе продолжел да трае уште 2 недели по завршувањето на саемот во нивната книжарница во Скопје (на ул. Даме Груев спроти новата зграда на министерство за финансии). Интерна Медицина на Харисон (17.изд. од 2008 год.) е само 1500МКД, Физиологија и Анатомија се само 500. На штандот на Мултимедијален центар има добра духовна литература. Ја си ги купив уште книжињата: - Речта на ѕвездите до човекот - микрокосмосот, и до неговата душа - Кој бил Исус од Назарет? Неговото детство и младост.
Годинава ради срањава не отидов уште. Знам дека е уште денес, но до колку часот е? Да одам да излуфитрам глава и да се почастам нешто, више пукнав!!!
До два или три, ама сега веќе сигурно не работи. Иако јас се мислам да одам до Академска, прочитав погоре попустот уште ќе им траел.
Јас отидов вчера накај 17:30h, скоро сите штадови беа затворени, беа отворени само на Матица, Академска книга и Табернакул ми се чини. Па така, иако на брзање, успеав да си купам неколку книги
Јас си ги земав: "Да се убие птицата подбивница" (Харпер Ли), "Лолита" (Владимир Набоков), "Страв и гадење во Лас Вегас" (Хантер С. Томпсон) и "На пат" (Џек Керуак). Во принцип, ваквите полегендарни книгички се поефтини од моменталните бестселери, така да, мене добро ми дојде саемов.
Ана, иако не сум многу активна во темата за литература и уметност, редовно ги следам твоите постови и црпам испирација за квалитетни книги за читање. Поради тоа, би те замолила кога ќе ја прочиташ, впечатоците за книгата да ги споделиш во соодветната тема. Навистина ме интересира твоето гледиште за книгата, бидејќи навистина го почитувам твојот вкус за литература.Мене лично ми е една од омилените книги, современо и инспиративно четиво кое секој треба да го има во својата домашна библиотека. Поздрав