И јас приметив дека многу малку нови наслови има, малтене истите од ланскиот - не ми е јасно Ама да, Сакам Книги во каталогот имаат 8-9 нови, па тие секако ќе бидат
Сеа за сеа Бегемот највеќе ми го прави меракот. Имам неколку наслови од ТРИ што минатиот саем ги оставив, секако дека ќе ги подружам Ili-ili и Темплум, Академска да не споменам, главен непресушен извор на класици за багателна цена. На Антолог сум им лут за Барико, но ќе им направам друштво. И дефинитивно Култура и Ѓурѓа традиционално ќе ги прескокнам.
Јас веќе муштерија на Матица им станав...ме научија напамет Кога ќе дојдат во Битола:Ти си чупето од лани?Шо сакаш за оваа година? Срцки мои фала шо ќе дојте пак од 4 до 10ти април во Битола.Бев на февруарскиот саем,конечно нешто и од Зафон во мојата библиотека имам,планирам пак да дојдам на априлскиот ако можам... Пазете се од мене Само да не сум во близина на книги...оти ако сум едноставно книгите ме клаваат во искушение да купам некоја Саем на книги,мој рај брат
Еве го и каталогот на Или-Или https://www.facebook.com/events/1882438505335956/permalink/1883433605236446/
Добар старт, убав шаренолик избор, буквално за секој по нешто. Табернакул изненадија со ниски цени на одредени наслови.
Ајде пофалете се што сте си купиле, јас сакам деновиве да отидам, ама немам нешто на ум конкретно. Цените како? Има доста нови наслови?
Во глобала тоа што го имаше во текот на годината, беше присутно на штандовите секако со намалена цена. Како и секоја година, така и оваа продолжив да си го дополнувам списокот на „лектири“ за слободно време, па претходно подготвив одредена стратегија каде да си го „губам“ времето, а каде не, односно да фрлам „опуљ“ кои книги пробале во меѓувреме да ги осакатат . Изненаден бев од Табернакул кои пуштија срце на саемов да имаат почовечни попусти, за разлика од минатите. Отаде ја зедов „Незнаење“ од Кундера, си направив краток муабет со „човекот со наочарчињата“ и затерав надесно кај „Слово“ кои ми се непресушен извор на историографска стручна литература, па до нив и Темплум. Во глобала истото го имаат од минатите години, од првите ја зедов „Корените на османлиската империја“, вторите ги оставив за следниов пат за викенд (ми треба многу време за да одлучам кај нив). Карши ги здогледав Или-или, па оттаму ги зедов „Одбројување“ - Фросина Пармаковска (2 дена откако е излезен од печат), „1000годишната есен на Јакоб де Зут“ од Дејвид Мичел и „Скриена камера“ од Лидија Димковска. Од Арс Либрис нагазив на Маркес и неговата „На полковникот нема кој да му пишува“ па тука веќе почнав да се врткам насекаде, па во ТРИ ги зедов на Мураками „Кафка на брегот, „Часови“ на Мајкл Канингем па во Антолог ја собрав „Америка“ на Кафка, па во Академска книга ја зедов Island на Aldous Huxley за на крај да завршам во Бегемот да ги земам „De Profundis" од Вајлд, „Шест степени слобода“ од Дикнер и ја собрав последната „Пошта“ од Буковски. Сосема на крај од Магор ја собрав „Источно од рајот“ на Штајнбек, секако по препорака. Во глобала гореспоменативе книги ме чинеа од 150 до 300 (зависноод обем) освен онаа на Академска книга, но за неа и не жалам, не се сомневам на квалитетот. Планирам уште едно одење да му удрам, но овој пат поскромно би одел, уште книга или две и толку.
Планирам понеделник да отидам, ако може некој да ми каже која е цената на книгите "Јас пред тебе " и "Јас после тебе " ?
Јас сум скоро секој ден, а и моментално на штандот на Откровение. Ако има некој на саемов, нека повели да се запознаеме
Ептен бев среќа за Табернакул, зашто живеев во заблуда дека нема да присуствуваат на саемот годинава. Се подновив со Записи од мртвиот дом на Достоевски; не знам зошто не зедов и нешто друго, вака од око имаа поголем попуст за разлика од поголемиот дел на издавачки куќи. Од Икона конечно ја најдов Фрида или За болката на Дракулиќ, прекрасно книжуле. Од Или - Или морав да ги имам Физика на тагата на Господинов и есеите на Ќорвезироска Еден текст и една жена. Двете од новиот тираж на Венко од Три - Вештица и Папокот на светот чинам ми ги собраа парите. Немаа некој голем попуст, ама пусти мерак да ги имам. Магор поворно со добар попуст и избор на класиците - мојот избор, Хесе со Играта со стаклени мониста. Од Магор, истотака, за евтини пари зедов неколку книжевни теории и критики, како и од Македонска реч. Од тезгите, шест солидни изданија на Блесок, негибнати, за 200. Плус, Шолохов, во тврд повез од едицијата Ѕвезди на светската книжевност за сто. Криво ми е што Анголог ниту ги погледнав, ама ајде ќе ги посетам наредната недела, гледам дека саемскиот попуст ќе трае до крајот на месецот.
@carangigia добро што потсети за саемот во Матица Од 22 -31 јануари 2018 год. ќе се одржи традиционалниот 18 -ти саем на книга на Булеварот и Паркот на книгите, кој го организира Клуб Матица. Ќе бидат понудени голем број современи и класични литературни дела по саемски цени од домашни и странски автори. Белетристика, енциклопедии за деца и за возрасни, психологија, филозофија, историја, драма, трилер, мистика, гастрономија, право, политика, лексикографија, езотерија, поезија, креативни и друштвени игри, прирачници. Популарните: „Седумте сестри“, „Сестрата создадена од бура“, “23“, „Господар на сенките“, „Хеликоптерот“, „Ејми Сноу“, „Те нема никаде“, „Пријатели до гроб“, се само дел од новите наслови кои со задоволство Ви ги препорачуваме Еве го и каталогот http://wmk-ci.xsoftstatic.com/Write/07080/Files/КАТАЛОГ-ФИНАЛЕН-ЈАНУАРИ-2018aa.pdf
Ти благодарам на предлозите, секогаш сум во потрага на добра книга. Јас бев во четвртокот во Матица и речиси сите книги кои се објавени во каталогот се веќе на попуст, но вработените ми рекоа дека официјално попустот започнува од утре. Јас се подновив со книги, но утре пак ќе одам никогаш не е доста од интересни книги
Ми се чини дека годинава Матица имаат мноооооооооогу слаб попуст на цените... Или само така ми се чини?