Некој предлог за добро книгиче од понудата на матица? Се мислам за некоја од Лусинда Рајли можеби? Само не таа Седум сестри.
Годинава саемот ќе се одржи од 3-9 мај во Борис Трајковски. Споделете доколку наидете на некој каталог и што имате во план да земете.
Мојата листа на книги за оваа година Издавачка куќа : Сакамкниги Издавачка куќа :ТРИ Издавачка куќа: Ѓурѓа Издавачка куќа: Антолог
Беше некоја на саемот денес? Да сподели впечатоци и да се пофали што си купила, нормално. Се мислам кој ден да одам, имам цела листа на книги кои сакам да ги купам, само немам поим како се со цените. Има некои реални попусти или?
Работното време на Саемот е од 10:00 до 20:00(некаде пишува дека ќе биде до 22.00 часот). Цената на редовната влезница изнесува 30 денари.
Бев, купив Ангелско дрво од Рајли и Ова завршува со нас од Хувер. И двете си ги имав на памет уште одамна. Хувер уште од кога ти ја имаше ставено во што читате моментално Ама не можам да се натерам да читам на лаптоп, тешко ми е некако, па се забавив малку Ми се свиѓа како се наредени, многу попрегледно и организирано од лани на саем. За попуст најубаво да си отвориш на страните на фб, имаат повеќето ставено каталози. Сакамкниги мислам дека имаа најдобар попуст. Сакав уште некоја книга да земам, Трите ќерки на Ева, Парфем, Чудо ама шкрипец така да.. Некој следен саем Ти што сакаш да купиш? Може памтам некои цени Влезница 30 ден.
Многу е убава книгата од Хувер и јас сакам да ја земам за да ја имам на Македонски. Колку ја купи? Во Матица беше 500 мислам по редовна цена. Може да ми кажеш и колку беа книгите на Лусинда, планирам да ги купам сите со Сестрите, а ми фали во колекцијата и уште некоја од неа, мислам дека беше Девојчето на гребенот, не сум сигурна. На список ми се неколку книги од Линвуд Баркли, неколку од Зафон, а исто имам така долгичок список и од Сакам Книги. Од Сакам Книги ископав некој каталог, ама веќе не се ни сеќавам како беа цените и дали ги имаше тие кои сакам да ги земам. Spoiler - Зад затворени врати - Б.А. Парис - Мали црни лаги - Шерон Болтон - Ние бевме лажговци - И. Локхарт А да, ја сакам и новата од Џилијан Флин. Банкрот во најава. И јас сум шкрипец инаку, ама ќе се вадат пари од црн фонд па последно да е. Лани не бев на саем, годинава очигледно ќе наплатам и за тоа.
290 ми се чини беше од Хувер. Нема нова од Флин, таа што мислиш не е од Флин, туку само има кажано мислење за неа. Зад затворени врати скокни ја, предвидлива е многу. Не троши пари на неа, симни си ја подобро.
Многу ја намалиле, баш ја гледав во Матица пред една недела, околу 500-ка беше. А книгава сериозно не е нова од Флин? Лелее, што ли сум читала. Како да ми излезе некоја корица низ социјалниве мрежи, па се возбудив и удрив лајк. Очигледно не сум дочитала убаво. Ај ќе проверам кратка содржина па ќе видам дали да ја тргнам од список, може ќе ја биде, иако не верувам после ова. Ми се сруши целиот жар. Зад затворени врати ми е читана мене, мајка ми сакаше да ја прочита, а малку „скарана“ е со Англискиот, па ја планирав за неа. И ми спомна некоја нова од Алимпиќ, верувам и тие нејзините би требало да се намалени. Имам уште книги, да прочепкам да го најдам списокот, па ќе се ставам во акција да ги најдам и каталозите. Монтирав дома нова библиотека, се ставив во акција да ја пополнам, затоа му запнав на купувањето.
Ооо ај со среќа и брзо да се наполнат. Таа Жената на прозорецот мислам се викаше, а беше од некој Фин, ама на корицата го има на Флин името, дека книгава била неверојатна. И јас се збунив кога ја погледнав. Не видов од јелена бачиќ колку се, треба пак да одам и убаво да разгледам. Генерално ми се допадна атмосферата, весело ми беше некако. На сакамкниги штандот најрасположени беа, секогаш се најголеми ентузијасти.
Да, така беше насловот @RainBow . Еве ја корицата, а ова со Џилијан Флин прав маркетиншки трик. Кај мене им упали, верувам (или се надевам) дека не сум единствена со збункава. Spoiler Веројатно е 350 денари, така пишуваше на сајтот. Уф, што ми требаше да отворам таму, си најдов уште книги што сакам да ги купам. Викендов тешко да издвојам време за саем, здравје во понеделник ќе се ставам во акција, па ќе се фалам што сум одбрала да купам. Мене вака гледано од слики, ми делува многу поорганизирано. Халите ми беа ептен хаотични, тука далеку покомпактно. Не дека е идеално, ама изгледа попрактично за шетање барем.
Еве ме и мене. Во глобала, слаб саем. Шундот и кичот си имаат пуштено длабоки корења. Ќе идам пак кај Готен и ПНВ, овој пат со кешарица.
Ова завршува со нас беше 290. Куферот од Берлин беше 400. Од Рајли поевтини 250 (Ангелско дрво а и книгите за Сестрите мислам дека беа по толку) а можно е некои и околу 300 да беа. Жената на прозорецот 350. Зад затворени врати 290. Мали црни лаги 280. Зафон беа по 250 лавиринтите, а и другите кои ги погледнав. Ние бевме лажговци 220. Зафон и Лусинда од штандот на Матица, другите од сакамкниги Како го напишав ова, ако разбере некој што сакал да каже авторот арно Ми се спие, извини
Прочитано во еден здив и разбрано, нормално. Фала многу, ептен си ме спасила. Ќе си направам план и подетална програма. П.С. Ауууу новата од Алимпиќ ептен ја намалиле, одвај 90 денари. Ќе почека подобри времиња мајка ми за книгава, доволно ќе плаче на книгата од Хувер.
Имаат Академска книга каталог? Ми треба The Dark Tower серијалот, ама на англиски. Се си мислам дека лани го имаа, ама скапо е чудово, не ми се баш даваа толку пари. Сега би го купила, за поклон ми е
Утре ќе одам на саем. Немам у план да купам некоја книга пошо имам уште мн книги за читање на Kindle-от а и тие книги шо ги земав од лани не ми се дочитани. Одам да се прошетам