Да се самоцитирам... напишале "Целиот саем до дома" а нема врска. Само неколку издавачи дале попусти. Сакав по нешто од Три, ама тие само на нивниот сајт дале попуст. Па кога комбинирам од двата сајта немам над 1000 денари на секој за да имам бесплатна достава. Глупости.
Една убава вест. Има најава да се одржи саем на книгата и годинава. Еве ја објавата, не сум сигурна дали ова си го споделува книжарница Три само како нивни саем или ќе биде со сите издавачки куќи, но се надевам наскоро на подетално инфо.
Да и тие споделија: https://www.facebook.com/Sakamknigi...80674/10158439042613548/?type=3&theater&ifg=1 Саем на книги на отворено ќе биде @Purplelilac и повеќе издавачки куќи ќе имаат штандови.
Ќе има секако. Последниве неколку години паралелно саемските цени си важат и за онлајн купување кај сите издавачки куќи.
Јас стандардно од Академска Книга (ако учествуваат). Само што ја започнав со читање "Glory Main", па бидејќи има уште 4 делови веројатно ќе ги купам тие. Исто така планирам барем една книга енциклопедија од некој уметник, може од Баскијат ако најдам. Може и некоја од Стивен Кинг, ако ми фати око. Зависи од попустите.
- Скандал на пролет од Лиса Клејпас - Госпоѓица Коко и мирисот на љубовта од Мишел Марли. Ќе купам и нешто друго, ама од најновиве овие ги меркам.
Традиционалниот годишен Саем на книгата во Скопје ќе се одржи од 8ми до 14ти септември, пред салата Борис Трајковски.
Матица изгледа нема да учествува објавија нивна акција на книги од српски хрватски издавачи по 199 ден.од 1-14. 09. Сакам книга,култура и три ќе учествуваат.
Знам. Муабетот ми беше дека ги нема во списокот на издавачи од линкот кој го постирала MissChievous, а сепак се знае дека ќе си бидат на саем со штанд. Затоа се надоврзав дека не мора да значи оти нема да учествуваат Икона и АК ако ги нема таму во списокот. Ќе се изјаснат, има време до саемот.
Јас сакам неколку книги од Антолог, ама не знам дали ќе се исплаќа онлајн. Почнаа последно и откуп да ми наплаќаат од Карго, иако бесплатна достава за одредена сума има. Се надевам ќе извадат наскоро каталози.