Јас немам забележано некоја разлика во цените на саем и кога имаат попусти. Секогаш се истите цени. Посебо за издавачки центар Три постојано ги вртат истите цени.
Оваа година највеќе ме изненади Матица, имаа одлични попусти, си изнакупив книги еден куп. И сега нешто од 1ви ќе имаат за српските изданија по 199 денари книга, се надевам дека ќе имаат одлични наслови бидејќи веднаш ќе се фрлам во акција.
Саемски каталог на Сакам книги: https://issuu.com/iki001/docs/cat_s...yrpmzV1mw1FFRsAovyPpcDTLXoq_6GUw-M4ov-e15b-iY @S.W.A.G
Да прашам, конкретно за Сакам книги дали и сега може да се купи книга по саемска цена од оние наведените во каталогот?
Кои книги планирате да ги купите? Јас Напишано со тебе, Напишано со каење, Девојка од мал град и Зима со мирис на капини.
Ги гледам цениве и некако треба убаво да се спремиш со финансиски средства за да земеш некоја книга. Па реално, повеќе попуст и подобри понуди даваа за време на карантинот отколку сега, на саем. Имав долга листа што сакав да ги купам, ама после каталозиве ќе треба да ја разретчам.
Јас сакав Новиот сопруг и Скандал во пролет или како и да беше. Толку барем разлистав, ама луѓе ич не ми личи дека се со попуст. Освен ако од 8 ми има нова цена.
Искрено Сакам Книги имаат многу мал попуст, со оглед на тоа дека е саем. А книгите што ги читам најчесто се нивни изданија. Имаат поголем попуст ама само на некои постари книги. Ако отидам би сакала да си ги купам Напишано со тебе и Напишано со каење.
Никогаш немаат реален попуст Сакам Книги. Матица иако нема да е дел од саемот, најголемите попусти ги имаше цело лето, и уште траат. Јас Антолог ги чекам, сакам 3-4 книги од кај нив, од другите горе долу се што сакав имам.
Еден куп зедов книги од Матица, попустиве им беа одлични и сега се мислев дали пак од нив да порачам или од Сакам книги иако нивниот попуст не е којзнае што, ама пак од Матица веќе не знам што да земам, не е работата само да купиш, а овие книги што ги пишав погоре ги сакам така да ќе видам има време.