Ги гледав баш денес и од Култура и од Антолог. Летово купив за пониска цена некои од книгите во попустите.
Малку разочарана од попустот на Сакам Книги, за Матица најдобри беа годинава, ама веќе нема книга што ја немам од кај нив, а што би сакала да ја земам. Ќе падне мал шопинг 3 4 книги се на се колку да се земе нешто ново за зимава, ама вон саемов поубави попусти сум начекувала искрејно.
Дали знаете доставата на Сакам Книги со колкав износ ќе е бесплатна, лани беше со 2000 ама тогаш следуваше и гратис книга.
Јас бев во план да купам неколку книги, ама според саемскиве цени не знам дали ќе купам. Само за Матица немам коментар, одлични, најдобар попуст имаше за книги. Демек саем на книга од 450 на 380ден книга
Под 1500 сигурно нема да е. Премногу е. Доставата 120-130, тоа е пола книга. Последната пратка од Култура нарачката со бесплатна достава ми беше, а платив откуп 50 денари. Тие платиле 110 за до врата да ми ја донесат. Од awesome books 180 денари доставата ми ја наплаќаат, а по толкав пат идат книгите. Премногу е и доставата кај нас и книгите се скапи.
Над 2500 беше бесплатна достава и гратис книга над 1500 ден. Премногу е сепак, ако 70-80 ден е некој попуст.... Гледам сите со цениве забегале.
Си ја направив мојата листа, околу 2000 денари. Списокот со книги ќе го напишам па доколку некоја од вас мисли дека не вреди некоја книга (односно е разочарано од истата) нека ми пише Еве од мене Морам да знам од Карен Кливленд не вреди за парите не знам дали ќе биде на попуст но цената и е 420 денари. Книгите се сите од Сакам книги. 1. Триптих - Карин Слотер 390 денари; 2. Патник 23 - С.Фицек 390; 3. Никаде без ќерка ми - 420 денари; 4. Во одбрана на Џејкоб 250 денари; 5. Терапија 190 денари (неа морам да ја имам зошто доесега сите на Фицек сум ги прочитала); 6. Сопругата на детективот - 280 денари; како замена за некоја од овие ми стојат: - Ова завршува со нас 280денари; - Верити 280 денари; - Немата пациентка 290 денари; Искрено не знам зошто не прават пакети со книги од одреден автор чии книги се поврзани како на пример Донато Каризи, или пак по три книги од автор по наша желба, еве моја би била на Ден Браун. Мислам Култура по редовна цена на Ден Браун пакет од 3-4 книги го продаваше за 1800-2000 денари
Освен Патник 23 и Сопругата на детективот (кои планирам да ги читам), сите други ми се прочитани. Јас искрено би ти препорачала да си земеш некоја од алтернативите наместо Триптих. Ја купив јас веднаш но многу ме разочара, еден од најлошите трилери кои сум ги читала во последно, но сепак е вкус во прашање - може ќе ти се свиѓа. Ова завршува со нас ми е засекогаш омилена од Хувер, ако не си ка читала купи ја обавезно. А доколку си за трилер замена - Немата пациентка е супер
Ова завршува со нас- не ја пропуштај. Јас ги планирам Авијатичарот и Лавр од Евгениј Водолазкин и Габриела, каранфилче и цимет- Жорже Амадо. Од Антолог. Од другите што ги планирав се откажав. Трилерите ќе ги читам на англиски.
Не ве исчитав сите, ама изгледа сите сме согласни околу саемот. Попусти кои и не се нешто за споменување, реално. Плус во време на Корона, треба да дадат малку повеќе опции за он лајн, со попусти , земајќи предвид исплатливиста заради поштарината...Што ми вреди мене денес ако е на попуст една книга, како да ја земам?!?! Освен МАтица, која се покажа феноменална со попустите кои се уште и траат веќе цело лето, другите не нешто ме привлекоа...како за саем де. Иначе си имам по нешто што си манијачам....Ама па 3-4 од различни куќи по 300-400 -500 денари...хммм
Многу ретко купувам книги на саем, од причина што не сум начекала некој солиден попуст. Матица и Или-или секогаш имале далеку поквалитетни книги, од Три. Летово порачав неколку книги од Три и се чудев како се одобрени книгиве за продажба. Ако одам годинава тоа ќе биде повеќе за дружба, отколку да купам нешто. Во последно повеќе читам е-книги.
Имаше еден доста обемен каталог, 76 страни (слајдови) мислам ама не можам да го најдам сега, да не знае некој/а од која куќа беше?
Секоја година на саемов има се помалку избор, а се повисоки цени. Пред две години кога бев, многу се разочарав од асортиманот шо го нудат издавачките куќи, а и со текот на времето помалку читам книги на македонски. Додека книгите на англиски воопшто не се исплати да ги купуваш од Академска книга или Икона кога дури и на попуст се поскапи отколку да ги порачаш од интернет(Awesome books, Abe books, Book depository).