Од Или Или да не го бараш? Тој беше голем ама околу 100 страни. Не знам дали е дозволено да ги ставам каталозите тука, спуштени ми се сите. Сега гледам и Литература/ арс ламина е голем, околу 70, може тој да е.
Сеуште имаат акција на фб за купени над 10 книги, имаш 50% попуст. Јас си ги ставив во кошничка, останува само да нарачам. И ми даде сума од 2000 денари а оргиналната е 4000 Не ми покажа дека немаат залиха за ниедна книга што ја сакам Што знам Уште се мислам за некои наслови, затоа не нарачав одма. Да отспијам прво
Да, во право си. Сакав да кажам дека веќе немаат голем избор на нивната страна, тоа значи дека поголемиот број книги веќе им се продадени од залихата.
Од семафорите кај силбо ќе идеш не на улицата каде што е Силбо, туку на таа позади неа каде што се Кам, рамстор, преплет. Ќе свртиш десно на трета улица и одма тука е книжарата. Не е комплицирано, ќе прашаш некој таму сигурно знаат да ти кажат.
Значи саемот од утре пред салата Б.Трајковски, така ли? Да потврдам за локација бидејќи прочитав некаде дека ќе биде на разл локации...
Во зградата десно од ЈБТ кога си свртена со лице према школото. Нема да го утнеш излогот, ама дали ќе работат овие денови додека трае саемот, не знам. Прашај си.
Ќе работат, баш прашував пред некој ден во книжарницата. Саемските попусти им важат во книжарницата, на сајтот и таму на штандот кај Борис.
Какво е вашето искуство со онлајн нарачки од Сакам книги, за колку време стигаат? Првпат сакам да нарачам сега, а прочитав дека освен мејл за реализирана нарачка се добивало и мејл пред таа да се испорача, точно ли е ова?