Има на Антолог. Саемски попуст 50-100 денари. Може ја премногу очекувам, ама за настан што е еднаш годишно, толку мал попуст е смешен шо знам
И саемот не е тоа шо беше… Години наназад многу повеќе понуди, промоции и попуст имаше. Сега ради-реда како да го организираат, колку да се рече дека има саем на книга.
Големо разочарување... Ќе почекам 11 Октомври, па тогаш сигурно ќе има поголем попуст. Сега се научија само попусти за се' нешто даваат, а за саемот едвај скапани 30-50 денари (во Антолог ова, во Сакам книги ајде има неколку 100 денари намалени). Голем срам е ова, а не се 5 пари книгите, скапи се.
Може сум грешка ама, матица мислам објавија уште на 1ви кај нив на веб страната, треба да кликнеш кај што пишува книги на попуст. Мислам дека тој е истиот попуст што ќе биде и за време на саем.
Матица последниве неколку години не учествува на големиот саем како некогаш. Имаат некои симболични попусти и толку, ништо посебно. Во текот на речиси целата година имаат интересни акции, кога и да отворам имаат 50% попуст за 10 купени книги или нешто така. Ама ништо не ми звучи примамливо, порано имаа далеку подобри книги. Сега нешто удрија на селф-хелп и они, само тоа промовираат.
Со исклучок на моменталниот попуст што не е баш попуст, Матица ме немаат разочарано во последните 2 години. Ретко која издавачка куќа нуди такви промоции и попусти. За книгите во последно се се подобри и подобри, откако почнаа да враќаат во тираж стари изданија што неможеа да се најдат подолго време.
Да, препечатувањето и мене ме изненади позитивно, се надевам ќе пуштат уште книги од постарите, навистина беа добри тие. А не памтам некогаш да сум купила книга откај нив по полна цена, скоро секогаш имаат попусти па саемот и не им менува многу. Јас годинава не знам дали ќе одам на саем, некако не ми се пика по гужви. Немам ни нешто посебно за купување, ништо не ми фаќа око. Ги разлистав каталозите и на тоа ќе остане, ќе причекам до black Friday.