Муза ќе имаат добри попусти. Од тоа што видов сите книги ќе им бидат 200-250 ден. Е сега мал избор па имаат.
Секогаш кога е саемот или ако влезам во книжарница одам со мисла само оваа книга да ја купам и си одам и секогаш завршувам со две кеси полни книги. Тоа е.
Па има солидни попусти, само што порачав од Сакам книги и Книга мк. Ќе порачам и од Топер. Супер што и онлајн важи саемов, инаку ништо. xD
Има надеж за влез на невакцинираните? <- се смеам пошо имам видено слики и видеа од луѓе на саем се шетаат без маски, не знам како јас со маска (на отворено) ќе им наштетам само пошо немам вакцина.
Нешто по фб ми излезе за саем дека ќе се одржува во салата Борис Трајковски ама не видов датуми. Има некој информација?
Саем на книга од 3 до 9 мај во Арена „Борис Трајковски“ Од 3 до 9 мај во Арена „Борис Трајковски“ ќе се одржи 34. издание на Саемот на книга, во редовниот, пролетен термин на одржување. Настанот е под покровителство на Министерството за култура кое традиционално ја поддржува културната манифестација. Организаторите соопштија дека сите значајни издавачки куќи најавиле дека ќе се претстават со нивните најнови наслови, односно изданија за 2022 година, средби со автори, но и голем дел на промоции и попусти за време на саемските денови. Истовремено, учество најавиле и издавачки куќи од регионот. Покрај враќањето на Саемот на книга во редовниот термин на одржување, организаторите велат дека се очекува да се вратат и групните посети за учениците и училиштата. Има некој каталог излезено, ви фати нешто око, нешто што чекате да излезе?