Карти се купуваат на билетарата пред влезот во салата Борис Трајковски, каде се одржува саемот. Ја има Антолог.
Слабо. Единствено Матица ама таа не е на саем има свој. Ова другово фејк,ист цени вртат,се налутив и не купувам.
Ние утре ќе одиме, јас една книга за мене ќе купам, 50 ден е поевтина, ќерка ми партал ќе направи пак со книги, маж ми пак кога ќе го видат ќе собере гратиси, стандард како секоја година.
A он па не сака да оди оти му е незгодно и оти со сите муабет по малце треба да прави и само се губиме
Да се извлечам од цицалчево и ќе одам, не дека не можам online да ги порачам ама сакам да одам, да се изгубам во тој мирис на хартија Во план сум да земам две книги од Крис Картер, и од трилерите што ги немам а се на 50% во Сакам книги. За ќерка ќе ја земам Книга на знаења со Биби и Боби, а ќе видам дали ќе можам да ја најдам онаа како беше Како да воспитате среќно момче или девојче на попуст. Во план ми е да потрошам макс. 2000, ќе видам на лице место како ќе е Непланиран трошок во буџетот
Срце јуначко сепак не издржа,купив 3 преку Bookland. Хартиена палата Собарката Приказна за новото презиме
Се мислев годинава да не одам дека слабо стојам со пари ама гледам дека многу книги купиле луѓето, да не останам покуса сега и јас сакам. Има големи попусти?
Јас за 11 книги нешто повеќе од 2000 денари потрошив. Па како ти се чини тоа, многу, малку или таман? Ок попусти има, некаде повеќе, некаде помалку, сепак, вреди да се искористи.
Па убо си искористила, јас од сакам книги одбрав 5 за 1500 со книга гратис, испаѓа 6. Ама пак тоа е дупло помалку за исти пари. Штета шо не можам да одам, друго е таму, друго онлајн.
Вчера бев. Нема некој попуст посебно. Може зависи од жанрот ама белетристика нема нешто многу. Бегемот има фин попуст, другово слабо. Сакам книги како и секогаш скапи, со минимален попуст. Книгохоличари имаа онака ок цени, но не купив ради лошите преводи. Топер слабо, Антолог, Култура слабо. Не знам, може ја сум исцрпена со пари во последно време па ми се чинеше така. Едит. Матица не учествува на саем, имаат онлајн
Посетен саемот и искористен попустот. Книгохоличари супер цени. Е сега што по грешка сум купила дупла книга што ја имав веќе е друга работа . Иначе да нема збунка првите пет се за малата, нејќе македонски книги, на англиски да биле
Не ми беше во план да одам на Саем зашто секогаш трошам пари на нешто кое ниту ми било во план, ниту пак реално ми се допаднало туку ете, ме понела трошачката треска и сум купила импулсивно. Ама ете, бев викендов чисто колку да не ми е криво. Си купив само две од Кундера и толку. Mислев дека „Другата Болејн девојка“ од Филипа Грегори ќе излезе да можам да си ја купам сега, ама Матица изгледа ја одложиле за понатака. Често имаат попусти тие, па веројатно ќе ја фатам на некој попуст каков-таков.
Мислам дека Матица го имаат продолжено саемскиот попуст и оваа недела. Јас годинава ништо не купив, имам некоја читачка криза што никако не поминува, а еден куп непрочитани книги.
Не ми се одеше на саемот од причина што не сакам да сум во гужви со куп народ без маски, онлајн не ми се нарачуваше затоа што сакам да ми се внесат поените на клуб картичката, така што ќе одам деновиве директно во книжарницата, попустот се уште трае, имам цееел список на трилери што ги сакам