Со здравје да си ги читаш. Ептен си искористила вистина. Ако не ти е проблем во порака пиши ми шо зеде, баш ме интересира шо се можев да земам за истите пари.
Секоја година се помал попуст имаат на саемот. Три едвај попуст од 100 денари ќе дадат на книгите, Сакам Книги се бетер. Горивото до Скопје не ми се исплаќа.
Јас неделата бев, ја купив Се помалку човек како што планирав и уште 2 други што ми фатија око. 1080ден 3 книги.. Нешо попустов невидлив ама ајде. Иначе да не застанеш Антолог.. може само мене ми е така, но продавачите се пре нападни и една книга да фатам, одма почнува да ми раскажува за што е. Не ми спојлнувај, не те прашав за помош. У 5 минути, 8 книги се обиде да ми продаде... Ама па на другите се океј, не замараат, те оставаат да си разгледаш без притисок, милина.
И јас застанав кај Антолог, ама тоа не го доживеав како тебе Се што кажаа си го пишуваше на задната страница, не кажуваат спојлери Плус се гледа дека се трудат да ти продадат нешто, а не како кај другите еве ти ако сакаш зимај ако не не, ме мрзи да ти продавам
Објавил и на неговата фб страница. https://web.facebook.com/chriscarterbooksofficial/ Во Мк и Грција. Како ги одбрал, алал да му е. Не сум читала ништо негово, може ќе пробам со некоја.
Многу се израдував кога прочитав и дефинитивно ќе одам само за да го видам. @RainBow јас се опседнав со цел серијал од негови книги, предобар е доколку сакаш крими и верувај, побрутални начини на убиства немаш читано
Цел серијал со детектив Роберт Хантер. 1. Убиецот со распетието; 2. Џелатот; 3. Демнач; 4. Скулптор; 5. Еден на еден; 6. Зло. До 4та сум јас ама за помалку од месец ги прочитав првите три дела и искрено, сега правам мала пауза, премногу некако ми дојде. Ако почнете да ги читате, ќе сфатите и зошто
Сакам Книги Супер е Крис Картер и супер што им текнало да донесат лик како него. Само две книги му прочитав од цел серијал, па ете мала мотивација да се прочита уште нешто до саем.
Се израдував што ќе доаѓа Крис Картер, се надевам ќе имам шанса да си помуабетам со него, сите негови книги ми се читани. Нема секој желудник за неговото пишување, ама стилот му е добар, бар мене ми се допаѓа. Има интересни пресврти, па сакам да го потпрашам нешто Ирса не успеав да ја запознаам иако бев на Букстар, чекав ред за потпишување книга, ама толку бавно одеше редот, си заминав порано дека со дете бев. Ама Крис не го пропуштам.
И јас не успеав да стигнам за Ирса, криво ми е ептен. Една моја другарка беше ептен импресионирана од неа, баш си истерале муабет. И истото си го кажав, овој пат за Крис Картер морам да стигнам па што сака нека е.