Дали ќе учествуваат Академска книга на саемот? Обично 20% има попуст ама оваа година за 8 март немаа.
Ептен голем попуст. Имајќи предвид дека книгите им се изгор скапи, особено стручна литература со застарени едиции, со попустов би ја платил реалната цена.
Што е со ценава на книгите? Ќе стане луксуз, книга да си купиш. Џабе саем, на книгите дали 50 денари попуст имаат. Ќе одам само заради Картер, и новите две од него да ги земам.
Баш така. Прошлиот саем едвај најдов неколку книги со пристапни цени,особено од Литература.мк се многу скапи. Од таму оддамна не сум купувла книги. Претераа ептен
Некој не зеза со саемскиве попусти? Книги од 500 денари намалани на 430. Ајде бе. И што се случува со сакам книги? Имаа 50% попуст на различни книги секој викенд сега нема со месеци.
Катастрофа. На претходни саеми истите книги по 50-60% попуст, сега по 30-40. Сите ги разгледав и од сегде по 1 да купам треба 150 евра најмалку да одвојам само за книги. Секој саем сè повисоки цени, а истите книги. На новиве 10 до 15%
Ова на крај ќе испадне дека на сајтови ко Bookland ќе има далеку подобри попусти. Mислам дека на нивните изданија ќе има 40% попуст, останатите издавачи варираат. Лани книгите на Кундера беа доста поевтини таму него ли во Литература, јас дознав откако си ги купив од Литература за поскапо. Ги разгледав каталозите и без коментар сум. Би се прошетала до саем само за да земам потпис од Картер, ако воопшто стигнам на ред.
На фб ги објавуваат со линкови. Мене лајкнати ми се повеќето од издавачиве па деновиве гледам почнаа да ми излегуваат каталозите на feed. Видов каталог од Сакам книги, Антолог, Топер, а Bookland.mk имаа објавено флаерче некое само.
Табернакул имаа добри книги, штета што веќе не постои.... ама сигурно има некаде некаква залиха што останале изданија.