Бегемот https://www.begemot.mk/wp-content/uploads/2023/05/Katalog-2023.pdf Антолог https://issuu.com/antolog/docs/_._2...BQZUP3zFtqz6fE-UdmiUXSOQdJ38x5HtM-Tl5OZ7scPTM Арс Ламина http://arslamina.com/Каталог_Арс_Ли...P8Nms0wXx4CKP-U9X96UiPfNLOqioHhswef3OKrhhGhyc Сакам Книги https://drive.google.com/file/d/1k1...jN5NP0UyAXk9IYlMDbOOn8pfadWU4unHwQ3pJMXqCkSlo Полица (без пресметан саесмки попуст) https://issuu.com/polica.knizarnica...58DAJ-d_kWlgrVQpVUzdlyPccjIEzVfh_MgBMCrWkJk10 Артконект https://artconnect.mk/wp-content/uploads/2021/05/Артконект-саемски-ценовник-2023.pdf Матица и Букленд на нивните веб страници, а Магор пиши им на фб, ќе ти го пратат.
Здраво, дали некој можеби знае дали bookland имаат некаква картичка со која во нивната книжара, би се собирале поени или попусти?
Да, имаат. Картичка можеш да земеш ако купиш најмалку една книга, дали од нивната веб страна или од нивната книжарница, и имаш скалест попуст, од (мислам) 5% кога ќе ја добиеш картичката и можеш да стигнеш до 20%. Истиот се пресметува врз база на збирната потрошувачка (пр. кога ќе потрошиш вкупно 3.000 ден ќе имаш 10%). Попустот на картичката не важи за тековниот попуст (како дополнителен попуст), туку само за редовните цени на книгите.
Веднаш откако ќе влезеш десно на вториот штанд имаш на српски,и кога ќе свртиш лево ќе поодиш малку и има книги за православна црква,Библијата и сл.
А една работа, јас колку што видов, тие имаат книги и се обидуваат да продадат, јас не гледам ништо лошо во тоа. Нивните книги и не се толку познати како да речеме на Сакам книги и ако не се толку нудени, нормално и нема и да бидат толку продавани. Застануваш, ти нудат препораки, ако не сакаш слободно кажи ќе си разгледам сама и готово. Боље некој да ми предложи нешто добро, отколку да седат пасивни и ако сакаш купи, ако сакаш немој. Барем според мене...
Да ама не сака секој на тој начин. Ок е да прашаат дали сакате препорака. Јас еве на пример не сакам да ми нудат, сакам сама да видам што ќе земам, па таквото однесување ме одбива. Не сме сите исти и не може кон сите ист пристап.
Секако во ред е да си продадат, меѓутоа премногу се нападни и наметливи, буквално не можеш воздух да земеш. Не знам, ете јас ги доживувам така. А што се однесува до изданијата мене лично повеќе ми се допаѓаат на Антолог отколку на Сакам книги, тоа си е различен вкус и преференца.
Па со вакво однесување како да очекуваат дека ќе продадат нешто. Саемот на книгата беше одличен годнава,со одлични попусти и се.Чудно ми беше во Литература да има добри попусти,за разлика што цените таму се превисоки. Приметив дека во еден или два штанда имаа одделено дел за книги од 100 и 200 ден.Тука мислев дека ги ставиле тие книгите што се помалку продавани и немаат интересна содржина.Сепак,земав неколку книги и кога почнав да ги читам првите страници ми го задржаа вниманието.
Па јас за објаснување не сум најточна ама мислам до Антолог дека беа, некако на ќош, од лева страна од влез
Беа на саемот, баш кон средината на салата, меѓу Антолог и Академска Книга. Бар така мислам дека беше распоредот, дефинитивно беа тие. Јас бев денес на саемот, си поразговарав со Крис Картер (среќа што денес беше настанот), значи човекот е цар. Секоја чест што одвои време за секого посебно да потпраша, да поразговара и да се слика, сѐ на сѐ, одлично беше и брзо одеше. Си добив и посвета од Игор Станојоски, ја чекав неговата нова книга, а го запознав и сограѓанинот, Јордан Коцевски. Немам ништо читано од последниов, ама дека го фалат, купив книги и да видиме дали ќе ме изненади позитивно како што читам во рецензиите. Не добив впечаток за тимот на Антолог дека се нападни, дури ко незаинтересирани ми делуваа. Инаку ме разочараа со последната купена книга од кај нив (пред два месеци), преводот беше ужасен, а обично им се добри. Ама брзањето изгледа си го прави своето, се надевам дека ќе си ја увидат грешката. Сѐ на сѐ, мене ми беше ок саемот, секако не очекував којзнае што. Немаше нешто голем избор на нови книги, истото се врти последниве години. Малку беше загушливо и многу натрупано, ама генерално ок.