Крис Картер е душа човек. За секој одвои време, си направи со сите муабет и со сите се сликаше. Вредеше што чекав 2 саати. Се надевам дека му имаме оставено убав впечаток. Читав дека има повеќе посетеност саемот од лани. Да донесуваат познати автори цело време, поголема ќе е посетеноста.
И јас го имам истиот впечаток, натрупано и загушливо, дури ми се слоши колку немаше воздух. Дали дека уште ми е непребол стариот саем во неколку хали не знам. Една тура книги си купив, Муза имаат убава понуда 5 за 890, од кај нив веќе нема што немам. Или или исто посетени, едвај ја чекав новата од Господинов, Антолог ги оставам за втора тура, морам пак да одам со ќерка ми. Дали некој ги има купено книгите на Меша Селимовиќ од Антолог? Сакам да ги комплетирам, но не знам дали преводот е ок.
Колку што чув, многу минимална била вентилацијата и кога се собира гужва, не се диши нормално Јас ги читав, преводот и лектурата се солидни, воглавно на класиците секогаш е океј, на други книги знаат да потфрлат
На самиот сајт оди во одделот „Книги на акција“ и кликни на сортирај по цена. Ќе се исфилтрираат автоматски. Мислам дека за Блек Фрајдеј ќе имаат поголеми попусти, бар лани беше така колку што се сеќавам.
Не разлистав да видам што е намалено и колку, ама по тоа како било низ годините, поголеми попусти би требало да имаат на блек фрајдеј. Лани имаа фина понуда тогаш.
Дечки, има онлајн саем на книги на читам.мк, многу наслови по намалени цени. Може да ги најдете на Фејсбук и да порачате во приватна порака.
Објавен е датумот за саем на книга 2024. Под слоганот „Приказна се чита“ годинешното издание на Саемот на книга ќе се одржи од 18 до 24 април во Арената Борис Трајковски во Скопје.
Сакам Книги ќе ја донесат Алиса Фини во Скопје. Колку лани што се израдував за Крис Картер, толку годинава ми е мех...дали дека имам прочитано само една нејзина книга "Понекогаш лажам", и цело време се мачев со приказната за да сфатам кој лаже, кој не, не уживав во книгата, па други книги од неа не сум прочитала, иако ми се симнати во киндлот. На саемот ќе одам, ама не верувам дека би одела на потпишувањево. Можеби некој македонски автор ако има.
Јас си направив список на книги кои сакам да ги купам. Не се нови изданија па очекувам посоодветен попуст да имаат, не само 10-20%. Повеќето се од ТРИ, две од Бата прес и една од Полица. Ќе поминам и кај Сакам Книги и Матица ако нешто ми фати од нив око.
Моментално има на ТРИ и на Сакам Книги. Сакам Книги ми се океј со попустиве, имаат постари изданија на 199ден, исто имаат некои на 50% попуст. Кај понови изданија попустите им се движат 10-30%. Е Три ќе ги исхејтам, книги од 500 на 399 денари намалени. Само 20% и тоа на постари изданија, значи книги од полани. Да е вчера промовирана книга која им е тазе преведена, разбирам да е е само 100 денари намалена, ама тиражи од 2021 и 2022 останати непродадени неколку саеми веќе поминале, па стајте ги бе на пола цена. Од други издавачи се уште не видов каталози.
Се согласувам, каков е тој саемски попуст од 100 денари или 10%, едвај 20% на стари изданија?! Испаѓа како саемов да се организира ради реда, за “дружење”…
Исто приметив (за ТРИ), плус во делот книги на акција 3 за 500 - стално едни исти книги кружат. Постари изданија чии залихи веројатно им се пред исцрпување... И Антолог годинава убедливо најскапи, баш негативно се изненадив.