И цената на картите е поскапена годинава, и лани мислам беше тука некаде ама сепак. Сакаат да привлечат читатели ама со кои цени не знам. Затоа последните 2-3 години не се радувам на саемот, порано можеше да се начекаат добри книги по пристапни цени а сега за 2 книги 1.000 ден. не стигнуваат. Златен киндл + пиратерија!
Јас годинава, најверојатно само од Академска Книга ќе земам нешто, шо не успеав да го земам лани. Со овие “саемски” цени, дефинитивно нема простор за спонтано купување.
Дали ви е чуден слоганот на овогодинешниот саем "Приказна се чита" ? Мене некако ми се чини како да е чудно фразирано, како да треба - "Се чита приказна" или "Приказната се чита".
@Leanne тоа е зашто упорно ги отфрлаат наставките, имаше дискусија за "модернизирањето" без наставки во групата Пуздер. Не конкретно за саемот, ама е баш добар пример како не треба. Сешто се одобрува и ова е резултатот.
Немаат ништо објавено. Ни Арс ламина, ни Артконект, ништо. Не знам зошто вака чекаат да почне саемот па да стават некој каталог, ако и воопшто објават нешто до утре.
Влезнициве 100 денари, кој ми е крив што немам одено на саем од времето кога беа 30 денари. Тие што ќе одите денес споделете впечатоци.
Саемот е отворен до среда, 24.04.2024 г. (вклучувајќи ја и средата), со тоа што ќе почнува во 10 а ќе завршува во 20:00 часот. Единствено во среда ќе затворат порано, во 18:00. Општо земано, новите наслови се скапи дури и со попуст. Но, има фини книгички по солидни цени, не е важно што не се нови наслови зашто, нели, не е толку битно дали насловот е нов, туку дали книгата вреди. Така што, не размислувајте многу... За глупости фрламе пари, можеме да си дозволиме и посета на саем, чисто за промена, ако не за друго. Магичен е светот на книгите.
Морам да кажам браво за Сакам Книги. Толку се трудат да направат нешто, да донесат интересни автори. Од Алис Фини ми се чини две имам прочитано, едната океј, другата така, типични трилерчиња, ама сепак, успех е да се доведе таков автор во Мк. Можам да кажам дека дефинитивно ја размрдаа читателската сцена. Ми се допаѓа и Сѐ започнува со книга, тоа што алудира на Колин Хувер и на успехот кој го постигнаа со неа. Нека продолжат така, што поголема конкуренција толку повеќе ангажираност од издавачките куќи.
Не сум многу воодушевен од изборот и попустите на Академски книга. Горе-долу многу слично на лани, па искрено се разочарав. Стандардно, класиците најевтини, но иако дел од тоа шо го барав е издадено одамна и спаѓа во категоријата “релативни/понови” класици, е со цена од 700-900 денари. Фактички, речиси се останато е на -20%. Едит: Воедно имам и примедба шо нема од кого да побараш помош за пронаоѓање на книга, барем да носеа некакви амблеми вработените на АК кои се движат помеѓу полиците.
Јас купив 10 книги, таман за до крај на година да има што да читам. Многу гужва имаше денес. Дали знае некој зошто Матица немаат штанд на саемов? Знам дека во моментов имаат попусти во книжарите, ама штанд во Борис не видов. Одамна не сум била на саем, порано се сеќавам дека учествуваа ако не се лажам.
Uzas, treba da napravat denovi za deca i denovi za luge. Denes wm deca em mali se slikaa pustea. Opst haos bese. Saem ko saem istoto i online ke si go kupis.. za 100 ka ne vredi
Има убава атмосфера на саемот на книги, го видов тоа од сликите од петокот и вчера, денес и самата отидов. Фала Богу што имаме и вакви настани, колку толку да не' оттргнат од рутинското секојдневие. Се подновив со неколку книги, очекував повисоки цени според жалбите што ги читав тука, но не, имаше сосема пристапни цени. Книгите не се скапи, стандардот ни е низок, тоа е проблемот. Цената на влезницата е сосема во ред, дел секако оди за Детско село. На саемот обично купувам книги од наши автори, поретко купувам преводи, најчесто од автори од неанглиско говорно подрачје. И мене ми се допаѓа тоа што Сакам Книги се доста активни во тоа да носат странски автори, ете и Антолог се труди да донесе по некој познат писател, со тоа што тие организираат и доста дебати. Нека биде тоа поттик и за останатите издавачки куќи да се вклучат со вакви настани, но верувам дека финансискиот момент тука игра голема улога. Како и да е, дај Боже да има повеќе вакви настани.
Мене не ми беше во ред цената и дури вчера дознав дека дел одат за „Детско село“. Одвај најдов информација колку е влезница, а ова сосем случајно го дознав. Ако не се транспарентни и немаат соодветен маркетинг, не е до луѓето. Сега откако дознав, мило ми е што дел оди во добротворни цели и некако поинаку се чувствувам кога треба да купам влезници.