Попустиве на Матица, машала, книги за ич пари. Пикирав неколку, но не знам како се со преводите во последно време. Вие што ги читате поредовно - подобрени им се преводот и лектурата?
Годинава, поради неприсуство во државава за прв пат ќе го бојк... овај де пропуштам саемот. Во последниве години у глобала идам само ради реда и пристапноста на (скоро) сите издавачки куќи на истиот, наместо да идам од книжара во книжара.
https://sakamknigi.mk/wp-content/up...0YH1cry530_pN3xLC3_aem_lyH1c3tVwJdZYt0h9Xof9g Еве и од сакам книги.
Повелете од Антолог: https://issuu.com/antolog/docs/najd...l2oiHDz7NlormODyNw_aem_Eg4NWxHFHDmzMBXmoRuP0A Имаат попуст на комплети (4 книги на Долорес Редондо 1.200 денари, 3 книги на Иво Андриќ 1.000 денари) како и дополнителен саемски попуст: купи 7, плати 6 (односно, седмата книга е гратис)
Доста неспремно изгледа настапот на нашите издавачки куќи на престојниот Саем. Најголемиот дел од нив, речиси 24 часа пред почетокот на Саемот, сеуште немаат објавено каталози. Бегемот, и оваа година, имаат одлични попусти. Огромна штета што немаат своја книжарница која би им помогнала повеќе квалитетни наслови, со пристапни цени, да пласираат на нашиот пазар. Од она што ми преостана во библиотеката, Булгаков и Борхес, по 200 ден, е нешто што мора да се земе. Од Сакам Книги би сакал да ги земам новите трилери кои им се по ~350 ден. Другото го имам, а преостанатите нови, кои се по саемски цени, ќе почекам поидеален период во кој цената ќе падне. Би зел и некој класик од Магор. Секоја година настапуваат со истата лепеза книги со горе-доле истите цени. Од Ламина би ја зел "Ноќи на чума" ако е околу 500 ден. Од Три, Мураками, ако имаат нешто поголем попуст од стандардниот 20%. Дел од издавачките куќи, како Антолог, во други периоди во годината, како например нивниот роденден каде имаат 50% да дел или на сите книги, или понуда од 10 книги за 600 ден, имаат подобри попусти/пониди од Саемските. Знам, тука мораат да платат и штанд и можеби привремен работник, ама попустот им се пресликува од оној во беше во Веро/Џамбо, Рамстор или Ист Гејт, на сезонските базари. Влезницата, ако е 100 ден, навистина е доста скапа. Истата е еквивалент на една книга, да речеме, од Бегемот.
Повелете и каталог од издавачка куќа ТРИ: https://admin.kniga.mk/uploads/redactor_uploads/681c66f8b4be1-Saem na knigata 2025_FINAL.pdf
Матица стално ги има истиве попусти, преку целата година. Барем сега не гледам нешто различно да нудат, тие истите се. Голем дел од српските што ги продаваат се наоѓаат и во пдф верзија, низ групи.
Саемот посетен, немав многу време за разгледување, можеби повторно ќе одам вторник-среда. Земав дел од она што планирав да земам. 1. Соба со поглед- Едвард Морган Форстер (Арс Ламина) 2. Бегај- Харлан Кобен (Арс Ламина) 3. Моите изуми- Никола Тесла (Арс Ламина) 4. Како ја загубив невиноста- Ричард Бренсон (Арс Ламина) 5. Туѓинецот на свадбата- А. Е. Гонтлет (Сакам Книги) 6. Професорот- Фрида Мекфаден (Сакам Книги) 7. Кога светлината згаснува- Ојген Руге (Или-Или) 8. Малечка- Сара Жислер (Или-Или) 9. Белата гарда- Михаил Булгаков (Бегемот) 10. Ненаситност 1- Станислав Игнаци Виткевич (Бегемот) 11. Ненаситност 2- Станислав Игнаци Виткевич (Бегемот) 12. Белешки на еден стар гад- Чарлс Буковски (Бегемот) 13. Продавниците со боја на цимет и Санаториум во знакот на Клепсидрата- Бруно Шулц (Бегемот) Криво ми е што немав време да ги разгледам кутиите на штандот на Бегемот каде што имаше книги за 50 и 100 ден. Башка, немав време ни да го барам штандот на Магор. Вообичаено е надвор од салата односно одма на самиот влез, сега тука беа (мислам) Читај книга. „Ноќи на чума“ беше 650, што не ми прави некоја голема разлика дали ќе ја земам по оваа цена или со картичка од 10% од некоја книжарница во текот на годината. Во Ламина ја барав и „Кој владее со светот?“ од Чомски, ама ни оваа година не можев да ја најдам.
Бев денес, разочарана сум од организацијата. Не ми паднаа тешко ни цени, ни чекање, ми падна тешко што не можев убаво да разгледам на штандовите, пред се поради толпите кои чекаа за потпис и слика со Фицек. Требаше подобро да го организираат редот за чекање, заради нас останатите кои сакаме на раат да ги разгледаме штандовите. А нема друг ден кога би можела да одам на саемот, и денес не беше планот да одам, ама ми се укажа прилика и отидов, затоа што сакав да купам книги од македонски автори по саемски цени. Реално, само за тоа отидов, да ги испочитувам нашите автори, оти реално, си имаме одлични писатели. Е сега, не купив се' што планирав, оти ко што реков, не успеав на раат да разгледам, а до некои штандови не можев ни да припарам. Како и да е, мило ми е што има ваков настан, и не, влезницата не е прескапа, ниту книгите. Нашиот стандард што е низок е проблемот. Книгите се добри за менталното здравје, а за здравје, нели, пари не се штедат
Луѓе 5 ипол часа чекав за да дојдам до Фицек.И ќе се согласам со @Annath организацијата и поставеноста на штандовите беше ужас.Значи кога веќе знаевте за Фицек,Мајиќ и не знам кои други странски автори биле тука..требало да ги поставите подобро а да не сметаат на другите.Толку беше топло и загушливо што ќе паднев на неколку пати.Па на крај си седнав на едно столче и гледав да си го задржам местото во таа гужва.Ама беше како беше машки издржав.Иако едно време бев готова да си одам.И ништо не купив.Немав никаква прегледност на книгите.И ќе се вратам утре.Да купам се што сакам.
@Annath исто.Башка што патував цел час до Скопје .Секоја година одам заради сакам книги, со години купувам само од нив.Не дека онлајн не можам, ама мерак ми беше нели сега и од саем.Имаше што да видам…120 души во редица.За жал ни купив од нив ни успеав да видам што имаат изложено.
Не сум во можност да присуствувам на саемот ради неприсуство во самата држава, но сосема го разбирам муабетот за неорганизацијата. Среќен сум што доживуваме boom на македонски писатели (иако и за ова има посебна дискусија што и како), но ме иритира што не можеме да се сконцентрираме еден ваков настан да изгледа ако не светски, барем малку повеќе на ниво. Убаво би било да има посебен дел за гости-писатели и соодветен распоред на издавачки куќи кои би го користеле тој простор, а не директно на штандот да се мешаат и тие што сакаат непречено да си купат книга, и другите што чекаат потписи/слики со омилениот автор. Ова зборам за големите гости кои би дошле на саемот. Старото сајмиште беше створено за вакви приредби. Спортскава сала откога е направена саем е тотална утка. 100 денари се ништо за една влезница - едно еспресо во центарот на градот веќе ја надминува оваа цена - така да оноа кенкање дека влезниците биле скапи по мене е чисто млатење празна слама. Ако е толкав проблемот, се иде плански, купува плански и се заштедува некој денар. Кога сме кај цените на книгите, споредбено со странциве, нашиве се гола вода - ако се земе за одлично преведена литература што во последно време гледам одредени издавачки куќи навистина пазат. Умре времето кога книга од познат писател (исклучиво класик) има цена од 100-200 денари. Стандардот нѝ е во незавидна состојба - тоа е фактот. Со реална плата од 30 000 денари, не може којзнае колку да се ужива во пишаниот збор. Но истотака гледам колку библиотеките ни се посетени. Купувањето книга кај нас повеќе станува како инстаграм атракција него ли навистина некакво продуховување. Мислам - ок е, читам некоја книга која навистина ме има погодено во сржта но не мора сеа да правам целосен итинерер од секоја купена книга која можеби ете - нема да ми легне во моментот, само за да соберам купче лајкови. Во глобала тоа сакав да кажам апропо саемот општо - се расплинав малку и надвор од темата.
Мислите дека луѓето одат на Саем на книга не дека сакаат книги, туку за да бидат видени и да глумат нешто дека се во тек? Има такви?
Ако добро ме држи меморијата, Матица учествуваше на првиот Саем во Борис Трајковски. На истиот Саем, исто ако не се лажам, беа и Табернакул. Покрај овие, од попознатите извадачки куќи, оваа година, не учествуваа ни Книгохоличари, а не се сеќавам ни дека ги забележав ни Феникс. Саемот е добра шанса, пред се, за издавачките куќи кои немаат свои книжарници. Но од друга страна ја немаат куповната моќ како оние кои имаат свои книжарници. Така можат да најмат поголем простор, а притоа се и во пол позиција за преговарање на местоположбата на нивниот штанд на тој мал и ограничен простор. Соломонското решение е министерството за култура, кое е и покровител на Саемот, да финансира до одредена квадратура на секоја издавачка куќа, а останатиот простор да си го платат самите. Така и самата цена на книги ќе опадне, со што и помалите издавачки куќи ќе имаат мотив повторно да бидат дел од оваа манифестација. Денес зборував со еден од продавачите на една наша помала издавачка куќа, каде ми воочи дека немаат голем финансиски простор да ја организираат работата, од носење на книгите од маганицот до саемот, да го платат саемскиот простор, да најдат привремени работници (ова не може да се однесува за издавачите кои имаат свои книжарници затоа што имаат и свои вработени, иако и нив, де факто ги плаќаат), и на крај да платат служба која ќе им ги врати непродадените книги до нивниот магацин. Буквално се човек-бенд. 400-500 евра, за штанд од неколку квадрати е навистина премногу. Денес имав нешто повеќе време да разгледам, посебно на штандот на Ламина. Немаше многу луѓе што придонесе за поголема прегледност на штандовите. Генерално, го земав сето што што планирав да го земам: 1. Бајки- Ханс Кристијан Андерсен (Магор) (за подарок) 2. Алексис Зорба- Никол Казанѕакин (Магор) 3. Англиска музика- Питер Акројд (Магор) 4. Историја- Елза Моранте (Магор) 5. Црвениот Ханрахан и други приказни- Вилијам Б. Јејтс (Бегемот) 6.Пештера и други раскази- Евгениј Замјатин (Бегемот) 7. Оскар и Лусинда- Питер Кери (Арс Ламина) 8. За управувањето со царството- Константин Порфирогенет (Арс Ламина) 9. Сатирикон- Петрониј Арбитер (Арс Ламина) 10. Планината Сент-Виктоар- Петер Хандке (Арс Ламина) 11. Од длабочините на заборавот (Арс Ламина) 12. Пасквелија и нова Пасквелија- Живко Чинго (Арс Ламина) 13. Вампирџија- Владимир Плавевски (Арс Ламина) 14. Вечна куќа- Петре М. Андреевски (Арс Ламина) 15. И на небо и на земја - Петре М. Андреевски (Арс Ламина) 16. Дални наковални- Петре М. Андреевски (Арс Ламина) 17. Лакримариј- Петре М. Андреевски (Арс Ламина) Недостатокот е во тоа што беше последен ден, дел од издавачите беа спакувани, а и дел од самите изданија беа продадени. Ламина, пример, имале и саемска промоција ако купиш најмалку10 книги да добиеш дополнителен 10% попуст на крајната цена. Тоа не го знаев, ама имав одлична шанса да ги промешам картите и со некои наши автори, како Петре чии книги беа по 100че (притоа ги немав во оваа едиција, сега ми е комплетирана), по некој класик, кои беа по 50-60 ден, како и наградуваните (Пулицер/Букер) кои беа на 50% попуст.