1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Саем на книга (18.04.24 - 24.04.24)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 15 април 2010.

  1. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    ^Попустот важи само во Матица.
    И ако решите да си купите некоја книга, со пополнување на овој флаер на попустот имате уште 5% попуст.
    http://www.matica.com.mk/PDF/dopolnitelen%20popust.pdf
     
  2. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    ^ Ако си веќе член, би требало да важи и попустот од 10% (така беше лани) ;)
     
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Колку што се сеќавам лани во Матица Папата Јована и Ракописот Q беа по 190 денари, сега машала 290 :)

    Мислиш дека на редовниот попуст + попустот со картичка, ќе има и +5% со пополнет флаер?

    едит- најверојатно не, бидејќи на флаерот пишува БИДИ ЧЛЕН, така да тоа би било некоја картичка со 5% попуст за новите членови.

    Разгледувајќи ги понудениве книги, сваќам дека нема потреба да одам :( Ме разочараа. Две години наназад во Матица си купував и по 20-тина книги, сега неможам ни да одберам нешто, за цените да не правиме муабет.

    ...ајде да речам можеби Рингишпил, сакав како поклон да ја купам, ама штом немаат пишано цена сигурно е над 350 денари.
     
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    56.711
    Пол:
    Женски
    Попустот не важи само во Матица. Има во другите градови книжарници кои соработуваат со нив, и набавуваат книги во периодот на попустот по истите саемски цени. На пример во Охрид може да се најдат во книжарницата Просвета (истите цени од каталогот), за во другите градови распрашајте се, би требало да има.
     
    На Mayyya и WhiteAngel им се допаѓа ова.
  5. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    ^ Е тоа прашував Ливинг. Зашто знам дека во Просвета ги има, ама не знам дали важи попустот.
    Фала. :)
     
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Беа убави времињата кога од саем се враќавме со кеси полни книги, лектири, енциклопедии, а без празен џеб!
    Ми текнува пред едно 10 години, кога се наоѓаше книга за 30-40 денари.
    Тоа важеше за збирка песни од Рацин, збирки од домашни автори, па и Југосоловенски!
    Сега за евтина се смета книга од 100, 150 денари. Јасно ми е дека сега се е поскапено, но цениве на книгиве немаат усул.
    Дома имам цел том книги од Перл Бак едно 10тина книги, кои Мајка ми на времето ги земала за некои 1000-1200 денари!
    На саем одам секоја година, и купувам барем по 1-2 книги.
    Но се олеснувам обавезно едно 500 денари за тие две |(
    Во Икона често влегувам, ама излегувам празна!
    Ми текнува ми се допадна многу една книга со божиќни приказни но мала одвај 200 страници на Англиски јазик со цена од 380 денари :o
    Само се прашувам како некој со плата од 15 000 денари ќе си доволи да фркне 400 денари на книга која е пола негова дневница!
    Последна книга која ја купив беше Paradise Jazz, од една за мене непозната издавачка куќа.
    Книгата беше 200 денари, па и сметам дека беше солидна цена, со оглед дека никаде не најдов книга на Англиски испод 400 денари.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес гледам дека ми стигнало мејл од книжарница Три за попуст на сите книги.
    Ама важи само утре... Па ако правиш саем, направи го неколку дена, а не само еден ден. Не може секој баш утре да оди. А и ептен навреме ме известија... |(
    Во Матица морам да отидам, а Три овојпат ќе ја одминам.
    И онака имаат слаб избор на книги, а солени цени.
     
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    56.711
    Пол:
    Женски
    На сајтот на Три веќе неколку дена пратам, сите книги им се со намалени цени. Ама тоа важи само ако нарачуваш од сајтот и веројатно во книжарницата во Скопје.
    Попустот утре е попуст на попустот, инаку зимскиот саем им траеше повеќе од месец, утре завршува.
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^Јас го посетив нивниот т.н. Зимски фестивал, ама не бев импресионирана.
    Немаше некој забележителен попуст, освен на оние што ги продаваа во пакет, повеќе дела на една книга заедно. Единствено од Три ги имам земено делата на Коелјо, затоа што само таму ги имам сретнато.
    А за тоа што не ви даваат попуст и во Охрид, срам да им е. Пиши и жалба на Винка ;)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Зимскиот фестивал на книгата во Три трае од 20.12.2011-31.01.2012, јас си купив доста книги за време на попустот. И веќе кажав некаде, на една масичка имаат книги за 50-100 ден. (обично изданија што им стоеле во излог, постари изданија и сл.) и таму секогаш си наоѓам интересни наслови. А утре за тие што имаат картичка од Клуб на читатели на попустот имаат уште 20 % попуст.

    Утре ќе одам и во Матица, само ме интересира колкав е попустот на другите нивни изданија, бидејќи од каталогот скоро ништо не ми фати око, за исходот ќе пишам утре.
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.400
    Допаѓања:
    200.922
    Пол:
    Женски
    Не стигнав досега, ама утре се токмам да одам во Матица... но по коментариве што ги читам, изгледа не вреди да трошам време таму...
     
  12. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Нема нешто голем попуст во Мтица, ама со флаерот за +5% и со картичката за членство се добива уште 30 - 40 ден. попуст.
     
  13. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Скоро ништо не ми се допадна од понудата во Матица, единствено две збирки драми од Иван Цанкар и Мирослав Крлежа кои се по 100 ден.
    Ама затоа за зимава се опремив со книги од Три, и сега ќе го чекам саемот на книга за изданијата на Темплум и Табернакул.
     
  14. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Кога ќе биде овогодишниот саем на книга?Одамна не сум била,а секогаш од саем се враќав со најмалку 5 книги.Цените беа поволни и имаше голем избор.Се сеќавам дека еднаш купив 12 книги.Сите се чудеа. :$ Купохоличарка,што да се прави :lol: :D
     
  15. skorpija123

    skorpija123 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.624
    Еј да, баш и мене ме интересира кога ќе биде овогодинешнипт саем на книга
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Оваа година ќе почне на 24.04, а ќе трае до 30.04 :)
    Мене ми е жал што финансиската ситуација оваа година не ми дозволи да го посетам саемот во Матица :( . Се надевам за саемот на книгата до април ќе имам повеќе средства.
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    ^ Рејбоу, ич да не жалиш, немаше којзнае каков избор.
    Се помислив неколку пати да си земам некое книгиче на англиски, сите беа по 200 ден. а изданијата се за мерак, плус сигурно не се мери квалитетот на англиски и некои наши преводи на македонски... |(

    ... ама бидна, јас на подарок ја добив Трилогијата на маглата од Зафон, трите книги 500 ден.
    Сега единствено се каам што не ја земав Играта на ангелот :doh: , а по ова ладно тешко дека ќе излезам пак дотаму.

    Ама остатокот од понудата беше благо безнадежен, со исклучок на 3-4 книги.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  18. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    Од матица и јас купив неколку книги кои што ми се прочитани но сметам дека заслужуваат место во мојата библиотека како омилени книги

    малиот принц
    бескрајна приказна
    на запад ништо ново
    росхалде
    неверна жена
     
  19. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Матица продолжуваат со попустот.
    Според најавата 500 наслови се на попуст - 2 книги за 100 ден. Па вреди да се погледне.
    Каталог
     
    На Hipica, AnaKarenina и Doozy им се допаѓа ова.
  20. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    11.449
    Пол:
    Женски
    Не вреди дефинитивно. Бев вчера во Матица и атмосферата беше чудна. Порано секој ден полно со луѓе, неможеш да се одлучиш кои книги да си ги купиш, леткаш од една на друга страна. Сега внатре беа само неколку души, онака тмурно расположени, ради реда само како да влегле.
    Избор на книги-никаков годинава. Само чик литература, прирачници за неуспешни љубови и сексови. Добрите автори ги нема, или има некое дело од нив старо по 5 и повеќе години.
    Старите добри класици- јок.
    Моите омилени крими-трилер автори уште помалку.
    Се надевам дека саемот на книга на саем ќе биде подобар.