1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Саем на книга (18.04.24 - 24.04.24)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 15 април 2010.

  1. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Па,очекувам што ќе кажеш инаку бев да ја купам книгата на JUSTIN BIEBER. :*
     
  2. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Лани бев... ама искрено се разочарав. Книгите беа супер, имаше преголем избор на книги, ама цените му беа ... :x Па саем на книгата е чоек, снижете ги малку цените |( Некои книги беа со иста цена од вообичаената, а други беа намалени за дури 30тина денари. Мислам дека треба да бидат барем малку пониски цените за секој да можи да си купи повеќе книги :wasntme:
     
    На skorpija123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Не знам дали е вистинско место тука да прашам... немојте да ме карате :D . Да не знаете случајно некои агенции што вработуваат сега за саемот на книга?
     
  4. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    А кога е саемот на книга?
    Да почнам масовно да си штедам парички :lol:
     
  5. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Се надевам дека ќе не носат од училиште (од Битола сум,а лани не донесоја :clap: ) или па сама ќе си дојдам со возот :lol:
     
  6. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Ми е криво лани што не купив ниедна книга, али ајде тоа ок, али па и пари немав за да платам за карта за да влезам таму па морав да се позајмувам од другарка ми... Среќа што имав слободна за автобус :D
    За оваа година си знам ќе си соберам пари и обавезно некоја книга ќе си купам :D
     
  7. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Јас лани имав намера поќе да купам, ама кога ги видов цените... си го сменив мислењето :lol: А и оваа година не планирам да трошам многу пари на книги, 3 си купив лани. Оптимистички се надевам дека ќе ги намалат цените ова година да можиме поќе книги да си купиме :wasntme:
     
  8. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    Сега го разгледував новиов каталог на Ѓурѓа, истите цени се што ќе бидат на саемот. Искрено колку беше очекувано, толку е разочорувачки. Ги покачиле цените на скоро сите книги. Тие што беа 100 ден. се 150, тие од 150 е 200... Не им вредат толку книгите со самиот факт што многу се скратени. Книга од 600 страни, сведена на 90тина. Искрено мене не ми се допаѓа тоа. Е сега од друга страна по достапни се...

    http://prodavnicanatajni.blog.mk/files/2012/04/KATOLOG-2012-web.pdf
     
  9. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Ќе не носат на 28 во Скопје за саемот :clap: Само нека ги снижат цените малку :?:
     
  10. LadyMillion

    LadyMillion Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    60
    Саем на книгата 2012

    24. Meѓунaрoдeн сaeм нa книгa
    Времетраење : 24.04.2012 - 29.04.2012


    Долго очекуваниот саем на книгата (2012) конечно ни е на прагот. За разлика од минатите години, оваа година саемот на книга за првпат ќе се одржува во две, наместо само во една хала. Тоа е прекрасна вест, очигледно показател за развојот на саемот и читателите кои од година во година ги има во сѐ поголем број. Оваа година саемот ќе се одржува во Хала 2 и Хала 3, наместо само во Хала 1 како досега.

    Па, драми мои феминки, сакам да ја искористам оваа тема за да ве прашам дали ќе го посетите саемот, што планирате да си купите, што би им препорачале на останатите, да си размениме некоја корисна информација и предлог итн...

    [​IMG]
     
  11. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Саем на книгата 2012

    Јас малку не сум упатена. :tmi:
    Каде се одржува саемот на книгата?
    Би сакала да го посетам.Која цена се книгите? :wasntme:
     
  12. LadyMillion

    LadyMillion Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    60
    Пред се’, сакам малку да ги искритикувам издавачките куќи во земјава затоа што колку што можев да приметам, освен две издавачки куќи (сакам книги и ѓурѓа) ниедна друга уште нема објавено каталог на интернет, а саемот уште малку ќе почне. Како можат луѓето да знаат што да очекуваат кога не можат да видат каталог? Голем минус за сите!

    Јас едвај го чекам саемот и веќе имам цела листа на книги што сакам да ги купам само, за жал (поради недостатокот на каталози) на голем број не им ги знам саемски цени. Планирам да го посетам саемот уште на првиот ден затоа што секоја година одам на првиот ден додека добрите книги не се распродадени. Ми се случува некогаш пак да отидам и на претпоследниот :D

    Приоритет на листата годинава ми се двете нови книги од каталогот на сакам книги: http://issuu.com/iki001/docs/saemskikatalog2012 :inlove: како и книгата за девојчето што го продаваат за проституција „Продадена“, трилерот на Геристен од Матица (освен ако не биде 500 денари) и Еден ден од ТРИ. Се надевам дека Култура ќе имаат попристапни цени на саемот оваа година затоа што лани ја сакав од Кобен книгата ама на саем беше 500 денари :o

    Секој предлог е добредојден, ве молам кажете некоја фина книгичка со која ќе можам да си ја збогатам домашната библиотека на саемов:)
     
  13. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    Саем на книгата 2012

    Многу би сакала да одам и да купам книги од Алекдандра Потер , Николас Спаркс , Даниела Спирс ... ама незнам дали ќе успеам да одам зашто не сум од Скопје и далеку ми е ... Меѓутоа ако успеам некако ќе одам :)
     
  14. LadyMillion

    LadyMillion Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    60
    Саем на книгата 2012

    Ако сакаш да читаш, јас ти препорачувам да го посетиш затоа што не сите ама голем број книги се наоѓаат по многу пониски цени. Јас секоја година си купувам куп книги и си имам за до крај на годината :) Имаш книги убави од 150, па до 500 денари. Е сега мене не ми се даваат 500 денари за книга, но на саем си купувам одлични книги максимум до 350 денари (зборам за најпопуларните и најголемите книги). Саемот почнува следната недела, од 24 па до 29 април.
     
  15. Miss-Angie92

    Miss-Angie92 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам да одам на саемов, да се изнакупам интересни книги. :) Би сакала да ве прашам Феминки, дали има македонски превод на книгите од George R.R Martin (од серијалот Game of Thrones), и доколку има, од која издавачка куќа?
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.685
    Пол:
    Женски
    Нема, уште не ја превеле, ама може ја има на англиски во икона.
     
    На Miss-Angie92 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Да не мислиш на Данилеа Стилс ? ;)
    А инаку почнат е саемот? До кога трае? Баш сакам да го посетам имам списоче на книги кои сакам да ги имам дома
     
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    11.450
    Пол:
    Женски
    А зошто јас ја знам како Даниела Стил?

    Во врска со саемов, секоја година има се помал избор според мене. Дали џебот ми е поплиток, а цените превисоки, или стварно веќе не се цени уметноста на зборот не знам.
    Никогаш не одам со списоци, ни во маркет, а уште помалку на саем. Знам што сакам, што ми одговара на мојот вкус. Некогаш чекам некоја книга да ја донесат и кај нас, ама тоа е многу ретко, па порачувам преку интернет, или преку некој познат во странство.
    Во последно време со најдостапни цени за народов е чик литературата. Епа не фала. Не викам не, имам пуштено мозок на пасење со некоја таква книга, ама тоа се случило неколку пати само.
    Едно врвно име како Достоевски, го продаваат по 600 и кусур денари. Мерак ми е да си имам примерок за мене, ама кога не можам да си дозволам, чаре ми е библиотката. Можеби книгите се стари и изветени, ама ми ги задоволуваат сите барања од една книга.
    Ќе одам годинава на саем, имам тргнато на страна пари за тоа, нешто ќе додадат и моите и тоа е тоа. Ако најдам нешто добро, ако не пак добро
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.685
    Пол:
    Женски
    Даниела Стил е. :) Совршенство знае, ама сигурно се збунила од СпирС :lol:
    И јас си тргнав настрана нешто ситно, мразам од саем да се вратам со празни раце, па колку толку, да не бидам без ич. :)
     
  20. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Печатна грешка незнам од каде тоа С ми излетало :lol: Моја грешка :lol: Инаку не купувам многу често книги пошто тие што сакам да ги читам секогаш ги наоѓам во библиотека, но си направив список од книги кои ги имам читано, но ги сакам да ги имам дома