Од 24ти почнува бе луѓенца, не од денес. Ах леле, баш го чекав каталогот на Три. Катастрофа, значи да ти се одмили книги да купуваш од цениве, а баш сакав од Мураками да си ја земам конечно 1Q84, а таа 400 денари. Па ја гледав во СП Маркет беше 300 денари, оф леле. Инаку трилогијава на Ларсон беше стандард 600 денари, така да солиден е попустов, ама не е доволен сепак. А и како што гледам, не им е обновен фондот, се истите книги цела година уназад ги гледам и во книжарницата и во маркетов. Ко што тргнало, дали и една книга ќе можам да си купам со цениве ...
1300 денари трилогијата, мало морген. Ќе си ја купам на англиски подобро. „Еден ден“ е 400 денари?! Единствен наслов што би го купила од Три е „Сенки од еднорог“. Други понуди не сум разгледала, ама како и секоја година, не очекувам ништо посебно. Мене саем на книга ме асоцира на полни кесиња со книги, што всушност и треба да биде. За жал со „попустиве“ можам максимум 5 книги да купам.
Фала феминки за каталозите, единствено некако се зачудив од цените во ТРИ... Наместо да ги намалат цените тие ги поскапват Планирам да си ја купам од Александра Потер- Calling Romeo ама незнам оти пиши во подготовка во каталогот Некоја книга од Николас Спаркс ако бидат со прифатливи цени.
Што знам мене ми личи нормална цената зошто сепак се печатени, не се обични, а тоа си кошта. Јас летово на одмор си купив магнетски бележници за страни од Солун и еден беше 5 евра, 310 денари, а чаша ваква http://www.zazzle.com/room_without_book ... 3943491628 гледав да си земам и беа по 15 евра. Тоа е многу за една чаша и нормално не ја земав ама ова е доста пристапна цена за тој што стварно сака да си има вакво нешто Ама добро, секој си има определена сума за трошење
Да ти печатат чаша по порачка е 100 денари а за 50 денари има да најдеш со 300 принтови шољи и чаши. Ама ај, до меракот е. Инаку трилогијата од Стиг Ларсон ја купив на минатиот саем, тазе излезена и ми се чини ја земав 1500. Така да годинава ете колку толку намалиле. Ама тоа ти е, бар тие стотина денари ќе ги заштетиш. Spoiler Работава, и да погинеш колку можеш ќе се спасиш. Планирам да отидам, направив листа со приоритетни книги и ќе видам што ќе успеам да најдам.
А до колку работи саемот? И ќе работи ли и во Недела?Оти другиве денови сум кнап со време и нема да можам да отидам
Најмногу ми прават мерак книгите што ги нудат Три, ама крајно се безобразни и почнувам да ги мразам луѓево од таму. За книгата од Мураками кога излезе прв пат, во зимскиот каталог пишуваше дека е 400ден,а во книжара беше 500 кога се појави и тоа 5пати бев дур да ја добијат. Рекоа дека печатна грешка било во каталогот саемов не ме радува како порано, нема промоции на нови книги, а старите што ги нудат (значи зборам книги од пред 10год што ги промовирале) сега им се на цена од безмалку 100ден поефтини единствено ми се допаѓа атмосферата, убаво е чувството кога си опкружен со толку многу книги, иако не се твои, и со толку луѓе кои сакаат книги дали ќе одам, уште не сум се решила, ама некако слаба е волјата...
Срцки јас ќе одам сега на саем па ќе ве известам што и како има, и се разбира цените какви им се Се надевам ќе си ја најдам Calling Romeo и Девојката со Портокалите инаку имам една забелешка-Разгледувајќи го каталогот на Ѓурѓа видов доста книги што ги имам купено по 100 ден од факултет а тука се по 200 Место да ги направат поефтини они дупла цена ставиле цццц
Си купив денес на саем 3 наслова со духовна тематика, најново нешто преведено на македонски, и срдечно го препорачувам како екстра интересни 1. Она кое требаше да ви биде премолчено: Реинкарнација - дар на милоста на животот - патувањето на мојата душа 100 ден. 2. Порака од Сепостоењето - Бог говори и денес (2.том) 200 ден. 3. Животна школа за овладување со животот (1.дел) 100 ден.
Јас ќе одам денес на саем.Како и секоја година немам список со книги што сакам да ги купам, туку ќе отидам, ќе видам,па што ми се свиѓа, ќе купам.Немам многу надеж дека ќе купам билошто, зашто минатата година кога бев книгите беа прескапи, а и од тие што беа со нормална цена, немаше голем избор.Ама, ај, меракот е да отидеш и да видиш, па може и нешто ќе ми личи интересно..
И јас одам обавезно секоја година. Никогаш не правам списоци,си шетам и си барам нешто убаво.Без 5,6 книги не излегувам,секогаш имам од 1000-1500 ден планирано.Би сакал и повеќе зошто уживам да читам,ама се со можностите
Ау, срамота. Се подновив јас со 3 книги, ама не ми се нешто УАУ. Онака земав пари, планирав да разгледам што како има, потрошив 350 денари за 3 книги. Една е на англиски за 100че, другите од тоа понудата на Матица 4 за 500 денари, делевме со една другарка. Муабетов ми е, дека наместо да намалат цени, тие покачуваат. Книги што имам видено дека порано биле 150, сега се 190. Ало, каде со тој памет, срамота. Значи не ми се веруваше, повеќе книги изнакупив зимово во Матица, неголи денес на саем. Изборот е тој, книга асална, белетристика, под 200 денари нема, 190 ако сакате да ги рачунате тие дека се по 200. Па тоа чик-лит, мене не ми се даваат пари за такви книги, па јас тие од нет ги симнувам повеќето. Јас се сеќавам кога саемот порано бил 4, 5 хали, одевме со моите, еее, не се доодуваше. Па избор, избор, не знаев што попрво да зграбам. Ова само две хали и така, поскромно. Речници видов само на едно место, стручна литература речиси и да немаше. Тоа е тоа, може на некој ќе му биде евтино, мене ми беше прилично скапичко. Дали дека не носев многу или што, како, не знам, ама не сум нешто воодушевена. Плус сега имам матурски, крај на месец, и така. Година надежно подобро.
Речници јас видов на две места, едните беа кај Англискиот оддел, негде на средина во втората хала (англиско-англиски, на Оксфорд), а други имаше десно од излезот на втората хала, тие беа оние на Зозе, англиско-македонски (и обратно). Јас исто така не сум импресионирана, купив три книги за скоро 600 денари што и не е така малку. Повеќе книги си купив зимава од Матица, а сега некои од Матица дури и беа поскапи (оние на англиски сега беа 200, а на попустот пред некој месец 150). На некои книги не само што немаше попуст, туку беа и поскапи. Баш една другарка ја купи Купохоличарката пред скоро две години за 150 денари, овде беше 250 Вреди да се посети, може да се најдат добри наслови и прифатливи цени, но не очекувајте некој екстра попуст. Очекував повеќе, но тоа е што е.
За прв пат ќе го посетам! Во петок, од школо ни организираа.. Како се радувам, се надевам дека нема да има пречки
Јас направив паметна работа што си ја понесов мајка ми со себе, па така купив плус книги, а и таа си купи некои што поодмна ги сака. По нејзина желба ги земавме Јади, моли се, уживај - Елизабет Гилберт и Филозофија ултима- Ошо Јас ги земав Илјада неверојатни сонца- Калед Хосеини Јужно од границата, западно од сонцето- Харуки Мураками Рингишпил-Јелена Бачиќ Алимпиќ И најмногу се радувам за IQ84, трилогијата од Харуки Мураками. Златна мамичка, да не беше, само со 3 книги ќе си дојдов дома. Сега ми се смее, ми вика дека нема ручек, да си ги јадам листовите од книгите
И јас бев на саемот и си се подновив со 3 книги: 1. Јас те сакам повеќе - Лиса Гарднер (Сакам Книги) 2. Опасно блиску - Линвуд Баркли (Матица) 3. Исповедта на една акушерка - Дајен Чембрлен (Матица) Видно разочарана од скромниот избор на книги за жал.. Саемов секоја засебна година се помал избор и помала просторна распространетост има. Не знам која е причината, но се надевам наредната година на побогат избор. Сакам Книги ги дигнале цените до плафон за чашите, барем некоја симболична цена да ставеле секој да може да купи. Во случајов ќе додадам уште 50 денари и ќе купам книга (не ми се веруваше дека цената за чаша е 250 денари).. Како и да е, битно се подновив со книгите кои ми беа во план да ги купам