1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Саем на книга (18.04.24 - 24.04.24)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 15 април 2010.

  1. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Леле вака кога ве читам страв ме фаќа. Јас утре ќе идам со цел да си купам неколку книги. Се надевам дека ќе најдам нешто по мој мерак, но и цената да биде прифатлива.
     
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Новите изданија си држат ценат. И тоа фина цена. Особено трилогиите, му доаѓа по 1200 или 1300 денари.
    А има и фини книги што се доста симнати, од 500 на 300 денари и слично.
    Матица имаат и 4 книги за 500, што е доста исплатливо.

    Како и да е, со 1000-че може да подновиш, скромно, ама кој колку може.
     
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Од тие што биле каков е изборот на тие 4 книги од Матица?
    Има неколку пакети од по 499?
    Или имаш книги па да си направиш сам комплет од 4 книги?
    Фин е изборот?

    По тоа што ве читам не ме изненадува тоа што цените воопшто не се смалени, последниве години саемиве се само промоција, а ретко нудат пониска цена на новите книги или на поновите бестселерите. Само старите книги кои и онака се пристапни може да ги дадат со пониска цена. Се помалку има попусти на саемите.
    Повеќе попуст и подобри промоции има во текот на годината во продавниците на издавачките куќи. Повеќе ги сакам искрено на Матица и на Три нивните промоции во текот на годината, попристапни се цените.
     
  4. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Имаш повеќе книги и сам си правиш комплет, тие што можеш да ги купиш 4 за 250 се обележани, цената им е напишана со црвенко. Вчера имаше избор, до утре не знам што ќе има останато.

    Да се надополнам, денес пак бев :lol: Во Академска Книга има многу попуст, си купив германско-англиски речник (и обратно) изработен по принцип на Оксфорд за само 230 денари! Речникот е предобар за цената, не е тврд повез, но вреди за парите. Имаше и шпанско-англиски, италијанско-англиски, како и стручни англиски по истата цена.
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ Има и комплети од по три книги, па можеш да си додадеш уште една и да ги земеш тие четири за 500.
    Јас денес ја земав „Заедно“ и „Ми припаѓаш мене“, си ги поделивме со дечко ми.
    Изборот не е којзнае колку голем од тие што одат за 500. Мене сите автори и наслови ми беа непознати.
    Ама им давам шанса, книгите се прилично дебелки, па ќе има што да се чита.

    Глобално во однос на саемот годинава - разочарана сум.
    На штандот на Три само прошишав и фрлив поглед, ама од цените ми се слоши.
    Единствено вредеше да се посети Матица и Ѓурѓа. Кај Ѓурѓа имаше убави наслови, а сите книгички беа по 100 денари.

    Годинава повеќе ми беше од корист Саемот на туризам, затоа што си собрав убав број каталози, па ќе ми биде олеснет изборот за летна дестинација.
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Кај Ѓурѓа се по 100 денари бидејќи сите изданија им се преполовени, јас од таму веќе ништо не купувам.
    Дури во сабота ќе одам, сигурно изборот ќе биде слаб до тогаш, ама и така не очекувам нешто многу.
     
  7. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Ја има Calling Romeo од Александра Потер? Во каталогот не пишеше цена, а планирам да ја купам ако ја најдам :)
     
  8. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Јас бев во Вторникот и ја немаше :( Инаку јас си ја земав Врати ми се од Гијам Мисо, ми се допаѓа начинот како пишува се надевам и оваа книга му е убава како другите ;)
     
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973

    Ја имаше, јас ја видов. Имаше 5-6 од Александра Потер, а даваа 5+1 гратис за 650. :)
     
  10. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.300
    Допаѓања:
    5.883
    Пол:
    Женски
    Ја имаше и на мак јазик, и на англиски јазик. На македонски беше негде 200, а на англиски 350.
    А ја си земав од А.Потер - Не си ти тој што го посакувам :inlove:
    Три метри над небото - Федерико Моча :inlove:
    Само најсекси маж кој постои - Џули Џејмс :inlove:
    Тие што највеќе сакав да ги прочитам, деновиве ќе идам за стручна литература .
     
  11. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Добар беше овој саем,воодушевена сум од изборот на книги.За разлика од лани,овој пат избор имаше многу повеќе.Сега добро,цените не се како поранешните саеми,но има поволни цени и корисни акции.Акцијата во Матица многу ми се допадна.Со оглед на тоа дека денес имав слободен ден од работа,во 10ипол бев на саемот,и останав дури до сега.Се изнакупував книги,книги,за цела година да имам. :D

    Се на се,купив 11 книги,од кој 4 се од пакетот во Матица.Другите се една од Просветно Дело,и останатите англиски.А,да и една француска купив.Англиските книги беа феноменални (не и цените) а се зачудив од изборот на српски книги.Имаше србин кој си продаваше и многу добри книги имаше.Штета што на крај го видов,кога веќе рацете ми беа црвени од носење кеси.Тоа не ме спречува утре пак да појдам. ]:)

    Единствено малку ми пречеа целата гужва од деца,од кои се знае дека 70% ништо не купија.Ги имаше на сите возрасти.Не дека ми пречеа,но беше премногу гужва. |(

    Се на се,задоволна сум многу од денешното купување.Си купив многу добри книги,сега ме чекаат во кесата,да ги отворам и да влезам во нив. :)

    Ах,да заборавив да кажам.Горјан Петрески беше таму. :)
     
  12. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Бев денес на саем и си поминав многу убаво. Си ја купив книгата Марина од Карло Руиз Зафони речник на колокации. Воглавно задоволна сум, си имаше убава атмосфера. А се напунив и со понуди за патување :lol: , па може да се почне да се размислува кај ќе се оди летово.
     
  13. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    И јас бев вчера, ама после работа и немав сили детално да го прегледувам секој штанд, помеѓу чик литературата која преовладува да ископам некој добар наслов кој ми одговара.
    Затоа утре ќе навратам пак.

    Сепак успеав и од нога си купив 3 книги:

    Шагринска кожа - Оноре Де Балзак (ја имам читано, но сакам да ја имам, а и цената и е 150 ден.)
    Фактотум - Чарлс Буковски (на штандот на Ѓурѓа сите книги се по 100 ден.)
    Без догма - Хенрик Сјенкевич (Или Или - 290 ден.)
     
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Јас се предомислив и не отидов на саем, а планирав денес.
    Братучетка ми кажа денес ги организираат од школиве да одат, значи тоа тутма ќе биде. И претпоставувам било.
    И фино лепо го прескокнав.
    Но затоа си отидов во Матица во книжарата и си купив комплети со книги, истото од саемот важеше и тука, па плус и дополнителениот попуст со картичка важи за книгите и ме фати книга по 105 денари. Прајслес.
    Ни гужва, ни народ, си разгледав, си изначитав содржини, си изнакупив и сум вери хепи. :)
    А во Три си го фатив новогодишниот нивни попуст, сеа ќе чекам нов нивни бидејки имам мерак на неколку книги.
    А Матица ми кажаа дека ќе имаат и летна понуда за одморите, добар одмор и добра книга, нешто така лани им беше и годинава ќе имаат. Топ.
     
    На Unica, 1209 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  15. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Ајде и јас да дадам мои импресии од Саемов.
    Отидов првиот ден, значи на 24ти. Бев ужасно изненадена од тоа колку е слаба посетеноста пошто имав такви очекувања дека едвај ќе стигнам до штандовите, но се излажав.
    Првиот штанд што го видов мислам дека беше на `Култура` каде имаше безброј книги на Сидни Шелдон, и тоа некои кои не сум ги прочитала, но воглавно се движеа цените од 250-300 ден. што не ми се даваше пари за книги што сум сигурна дека ќе ги донесат во библиотека. Јас како голем обожавател на издаваните книги на `Три` бев тотално разочарана од нивните цени, кои беа исти или поголеми од оние стандардните. :|
    Земав 4 книги, сите 4 по 100 денари, од кои една му подарив на дечко ми како голем љубител на историјата.
    Јас, како огромен фан на криминологијата и мистериозни убиства, бев решена да земам и многу повеќе, но сепак цените не беа ни малку пристапни за мојот буџет.
    Во однос на изборот сум да речам задоволна, но точно знам што би земала доколку и `Три` и `Култура` имаа цени како `Ѓурѓа`. Единствено кај нив, најмногу ми смета тоа што книгите се премали, а искрено ни малку не сакам да читам книга од 100тина страни, но ете ги земав овие 4 книги:

    1. Историја за војните и владетелите
    2. Кобен час - Габриел Гарсија Маркез
    3. Азбучните убиства - Агата Кристи
    4. Белиот чад - Оливера Николова

    Повторно крими моменти. :lol:
     
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Jaс ја купив Последната римска Кралица Тодора.Ги читав коментарите тука и сакам историски, па оваа ми изгледаше совршено, е сега цената ме уништи, 300 ден, па неможев да си купам и друга.А општо саемот не ми остави впечаток, поради малиот избор и високите цени, не секој може да си ги дозволи, пр јас студент неможам да одвојам за книги 1000 ден, а сакам да си купам, така се нервирав малку, али тоа е.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Јас бев денес! Која атмосфера, опкружена со книги од секој агол. Сакам вака секој ден да ми е! Колку бев среќна кога ја видов корицата што јас ја цртав на книгата Бојата на времето од Стојмир Симјаноски! Сакам саем 6 пати годишно, таман да си збирам пари за книги :D

    Sense and Sensibility и Persuasion од Jane Austen, Wuthering Heights од Emily Bronte, овие три сите за 500, а и фини ми беа тие на штандот, ми погонаа да си ги најдам книгите и плус книга со поезија ми поклонија, има да се изначитам :D Ја купив Седум дена за вечност од Марк Леви и си ја зачитав в автобус, привлечна е. 150 ден беше. Имаше и мали книгичиња од 10 до 50ден, па одбрав 2 со поезија. Ќе ги читам, можеби ќе се пронајдам во нешто.

    А инаку TeaB, можеби си ме видела денес, бев цела во црвено, од коса до пети, со исклучок на блузата :D
     
  18. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Јас денес бев на саемот. Се разочарав бидејќи не ја пронајдов „Срце од мастило“ зошто очајно ја барам веќе подолго време, па само една книга купив :(
    Цените погоре-подолу беа во ред. :)
     
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Бев вчера, со Иван да се видам и да ми ја потпише Меше на годината.

    Си купив и следново:
    Бизарни раскази - Татјана Росиќ
    Соништа и денови - Немања Митровиќ
    Лева комора - Оливера Николова
    Два стрипа на Гери Ларсон - Галерија на откачената страна 1 и 2

    Денес одам по Марта :)

    Инаку знаев што ме очекува. Деца, емовци, хипстери, изгубени деца и родители, гужва онака, многу вода и кафе. Пријателите, пред се.
    Ги видов пола мои компаративци, професори, драги луѓе од Матица, Магор, Темплум.
    Мислам дека поважна ми беше средбата со нив, одошто било што друго.
    Цените - исто очекувано. Ништо поефтино за драстично да има разлика, но нејсе.
    Среќна сум и со ова.
     
  20. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Темава ја мањачам од кога почна саемот и си умирам од мака што не сум дома да си купам некое книгиче и да се изгубам негде по салите :) Али шта чеш...
    Ми се чита на македонски, не се сеќавам кога последен пат прочитав книга на мојот јазик, а и поефтини се каде каде книгите кај нас. Овде ретко да најдеш книга испод 1000 ден. освен на старо да си купиш.
    Ах, мака ми е.