1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Саем на книга (18.04.24 - 24.04.24)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 15 април 2010.

  1. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    јас вчера бев и стварно има голем избор на убави книги.па незнаев која да ја купам
    ја купив само љубовта трае три години,ама денес ке одам пак да си купам уште некоја
    до недела (утре) е саемот нели? :)
     
  2. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Има добар избор на книги, купив 4, 2 од СакамКниги и 2 од Просветно Дело. Од СакамКниги девојчињата беа многу фини, па си купив и шоља за кафе со запис : Читањето е секси ! :D
    Останав едно 2 и пол саати, прелистував..ама многу гужва имаше..
     
  3. ivanamk25

    ivanamk25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Јас искрено се разочарав од саемот. Дури денес бев и дали тоа што останало што знам. Си земав трилогија од АЕА "Александар" од Валерио Масимо Манфреди се работи за животот на Александар Макдонски, и "Момчето во пижами на риги" од Џојн Бојн од Сакам книги. Досега немам купено книга од кај нив, и баш ќе видиме како ќе испадне.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Многу гужви, деца, луѓе, па баш пред штандот на Матица изведуваа нешто, не може да припари човек.
    Се изнашетав, не знам колку време останав, сто пати го свртев саемот, ама не можев бре да излезам никако. :)
    Од Матица само купив книги, од тие 4 за 500.
    Принцезата во сенка од Инду Сундаресан, пишуваше дека е последниот дел од трилогијата, ама и онака ми се свиѓаат нејзините книги со таа тематика.
    Ќерка на пустината од Таласа Али, последниот дел од Рајската трилогија, исто така многу сакав да го прочитам, ама не можев да го најдам.
    Денот после ноќта од Анита Дајамант, приказна која се темели на вистински настан, со дејство сместено во втората светска војна, навистина мислам дека ќе биде прекрасна книгава.
    И нормално не се може без чик лит, Разбудената убавица од Дона Кофман, книгава навистина ветува многу смеење. :)
    Не можев повеќе да си дозволам, додуша и ова не го планирав, ама просто не можев да одолеам, па книгиве поеднечно беа по 290 денари.
     
  5. LoveIsAllAround

    LoveIsAllAround Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    113
    Значи вака..можеби прашањево не спаѓа на ова место но морам да прашам дали некој ја зеде од саемов книгата “Мост преку вечноста,, или пак доколку ја прочитал да ми пише во ЛП дали е убава..и неколку детали..затоа што денеска бев на саемот..но поради недостиг на време не успеав да ја земам...Ви плагодарам однапред за било какви информации :D :*
     
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Не бев, ниту пак денес ќе одам.
    Едно не сум при пари, а друго ... па не сум во расположенија да се гужвам а и има уште една причина ама не би сега за тоа.

    Поминав до три во трговски и си ја земав индиго бомбај и на крајот од виножитото, па тоа ќе е тоа за ову годину :)
     
  7. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Бевме вчера и си ја купив од Александра Потер- Повикувајќи го Ромео на српски 350 денари. Ја најдов и на англиски ама, на српски побрзо се чита. Си купив и некои ефтини книгулчиња од штандот по 20 денари шо беа. Mногу жешко бе Скопје, не можевме да издржиме :^)
     
  8. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    2.964
    Се подновив и јас со 4 нови книги,од штандот на Матица-4 за 500 ден,не планирав да купувам,ама неможев да им одолеам,а и ефтини беа така 4 за 500. Ама вака беа многу скапи книгите поединечно да се купат,барем мене така ми се видоа. Во секој случај си ја купив Приспивна песна од Чак Паланик, Ми припаѓаш мене од Карен Роуз, Заедно од Џоди Пико и Вавилон (така нешто,таа за дечко ми :) ) И толку од купување книги за оваа година,здравје дури во јануари кога ке има попуст во Матица :)
     
  9. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Бев во петокот.За избор имаше премногу голем избор на книги :) Но знаете не беше попустот како предходните години,некако ко да беше цената скоро иста на книгите како што се и во книжара.Незнам. :?:
     
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.198
    Допаѓања:
    4.238
    Знам само да ти кажам дека „Мост преку вечноста„ има продолжение и се вика : „Едно„ . Интересна фантазија за пилотскиот живот на брачен пар кој летајќи над океан полн со шари влетува во различни паралелни светови и секој од нив носи некаква поука, искуство и сл.
     
  11. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Јас денеска бев на саемов, земав само една книга од 50 денари (е многу сум се потрошила) :P :D Имаше доста голем избор на книги ми е криво што не купив повеќе али тоа е повеќе среќа наредна година. Инаку дека последен ден денеска па и повеќето книги беа на попуст :)
     
  12. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
  13. deliza

    deliza Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    12.739
    Бидејќи не можев да најдам тема за попусти и промици на книги (барем јас не видов) ќе напишам тука па ако има потреба нека се премести мислењето на некоја посоодветна тема. Благодарам.

    Значи во Култура имаат навистина добар новогодишен попуст. Има доста книги со 50% попуст. Еве тука можете да си разгледате. http://kultura.com.mk/DiscountProducts.aspx

    И во Матица имаат некои попусти. Конкретно во сабота, на 15 декември нудат еден пакет од 3 книги ( Џоконда - Лусил Тарнер; Ми припаѓаш мене - Карен Роуз; Некој како тебе - Сара Десен) по цена од 450 ден. https://www.facebook.com/pages/Knigoizd ... =1&theater

    Јас веќе направив список на книги, побрзајте и вие и искористете ги попустите ;)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.936
    Пол:
    Женски
    Може некој да ми каже кога ќе почне попустот во Матица? Сакам да си ја обновам библиотеката :wasntme: и покрај тоа што доста книги ми стојат непрочитани...
     
  15. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    Почнува од понеделник, сега на 21ви. Колку што разбрав ќе бидат и со продолжено работно време. Имаат веќе објавено каталог. Лично мое мислење - да намалени им се доста цените, ама понудата речиси иста е како лани, преклани, само 10тина книги дали се нови и не им е ни наведена цената.
    Ќе се прошета, ќе се види во секој случај :lol:

    http://www.matica.com.mk/
     
  16. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    се сложувам со емгрин, и јас отворив сабајлево и некако ништо не ме привлече едвај македонска поезија и градинарот од тагоре... некако е се тоа па тоа од чик литература до оние на моќта на потсвеста бла бла...
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Дали 3-4 книги ми привлекоа внимание, меѓу кои 2 се од Зафон, ми недостасуваат во колекцијата и навистина се на попуст.
    Другото, како што напомена Жоел, чисто губење време.
     
  18. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Јас ќе одам деновиве ако бидат љубезни дома да пуштат некое денарче :D

    Инаку сакам да си ги земам: Игрите на ангелот, Рингишпил и како вода за чоколада.
    А на татко ми ќе му ја купам светските заговори :)
     
    На ines.h му/ѝ се допаѓа ова.
  19. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    Јас пак си купив 2 книги денес од матица ,, Препушти се ,, 150 ден. и Мажи пари и чоколада ,, 120 ден. Обожавам чик литература, но повеќето кои беа на попуст ги имам читано ( Клуб на чокохоличарки, Чокохоличарка на диета, Разбудената убавица, Италианска авантура, трите наслови на федерика Боско )
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.936
    Пол:
    Женски
    Бев јас во Матица, во саботата. Си купив пет книги, на англиски јазик, секако, од оние што чинеа по 120 ден. Отидов целно, да ги купам книгите од Game of thrones - ги имало и се распродале. Официјално, попустов почнал од 21.01, а неофицијално, цела недела претходно |(
    Инаку, навистина е слаб изборот. Можеби книгите на Зафон ќе спасат ситуација, ама искрено, нема пак да одам. Ме зачуди што изборот на дела на англиски јазик беше ограничен, да не речам, минимален број автори беа застапени - Danielle Steel, Nora Roberts, Tess Geritsen, Harlan Koben, Wilbur некојси... порано како да имаа поголем избор?! :^) Освен тоа, порано држеа книги и од други македонски издавачи, сега немаше ништо, барем јас не видов, изданијата беа само од Матица (нормално дека би требало да е така, ама порано држеа и други изданија).
    Српските преводи на одредени книги не беа на попуст (изданијата на Лагуна). Не знам, сè ми се чини како попустов да им е поради традицијата (ради реда што би се рекло). Истите книги, нови, помали цени. Сакаат сè да продадат, очигледно, малку да си ги зачистат полиците за новите изданија.