1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Саем на книга (18.04.24 - 24.04.24)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 15 април 2010.

  1. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    Бууу и јас се спремав да одам специјално за Game of thrones и ете очекувано распродадени биле. Истата приказна беше и лани, само некои други книги беа во прашање, сега неможам да се сетам кои :^)
    Папала маца, утре ќе се прошетам евентуално да не најдам нешто од останатите што се на избор на англиски.
    Од другиве книги ништо не ми е по ќејф, единствено се мислев да ја земам Папата Јована бидејќи ја немам читано ама meh...

    Туку ако не и е тешко на некоја што била може ли да пише дали се извадени книгите од македонските автори (некогаш ги истакнуваат за време на втората половина од саемот). Ептен ми фати око збирката од Цепенков, и уште една збирка од Вапцаров, Мисирков, Рацин и уште двајца автори. Само не и е напишана цената во каталогот.
    И знам дека ова не е соодветна тема ама може некој да пише која цена се збирките од Раде Силјан?? Please, please, pretty please :wasntme:
     
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.892
    Допаѓања:
    123.066
    Матица,кога почнаа првпат со попустите,јас бев 3,4 на факултет, имаа бааги избор .Се сеќавам дека на два пати купував книги,сигурно до 10-15.Моите кога ми даваа џепарац јас трк во матица,потоа немав за јадење на факултет тој месец :D Ама,имаше избор ! Сега ,кога ги гледам насловите повеќето ги имам.
    Вчера бев и ради реда ја купив Загубената ќерка и Како да го излечите својот живот.
    Исто и лани ме разочараа.
     
  3. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Оваа година пак во април е саемот?
    Од 20-22 ?
     
  4. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Еее и јас сакав за ова да прашам...дај некој кој знае нека пише да почнам да правам список и да собирам пари :)
     
  5. SEKERLEMA

    SEKERLEMA Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    408
    Сега гледам на нивната официјална страна,оваа година е нешто порано

    Саем на книгата е на 09-15.04.2013
     
  6. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Има попуст на книги и во cosmo!
     
  7. zaki288

    zaki288 Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    8
    леле саемов цела година го чекам! се собирам пари ситно-ситно и на крај се частам со некои добри книги! :D
     
  8. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    И официјално штедиме пари.. :D
     

    Прикачени фајлови:

    На LilBaby, Butterfly14, zaki288 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. sara333

    sara333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    27
    Саемов цела година го чекам и конечно дојде.Си направив список од 15/20 книги и и викам на другарка ми да одиме и оваа го гледа мојов список и се крсти :lol: .Ама не ми е гајле сега ќе ги изнакупам и цело лето ќе имам што да си читкам. :D
     
  10. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Каталози слабо, планирам таму со конкретни замисли да одам.
    Ѓурѓа се досадни веќе, истиот каталог го тераат веќе неколку години наназад, па и по факултетиве идат со штандови, сериозно треба да се оправат, не знаат од залихите како да се отарасаат.
    Јас ги земав книгите лани за 100ка, годинава истите за 200 ден. ги продаваат. :^) Ај да беа тазе преведени.

    Ѓурѓа

    http://issuu.com/mojakniga/docs/_______________2013

    *
    Сакам книги

    http://issuu.com/iki001/docs/sakamknigi_katalog_2013

    Ејми ја нема ми изгледа занимливо од овој каталог. :)
    За Момчето во пижами на риги и Крадци и проститутки читам ривју по нетов, па ќе видам.

    *

    Бегемот

    http://www.begemot.mk/sites/begemot.mk/ ... A-2013.pdf

    Монахот ми изгледа на страшно добра книга, морам да ја имам!


    Ако имам нешто плус пари, се надевам на Принцезата во сенка и некое книгуле од Култура.

    *
    Патем еве го и каталогот на Култура:
    http://kultura.com.mk/App_Themes/DBImag ... 20ceni.pdf

    Се прецениле со цениве. :o :o
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Ќе одам на саем, ќе си разгледувам, ќе се шлаам по штандови, а наменски одам само за една книга -
    101 Рејкјавик.
    Таа ми падна в очи од понудата, се надевам ќе има попуст.
    :)
     
  12. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Знаев дека вака ќе биде, исто ко и лани. Подобро да си ја купиш вака книгата отколку на саем. Место да се поефтини они поскапи ги ставиле..
    Саемов почна серизно да ме разочарува.
     
  13. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Јас да си прашам, ова што е промоцијава од сакам книги, да земиш три книги за 590 денари, било кои книги можеш да ги земиш или? Оти јас сакам Игрите на гладните да ги земам, па незнам дали и тие можи :)
     
  14. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Не може „Игрите на гладните“. И јас истото го сакав, ама промоцијава им важи само за тие книги кои се наведени на страната од каталогот каде што пишува повеќе за промоцијата. (јас така сфатив од коментарите на нивната страна) Тоа им се пред се старите изданија на книги.
     
    На Vikica.cuci му/ѝ се допаѓа ова.
  15. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Редовен посетител сум на сеамот за книга и баш лани приметив книга од Матица(не се секавам точно која беше) ја гледавме со сестра ми по една цена(поевтина) кога беше сезонскиот попуст, а на саемот за книги на штандот на Матица истата книга(со повисока цена) :^) :^) :^)
    И оваа година ќе го посетам по традиција и знам дека иако ќе речам само една или две книгида земам ќе излезам со 5-6 :lol: Што да правам кога ми се слабост :$
     
  16. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    159
    Истото и јас го приметив. На саемот на Матица мојата другарка си ја зема книгата „Чекај ме“ за 190 ден. а на саемот, истата книга беше 250 или 300 ден. Епа не е фер..саем е, и тоа значи ниски цени..зар ова не го знаат издавачките куќи ??? :)
     
  17. Lili.lili

    Lili.lili Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    А од до колку часот ке биде отворен саемот ? :)
     
  18. girlx3

    girlx3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    142
    Лани си купив 4-5 книги ама оваа година и се мислам дали да идам..сега го гледав каталогот на култура...цените им се :o Неколку книги гледам ги стаиле по 250,290денари,а редовната цена им е 199ден.Искрено само штандот на сакам книги ме привлекива..овие од култура малце претерале.
     
    На ElenaRbd му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    4.749
    Пол:
    Женски
    Стварно не е фер! Ги напумпале ептен цените..
    Како и да е, ќе идам. И повеќе од две книги не купувам.
     
  20. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Искрено претерале со цените.Наместо намалување тие си ги накачуваат.Еве пример Култура, книгите од Александра Потер се околу 300-400 а јас ги имам земено на попуст кога беа 200.Единствено од сакам книги загледав некои книги ама ќе размислам.Го чекам каталогот од Матица и ќе одлучам дали ќе одам на саем.