1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Саем на книга (18.04.24 - 24.04.24)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 15 април 2010.

  1. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Ќе идам обавезно оваа година на саем исто како и претходните и би можела да купам една или две книги зависи од цените :)
     
  2. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    Ако некој е заинтересиран за каталогот на Антолог

    http://www.scribd.com/doc/134276961/Kat ... olog-Web-2

    Знам дека Тримакс имаат 15% попуст на белетристика, каталогот на Три им е поставен на страната, мислам дека истиот ќе важи и за саемот.

    Ѓурѓа и Матица одамна се отпишани. Ѓурѓа воопшто, а Матица се знае дека кај нив најголемиот попуст е за време на саемот на Матица, за групниов саем не ги намалуваат толку цените.

    Јас оваа година исто како и лани само на Магор си се надевам. Добро, тука се и КАВКАЗ за англиските изданија и толку.... :wasntme:
    Повеќето издавачки куќи не нудат ни "П" од саемски попуст... :?:

    И така... Ама сепак се радувам на утре [​IMG]
     
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.198
    Допаѓања:
    4.238
    Планирам да ја земам ако излезе до овој саем „Космичкиот часовник и мрежата на твојата кожа - твојата судбина лежи во твои раце„.

    [​IMG]
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Аууууу... :|
    Книгата што ја сакам од Антолог е 400 ден. со попуст?
    :^)

    Непријатно изненадена, морам да признаам.
    :?:
     
  5. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    Да, да со пресметан "попуст" :)

    Мене ова ме насмеа
    [​IMG]

    Мартин Лутер, Мајка Тереза, Че Гевара, Хитлер, Британците и Ирците, демократите и комунистите, Черчил, Гарибалди, Клинтон - и Грујо и Бранко
    и тоа, во оваа фантастична понуда ОД САМО шестотини и петнаесет денари.
     
  6. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Колку е карта за влез? 100?
     
  7. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    ^^ 30 денари е секоја година :)
     
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Веќе имам редослед на книги што ги сакам, а најважната ми е 101 Рејкјавик – Халгримур Хелгасон. Од Антолог веќе ги прегледав скоро сите наслови, и освен поезијата на Бушко, можно е и да не се занесам премногу.
    Секоја година купувам по две три добри книги, ги фаќам сите да ги прочитам, и остануваат со одбележувачот на средина. Моја вина е тоа, ама решив овој пат навистина да си го дозволам тој лезет. Се’ што ќе купам, да си прочитам, на раат.
     
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.892
    Допаѓања:
    123.066
    Eве читам Матица ќе имаат нешто како Happy Hour
    Меѓутоа во нивната книжарница,а на саем изгледа нема да бидат присутни(како што разбрав од нивната ФБ страна ,што баш ме зачуди :?: )

    секој ден 6 наслови во различен термин, различен жанр, различна тематика...
    наслов и книга за секого и секоја возраст

    09:00-11:00 книга 100 денари,
    11:00-12:00 40% дополнителен попуст
    12:00-14:00 книга 100 денари
    14:00-16:00 40% дополнителен попуст
    16:00-18:00 книга 100 денари
    18:00-20:00 40% дополнителен попуст
     
  10. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    За организирани посети е 20 :!:
     
  11. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    101 Рејкјавик е 350 ден., најтазе информација.
    На Антолог понудата беше најдобра според мене, и сакав све да купам, башка жарко - дечкото на штандот беше крајно љубезен, неговите дела некако не ме примамија, но ако подсоберам пари до 15ти сигурно ќе свратам пак по 2 книги.

    За другите издавачки куќи не бев посебно изненадена.

    Си сакав некои симпатични книги, но веројатно изкомерцијализираноста си го прави своето и цените беа Мееех, а реално книгите можам и на нет да си ги најдам.
    На Сакам книги штандот беше Деана Николовска, изгледа таму се вработила.


    Оној штандот со српски книги горе-доле со слична понуда од лани, додуша сите се со иста или слична ко од лани, преводи на доста книги што ги нема уште на македонски.
    Да ви кажам, не обратив пажња дали ги имаше Матица, можно е и да не беа.
     
    На Theodora и Trendafilka им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Аууу што така одлучиле Матица?! Не им се исплати може.
    Јас секако ќе одам на саемот, не оти што ќе купам нешто, туку чисто да прошетам низ толку многу книги. Убавини. Да се опуштам малку. Ама нема да одам без ич пари, па ако ме заскокотка нешто ќе гладувам два-три дена. :wasntme:
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Благодарам за оваа информација, мене ми беше потребна. :D
    И Жарко е премногу фин и љубезен, јас ги имам сите негови книги, и секоја година одам на саем да го видам и него (покрај книгите де). :$
    :lol:
     
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Добро, не сум била едниствената што се мислам околу цениве.
    Порано ќе одевме на саем и навистина купувавме ефтини книги.
    Сега изборот е далеку поголем, ама цените знаат да ги набијат премногу. :^)

    За квалитетот на самите книги да не зборувам. Некои книги со страв ги отворам, зошто се случува страниците сами да отпаднат.

    Но, сепак ќе одам, да поуживам малку во атмосферата меѓу книгите и секако дека мора да се вратам со некоја добра книга в раце. Сепак ќе се најде нешто во толкав избор. :)
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.088
    Допаѓања:
    155.566
    На Деана Николовска е Сакам книги.

    Патем...ќе одам, чисто за да видам што има да се понуди. Немам буџет годинава,освен за две, повредни,евентуално нешто новооткриено и поевтино. Од година во година ме разочарува. Нашите издравачки куќи немаат чувство за организирана кампања и мотивирање на луѓето да купуваат книги.
    Особено тоа се случува со Табернакул, кои ми се омилени, ама 800 денари...за книга... да, ја купувам, откако неколку недели си правам мини заштеда за истата,па дури и тогаш ќе се потуфкам зошто секогаш има нешто понеопходно,ама мора да се нарани и душа...па ете.

    Порано ми беа убави саемите и ритуално си ги одев. Гледав да е сончев ден, со кафе претходно, ручек после...ама годините и неумеењето да работат издравачките куќи ја уништи убавината на саемот.

    Никако не го пропуштам,имам желби рој,ама... саем на книга не е за две-три книги.
     
    На Hipster, Magnolija и DigY им се допаѓа ова.
  16. phoenix204

    phoenix204 Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    17
    Сакам премногу да одам... Ама неможам. И дадов на сестра ми пари, ќе ми купи 3-4, и` кажав кои. А, да појдам јас ќе банкротирам :$ Ќе изнакупам се`, па после ќе си плачам оти немам пари за нови пантоломи. :D Плус попустиве... Колку пари за пат толку за книга.. Луѓе, саем е бре или што е ?! :x Книга која вообичаено би си ја купил за 400 денари, на саем е 300. :fubar: Ама, "атерот" e голем, што да правиш.. :D
     
  17. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Ќе го постам во Четврток саемот на кигата.. И лани бев и си купив едно 7-8 книги беа супер. А и сега имам иста намера :rofl: 8)
     
  18. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Девојки дали некој од вас кој беше веќе на саемот и ја сретна книгава Заточеникот на небото од Зафон може да ми каже цена :) ?
     
  19. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Лилит, не дека имам некоја корист да ги бранам, ама сепак се одвојуваат Табернакул од другите издавачи. Проклетството е во тоа што толку опадна стандардот што навистина 700 ден. за книга веќе изгледа како цифриште, посебно ако го претвориш во храна :) . Ама, да бидеме реални, најмногу добиваш за парите од оваа издавачка куќа, дојде време кога добриот превод стана реткост, тука сеуште имаат ниво Табернакул, а најважно од се‘ објавуваат цели дела, оние книги кои ги имам јас дома од нив се над 600 стр. сите, па ако направиме некоја проценка на трошоци по страна, би дошло околу или под 1 ден. а од друга страна другите издавачи имаат цени од по 300-400 ден. ама за книшки од по 200 стр. со лош превод, сомнителен квалитет на хартија и издржливост на книгата... Ете од еден издавач, ај нема да го иманувам јавно, 2 книги од 400 ден. ми се расцветаа и разлетаа страниците, а напоменувам внимателна сум многу при ракувањето со книги. Ене ги од Табернакул чиниш можам да ги однесам за нови да ги продаваат.

    Инаку, како што спомена погоре ЛилБејби и јас ја издвојувам од понудите онаа на Антолог, имаат романи од Кортасар и Барико, веќе ги добија моите симпатии :) ...
     
  20. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Ќе го посетам и оваа година, без разлика на цените ама во целост се согласувам со Lilit.
    Саемот не е за да се вратиш дома со 2-3 книги.
    Табернакул се мајтапат со народот. Попустот им е виц. За 30,20 денари поефтино.

    На маршрутата прв ми е штандот на Академската книга каде што можат да се најдат англиски класици од 1000 страни за 100че.

    Него, чисто информативно ме интересира колку пари е новата книга на Винка Саздова?