1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Саем на книга (18.04.24 - 24.04.24)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 15 април 2010.

  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    бев вчера до саем прашав колку е влезница а на саемот-оваа година е два во еден планирам да одам во Петок-се надевам дека ке ја најдам таа книга што ја барам :)
     
  2. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    250 денари.

    Јас чисто да прашам, некој што е бил на саемот веќе како му стои понудата на АЕА (Египетска сонувалка)?
    Има нешто добро? :)
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.104
    Допаѓања:
    155.717
    Ах не ни сакам да правам паралела со останатите издавачи куќи,особено па со Матица. Темплум ги сакам,вадат убави мали книгички кои секогаш ме радуваат и ги имам мал милион прочитано и по дома им направив посебно место. Три знае да се извади на јапонските автори и нешто на класици.
    Не ни станува збор дали вредат или не,ама сакам да направам паралела со стандардот и на тоа да поработат малку на политиката со цените. На Амазон знаат да пуштат срце за стручна литература,овие никогаш и никаде... :( Квалитетот на изработката на книгата не ми е пресуден,освен ако не се работи за колекционерски побуди,па тогаш ќе си бараш со тврд повез,вака... што се однесува до мене, да е добар преводот и ништо друго не ми е важно,нека се распаѓа ако сака.
    Златер интернет и бесконечната можност за симнување на многу различни книги,инаку ако се крстев у нашиве...ништо.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Јас нема да одам оваа година. Ако ми верувате немам пари ниту влезот сега да си го платам а камоли некоја книга да си купам... :nod:
     
    На strangewoman, Hopeful и Hipster им се допаѓа ова.
  5. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Влезницата оваа година е само 30 денари, кој има шанса вреди да се посети!
     
  6. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Утре и нашите ке одат. :)
    Повекето одаат за Скопјето, да се прошетаат т.е да одат низ Веро, Рамстор итн итн. Веке ако давам пари за Саемот, таму да се шетам, а не да го обрнам Скопјето :)
    Ама сепак тоа е нивна одлука :)
     
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    A зашто да ги плаќаме и тие 30 денари?
    Несакам да бидам погрешно сватена ,не сум шкрта, ни ми е за тие 30денати да не се многу пари, ама па зашто да ги наплаќаат од нас?
    Влезот во книжарниците е бесплатен, а на саемов попустот кој некои од издавачките куќи го нудат е минимален, така да не ја гледам логиката за цена за влез.
    А се знае дека тогаш прават најголем промет, и најмногу книги продаваат.
    Јас секоја година одам, освен лани зашто не бев во Скопје, ама за годинава се мислам дали да отидам.
    Порано влезот си беше бесплатен, и имаше навистина ефтини книги.
    Барем сите лектири мајка ми ми ги купуваше за ниски цени комлет и она ќе се почастеше некоја книга за неа.
    Сега да купиш барем 2 книги ти требаат минимум 1000 денари.
    Па и од преводите од странските автори јас не сум нешто воодушевена искрено.
    Сакам да се подновам и јас,го меркам Мураками долго време, ама сакам на англиски да ги прочитам.
     
    На sweet-cherry, teddybear, strangewoman и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Ale.Ambrosio4

    Ale.Ambrosio4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    50
    Здраво девојки знаете ли колку чини карта за саемот? Знам дека во понеделникот почна и ќе биде една недела. Фала ви поздрав :)
     
  9. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Пишува во постот над тебе. Картата е 30 денари а ако е групна посета 20.
     
    На Ale.Ambrosio4 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    1.157
    Мислам дека секоја година е се поразочарувачки, се помалку издавачи, помал избор на книги, односно никој издавач скоро и да не нуди нешто ново на самот. А за цените и онака кажаа сите неморам да кажувам и јас. Мислам дека треба да се реагира некаде на ваквата ситуација, ако се организира саем да биде саем, ако не ќе си одиме по книжарите и ќе си купуваме и таму за истите (па некаде дури и пониски цени).
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Бев вчера и се шашардисав. Кога знам што точно сакам да купам, не се ашкам многу.
    Се видов со колеги и познаници и не сакав да си одам :( Има нешто смирувачко во мигот кога си ги допираш и искусуваш омилените автори и оние, неоткриените.
    Официјално сум за неколку книги потешка, за неколку цифри денари полесна.
    Не ми е криво. Ако за нешто работам, тоа е за да си купувам мали радости што ме прават среќна. Книгиве, ме прават жива. А тоа е нешто што никој не може да ми го одземе како чувство.

    Си купив следново:
    Очи со боја на чевли - Петар Андоновски. Ликот работи во Магор, заврши компаративна кај мене, и отсекогаш ми бил амбиваленција во суштина. Вчера ја прочитав книгата, и сум фасцинирана. Не откривам детали, само би рекла дека е на нов праг во прозното остварување на една понова генерација автори во Мк. Јасна Котеска убаво го срочила предговорот. Цена 200 денари, вреди.
    Влезот е од другата страна - Нина Андова. Неа ја познавам приватно, и секогаш ме фасцинирала со хаику подвизите, а ова е нешто уште поинтимно. Нова вера за неа и нејзините доживувања. Поезија со нишка романтика, духовност и прецизност. Се чита во еден до два здива. Полека. Цена 100 денари. За да си ја носиш секаде со себе.
    Куќичка за птици - преселници - Ѓоко Здравески. Мој добар пријател и космички чиста појава. Книгава е кратко патување низ себеси и катарзично освестувачка. Ја прочитав на пат од Саем до работа и плачев. Препорачувам поинтимно место за читање. Во еден здив, како кога дишеш во планина. Цена 150 денари. Мелем за душа од поезија.

    Ова се прочитаните, а останатово е купено со цел да се чита периодично:
    101 Рејкјавик - Халгримур Хелгерсен. Антологци знаат што нудат. Има и филм според оваа книга, штом ја прочитам, одиме и на филмската варијанта. Ме предупредија дека е урбано валкано четиво, но со она што јас го барам, ќе се нагодиме. Книгите се како деца. Мора да им го најдеш соодветното игралиште за да се отворат играјќи.
    Единствен матичен број - Ацо Гогов. Поезија за секој што се наоѓа себеси во редовите администрација само како бројка, а пренесува глас, топлина. Ми ја препорача професорот Мартиновски. Едвај чекам да ја прочитам.
    Изложба - Јана Лозаноска. Уште едно книжуле полно Љубов, малку подалечна од мојата естетика, но вредно за читање. Ја ѕирнав скришум на работа вчера, ама ја оставам за потопло време.
    Совршено куси раскази - Горан Петрески - Ликов е универзитетски професор, ама е откачен скроз. Со Иван му бевме на гости во кабинет (на економски е), да му ја потпише книгата, фин муабет падна. Хармсовски. Ја имам прочитано како туѓа, сега кога си ја купив, мерачки ќе си ја препрочитам.
    Емаус - Алесандро Барико - во Барико не се сомневам, а и добив препорака од две колешки од италијанистика за овој роман, така што очекувам убаво патување.
    Кругови - Тина Иванова - кус роман од надежна прозаистка. Во принцип, никогаш не читам пролози или белешки за авторот, но Тина ја знам од друг контекст, а темата е провлечена низ едно ново Скопје, видено низ нејзини очи, па баш ќе видам што ќе понуди.
    Санитарна енигма - Јасна Котеска - целосна анатомија на неколку издржани теми, дефиниции и естетика на санитаризацијата, фашизмот и врската меѓу Фројдовите принципи и нечистото. Препорачлива стручна литература. Ја земав претпоследната, веќе од овие нема примерок. Многу слатко четиво.
    Цаци во метрото - Ремон Кено - париска приказна што ве вози, буквално. Ја имам читано интегрално, сега веќе можам да ја раатисувам.

    Ете така. Книгиве, ко деца си ги гледам. Радост.
     
    На Annath, BeLLaDona23, mamma-mia и 4 други им се допаѓа ова.
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.899
    Допаѓања:
    123.120
    Матица и Три како се со цени ?
     
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ели еве ти линк на фејсбук од каталогот на Три, а ако не се лажам Матица оваа година не се на саемот туку во книжарницата си имаат некои попусти и промоции.
    :hai: :)
    http://www.facebook.com/media/set/?set= ... 816&type=1
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    763
    Пол:
    Женски
    Матица се присутни на саемот, вчера купив книга од кај нив :) Не сум нешто посебно изненадена околу изборот на книги, некако секоја година истите се вртат..
    Се подновив со 5 книги од Сакам Книги најновните трилери така да се надевам дека не погрешив..

    Фатални желби - Бруклин Хадсон
    Ејми ја нема - Џилијан Флин
    Мојот личен ФБИ агент - Џули Џејмс
    Нешто слично на љубов - Џули Џејмс
    Точка на кулминација - Памела Клер
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Имаат Темплум интересни изданија, не знам дали го разгледа на Антолог каталогот, има ветувачки наслови и автори, ама немам искуство со преводот. Три ме имаат многу разочарано, порано повеќе купував нивни дела, ама не смееше да си дозволат употреба на - пецање :^) и да не ти набројувам еден куп вакви сериозни пропусти при превод, една наша заедничка драга личност, веројатно ќе се сетиш за кого станува збор, им прати многу културен мејл околу лошиот превод на една книга, беше изигнорирана во целост. Така не треба да постапува сериозен издавач...

    Чисто од економски аспект ја разбирам и оправдувам донекаде само цената на Табернакул, бидејќи обемни дела издаваат, книга од добри 600 или 800 страници, си влече далеку поголеми трошоци и за превод и за хартија, печатење и сл. ама факт е - ни бегаат веќе сериозно по достапност на стандардот кој го имаме генерално како читатели, а така и двете старни се разминуваат. И факт е дека никогаш не дале навистина посолиден попуст, туку миминални, кои во проценти и не прават некоја разлика кога ќе споредиш со онаа редовната продажна цена.
     
  16. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Јас си бев и тоа два пати на саемот. Не сум нешто WOW воодушевена, но ете, си најдов по некоја книгичка за мене тоа што си читкам. Си зедов 5 книги и тоа за 1300 денари и + си добив чашичка. Една гооолема огромна благодарност до издавачката куќа САКАМ КНИГИ, прекрасни се. :inlove: :clap: :hai:
     
  17. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Бев вчера-четврток и браво за сакам книги!
    се подновив со 5 нови книги уште и време да си купев за да има кога да ги читам!
     
  18. zaki288

    zaki288 Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    8
    епа и јас денес бев на саем.... Се подновив со десетина наслови и така. :D
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. phoenix204

    phoenix204 Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    17
    Се подновив со 3 нови трилерчиња. 900 денари :?: Попустиве.... ‘Јас те сакам повеќе‘ од 400 на 350 намалена :lol: Ама нема врска, среќна си сум што си ги добив. :)
     
  20. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Бев видов и земав две книгички (толку можев да си дозволам за жал) :| :|
    Внимавај што посакуваш
    Далечината помеѓу нас
    :angel: