1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Саем на книга (18.04.24 - 24.04.24)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 15 април 2010.

  1. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.214
    Пол:
    Женски
    Бев вчера, конечно :tmi: и пријатно се изненадив од издавачката куќа Арс Либрис (Арс Ламина). Купив пет книги од кај нив :) Особено ме изненади изборот на стручна литература, а пред се' цените. Му купив на татко ми една книга, стручна литература, која одамна ја бараше и се прерадува човекот :D Стручната литература им е ПРЕевтина! Начекав таму еден човек, професор на економски факултет, кој купи дури 12 стручни книги од областа на претприемништво :o Бил воодушевен колку биле евтини книгите, човекот сите пари ги остави таму, а јас зјапам вчудоневидено :D

    Како и да е, за мене си ги земав слениве:
    Вторнични жени од Моника Пец, чик романче ала Сексот и градот, за навечер пред спиење :D
    Потоа, ја земав Вљубувања од Хавиер Мариас, роман со крими елементи, многу интересна и примамлива содржина.
    Следно, ја купив Екстремно гласно и неверојатно блиску од Џонатан Сафран Фоер, мистерија - драматичен, трогателен роман, според кој има и филм со Том Хенкс и Сандра Булок. Едвај чекам оваа да ја прочитам.
    Последно, ја земав Ноќта на зелената самовила од Ајфер Тунч, приказна за самоуништување и простување.

    Другите штандови не ме воодушевија многу, решив да им шанса на новиве Арс Либрис. Убав однос кон купувачи, добри наслови, ми дадоа добри препораки и прилично се евтини :up: А, да, штандот им е лудило, најубавиот штанд на саемот без конкуренција! Многу уникатно, инвентивно и привлечно за око. Тоа беше она што иницијално ме привлече :D

    Едит: Го препрочитувам постов и сфаќам дека звучи како реклама :D Не е, верувајте, прв пат ја сретнувам оваа издавачка куќа, нови се, ама ми се допадна изборот навистина :)
     
    На Trendafilka и Hipster им се допаѓа ова.
  2. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Јас само што се вратив претепана од саем...да одиш да одиш и да бираш книги имаш колку сакаш само ти посакај....има многу голем избор на книги...јас си купив една се вика ''Атентат '' и во автобус стигнав до 40 стр :) инаку љубителите на книгата Ерагон мислам дека така беше можат да ги најдат и другите делови од книгата на англиски се не се преведени сеуште..така да кој има време и желба нека го посети саемов затоа што има многу доста работи кои ке ве заинтересираат :*
     
  3. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Јас бев вчера и како повеќето сум многу разочарана. |( И цените и изборот, а и слабо луѓе (може дека јас бев баш за време на ручек :lol: ).
    Си ги купив само „Ангелски повик“ и „Девојката од хартија“ од Гијом Мисо и новата од Винка Саздова „Понекогаш доаѓа среќа“.
     
    На Ketrin.Moon и teddybear им се допаѓа ова.
  4. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    И јас бев денес. :)

    Најмногу профит од мене видоа Антолог.
    Емаус - Алесандро Барико
    101 Рејкјавик - Халгримур Хелгасон
    Оксфордски убиства - Гилјермо Мартинес


    И од нив си добив две книги гратис:
    Нај-кратки раскази - Анета Попова и Патот - Борис Митковски (хаику, со посвета од авторот :) ). Ги прелистав и пријатно се изненадив и од двете.

    Потоа City - Алесандро Барико во издание на Табернакул, и Скици нацртани со јаглен - Хенрик Сјенкјевич од Бегемот. Криво ми е што пак не ја купив Крстоносци а од лани ја мислам ама може ќе се вратам само за неа, ми рекоа дека тоа биле последните 3 примероци.

    И секако од чичкото со 3 за 100, јас си купив 4 за 130: :D
    Двобој - А.П.Чехов
    Херој на нашето време - Михаил Ј. Лермонтов
    Островот на пингвините - Анатол Франс
    Тарас Буљба - Н.В.Гогољ


    И да не ја заборавам Снежана и седумте џуџиња за бебушка и Рецепти - Ноќ и коктели за мм. :lol:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Jaс бев и со тешко срце си излегов само со една книга...студент шта чеш.
    Него толку ми беше заштедата, а сакав, пусто срце ќе ми пукнеше од мака.Со цимерката се вртевме 3 саата за да одлучиме кој е најдобриот избор за нашите 300 мизерни денари.Не се оди со празен џеб на саем, освен ако сакаш да си одиш максимално разочаран.И така си ја купив Шепнувачот, ја имам прочитано и ми прирасна за срце, па сакав да ја имам во домашната библиотека...мада не ми беше прва на листата на купување.Цените на повеќето издавачи им беа смешно скапи...значи човек да изгуби желба за читање...мислам барем за мојот џеб беа скапи.Со душа го чекам денот кога ќе отидам и цела плата ќе лупнам за книги и нема да ми е мака...до тогаш ќе си воздивнувам само.

    А и најкриво ми беше за оние класиците за 100че...колку сакам само сите да ги имам...ама се тешев дека ќе ги купам од некаде со тврд повез, зошто повеќето што ги имам се такви, па мерак ми е така да ги имам.
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    И јас си бев на саемов. Како и секогаш, очите повеќе полни од рацете. Не знам дали некогаш ќе има време кога ќе можам да одам и да си купам што ми душа сака и да излезам со полни раце ќеси.
    Си ги купив од Гијом Мисо "Девојката од хартија" и "Ангелски повик", само од него не можам да најдам од нет да симнам, а морам, едноставно морам да ги прочитам книгите и тоа е тоа. Не се ни двоумев што да купам. Си запишав и по некој наслов што ми фати око да си симнам. Сакав да ја купам и Фатални желби во издаваштво на Сакам книги, ама нема средства.... Ај на нарендиот саем ќе им биде поевтина, ако не излезе на нет па до тогаш.
    Инаку ми се допадна атмосферата, имаше народ, не знам дали погодив некое време кај што имаше и од други градови, ама беше баш раздвижено некако, сите гледаа, прашуваа, се споделуваа искуства кој што читал, баш интересно. :) Ај здравје до година може ќе имам некој денар повеќе во џепчето.
    Инаку да си ги прочитам постовите наназад секоја година истото го пишувам, ама никако да бидне. :(
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    ^^^ Мене од Гијом татко ми ме почасти уште во вторникот кога излезе книгата, јас кукав како немам пари а морам да ја имам и таа книга и само вртев по дома, си мрморев самата па со брат ми ме почастија :rofl: Инаку убава е читај ја побрзо јас за една вечер ја прочитав не можев да ја оставам :lol: :*

    Сега да си полижам кај што плукнав народски кажано, јас бев денес. Требаше да одиме на роденден и книгите за поклон требаше јас да ги купам, поштено култура ми затворија врата во центар па видов не видов отидов до саем.
    Ме заинтригира еден мал италијански штанд, ама сите таму чекаа и мене ми беше срам да прашам кој потпишуваше и дали книгите беа со македонски превод. :bandit:
    А ја купив само новата од џамбазов и тоа со пари од фактурата за орифлејм, да де гом*о сум, ама па не биваше да излезам со празни раце ]:) ќутете да не ме слушнат моите зошто ГОТОВА СУМ :D

    За цените не коментирам. Ми се допаѓаа еден куп книги ама шта чеш... живот. :)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Конечно и јас стигнав да го посетам саемот денес. Се разбудив со страшна главоболка, а мислам дека во халата недостасуваше прилично воздух и вентилација, и мислев ќе припаднам едно време.
    Сепак, погледот кон книгичките ме одржа свесна и будна. :D

    Саемот стандард како и секоја година - и убави и грди книги, видов и неколку нови наслови и книги кои не сум ги сретнала досега. Сега ми е малку криво што не успеав да ја земам Гулабот од Патрик Зискинд (Парфем, Приказна за Г-дин Зомер), воопшто не сум ја сретнала по книжарниците, но ок е.

    Книгата по која наменски тргнав - ја купив, 101 РЕЈКЈАВИК од исландскиот автор Халгримур Хелгасон (многу лесно име за паметење). :D Очекувам хумор, сатира и забава како во романите на Ник Хорнби.
    Ја започнав уште во автобус е ок е засега, ми измами насмевка и одржува внимание.

    На еден од штандовите ја начекав Овалниот Портрет и други раскази од Едгар Алан По и веднаш знаев дека морам да ја имам. Само 150 ден. Не сум прочитала чинам ништо прозаично од По досега, и ова ќе биде возбудлива читачка авантура (се надевам).

    Од штандот надвор од саемот, 3 за 100 ден.: Даблинци од Џојс, Двојник на Достоевски и Херој на нашето време од Лермонтов. 33,3 (во периода) денари, па како да се испушти тоа?

    Неколку книги со тешко срце ги испуштив од рака, ама решив да не се расфрлам, иако имав финансии за повеќе, ама со 33 непрочитани дома, навистина ми изгледаше расипнички да купувам уште.

    Имаше и попусти, еве на пример, Волшебник на ИЛИ-ИЛИ беше по цена од 490 ден. а редовната е некаде 850 ден. (тоа не е воопшто мал и занемарувачки попуст), а имаше и големи фејл моменти, како на пример кај Матица - Заточеник на небото од Зафон на зимскиот саем кај нив беше 190 ден., а тука на Саемов главен - 290 ден. :^)
    Мислам - која им е логиката? |(

    Вештица на Венко Андоновски беше 350 ден., на штандот на Табернакул, инаку држи редовна цена од 490 ден.
    И милина од книги за 200-300 ден.

    Заклучок: Книгите не се премногу скапи, КОЛКУ ШТО НИЕ СИ НЕМАМЕ ПАРИ.

    :|

    p.s. Што беше поентата со штандот каде што се нудеше книгата со 29 вистински приказни или исповеди на вистинската принцеза? :^) Ми изгледаше како тешко срање во лоша виолетова нијанса, а книгата луксузна, па на закачалче, а Иванна ја промовира. сакав да прашам - а закачалката оди со книгата?
    А оние од Хабардов Центар се ненормални (не дека ова е нешто ново), мајке ми.
    Уште му вика на дечко ми - Мислам дека ти треба една од нашите книги.
    :rofl: Пукнав !
    И оваа година ко да видов помалку самопомогачка литература , или вешто сум ја одбегнала, не знам.
    И цитати за Чак Норис имаше, за 50 ден. ете и тоа требаше да го скубнам, литература за во вц.
    :D
     
    На Shelea и honorthyself им се допаѓа ова.
  9. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Само што се вратив ,ѕирнав накратко што се нуди,го олеснив џебот за неколку стотки и ептен жалам што немав повеќе пари,затоа што имаше повеќе книги кои вредеа за цените .

    Не ги можам турскиве серии ,па ни Величенствениот век ( или како и да се викаше серијата) ,но фасцинирана сум од приказната за Султанот Сулејман ,неговиот харем и неговото владеење па решив да одделам некој денар и конечно да си уживам во книгата.

    На подарок ја добив Видиковец од Мајкл Конелин,верувам дека е добар трилер ,останува да видиме .Како и да е книга плус не е на одмет.

    Ја меркав новата од Џамбазов затоа што ми се допаѓа неговиот страшно реален стил на пишување,но ке и дадам шанса понатака .
    Планирам утре ако имам време и извлечам некој денар плус да си ја купам - Понекогаш доаѓа среќа-.

    Во очи ми паднаа Три ,имаа книги по 200 ден од автори како Коелјо,Винка Саздова ,Ог Мандино,Харуки Мураками..
     
  10. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    И јас бев на саемот во петокот.
    Купив исклучиво литература на англиски на штандот со класиците по 100 денари.

    Си ги купив:
    - Alice's adventures in Wonderland & through the looking glass - Lewis Carroll
    - Ulysses - James Joyce
    - The tenant of Wildfell Hall - Anne Bronte
    - Shirley - Charlotte Bronte
    - The professor - Charlotte Bronte
    - The waves - Virginia Woolf
    - The last man - Mary Shelley
    - The house of the dead & The gambler - Fyodor Dostoevsky

    На излегување не ја одминав тезгата 3 за 100 и си ги земав
    - Двобој - А.П. Чехов
    - Двојник - Ф.М. Достоевски
    - Даблинци - Џејмс Џојс

    Имав огромна желба да ја читам Анаис Нин, ама единствената книга од неа што ја сретнав на саемот беше не поголема од 100 страници, а 560 денари. Yeah, I don't think so. :shake:
     
    На Buttterfly, 1209, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Бев вчера и си купив 2 книги.
    Едната е The assassins gallery,а другата е The Clash:Talking.
    И тоа за 400 денари двете.

    Милина ова саемов :inlove:
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Токму тоа го заборавив, класиците на англискиот штанд беа по 100 ден. а изгледаа супер.
    Мака да му падне на човек - овие златни книгички и изданија на Пингвин беа поевтини од некои наши изданија.
    1984 на Орвел - 450 ден. македонско издание, 470 ден. англиско.
    Да му се сневиди, нема логика. :D

    Дечко ми ја купи од Достоевски двојно издание - Понижени и навредени од едната страна, а од другата Записи од подземјето. За само 200 ден. одлично издание. Табернакул.
    Од Ф. Скот Фицџералд - Чудниот случај на Бенџамин Батон и други куси раскази.
    Исто за 200 ден.

    Имаше навистина добро книгички, само треба добро да се гледа и рошка, да се опулат очиња.
    :)
     
    На honorthyself му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Девојки, до колку саат е отворен утре саемот ?
     
  14. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    Ај ако знае некој нека пиши, ве молам!!
     
  15. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Денес до 18h :)
     
  16. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    ..се сложувам, и ние го силовавме :D тој штанд
     
  17. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241

    Женцки, знае некој точно и од сигурни извори до колку работи денес саемот? Дали до 8, до 6, до 4...слушнав секакви варијанти и не знам што да правам, ќе се убијам за овие англискиве Џојс и Вулф за 100 ден... :tmi:

    Help please :x
     
  18. Crazyinlove14

    Crazyinlove14 Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    8
    Миатата година бев,си купив две книги кои што ни малку не ми се допаднаа,за џабе дадени пари.Едната е најголемиот успех на светот од Ог Магдино и љубовта трае три години (писател не знам).Ниту едната не ми се допадна.А оваа гдина доцна дознав дека сега е саемот,а и плус е до денес,затоа другата година,здравје. :)
     
  19. pancake

    pancake Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    27
    Бев оваа година и си купив две книги. Трилерче, "Ејми ја нема", сега почнав да ја читам и "Мојот личен ФБИ агент", па ќе видиме како ке ми се допаднат :D
     
  20. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Овој саем си купив "само 4 книги" а колку сакав да си купам уште, ама буџетот ми беше 1000че, неможев повеќе од тоа :(
     

    Прикачени фајлови:

    На BurstBerry му/ѝ се допаѓа ова.