1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Саем на книга (18.04.24 - 24.04.24)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 15 април 2010.

  1. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Исто со буџет од 1000 си ги купив
    Клучот на соломон
    [​IMG]
    Мојот Личен ФБИ агент
    [​IMG]
    И најновата од Винка Саздова... и тоа два пати и за поклон ;)
    Понекогаш доаѓа среќа
    [​IMG]
     
  2. girlx3

    girlx3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    142
    Јас си купив од штандот на сакам книги 3 од оние за 590ден. што беа и една ми купи дечко ми :)
     
  3. Kiara

    Kiara Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    [​IMG]

    Моментално има новогодишен саем на книга на Сакам Книги на www.kupikniga.mk. Има нови книги, а и добар попуст на доста наслови :emo: Трае уште недела дена.

    Еве и каталог: http://issuu.com/iki001/docs/zimski_saem_na_kniga_-_katalog_2013

    Мислам дека истовремено на Купи книга попусти имаат и Ѓурѓа и Антолог :!:
     
  4. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Саем на книгата во Битола обично се организира во склоп со Бит Фест,на лето јуни,јули или пак август...Јас секако секоја година си го посетувам саемот и си купувам максимум од 3 до 4 книги...Минатата година си купив 3 книги од мојот омилен жанр-историја...поточно:Клеопатра од Џејкоб Абот и Дванаесетте римски цезари од Гај Светониј Транквил,а си ја купив и Смртта на Иван Илич од Толстој и многу ми се допадна,а потоа дознав дека таа книга да ми била лектира за во трета година...Јас една година предвреме ја прочитав...Ама ако,кога се работи за книги,ама ако...;)
    И оваа година ќе си купам пак книги..хммм ја планирам Последната војвотка да ја купам,па можеби и ќе ја купам :wasntme:
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Рано годинава саемот, од 08-14ти април. Имате некое списоче? Едвај чекам. :)
     
    На daylight и sofijanoka им се допаѓа ова.
  6. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    И јас баш видов деновиве...Па,добро не е многу рано,лани нели беше при крајот на април некаде ? :?: :wasntme:

    Списоци милион,ама парички... :rofl:
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Секоја година купувам од Сакам Книги, па така и оваа.. Никогаш не ме разочаруваат со изборот.. :wasntme: Ама баш поради тоа ми е тешко да се одлучам кои да ги купам :lol:

    Ете каталог -
    http://www.sakamknigi.mk/index.php/sect ... f-the-year

    "Светот не е фабрика за желби" ми е must have, значи таа сигурно ја купувам ама кои други.. :?: Досега цело време сум купувала чик-лит (освен "Продадена") па сега планирам да купам некои трилери, ама навистина неможам да се одлучам кои :?: Мислам дека ќе ја земам и "Исчезната без трага" што значи уште една треба да одберам.. "Дете 44" и "Во одбрана на Џејкоб" изгледаат доста интересни ама нови се, така да сигурно ќе ги има и другата година, па останува да се одлучам помеѓу сите на страните за "Трилери и Мистерии"..

    Помош?? :D

    Искрено, било која да ми биде препорачана од тие страни би ја земала, сите ми се интересни :lol:
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    ^Мене лично Дете 44 ми се свиѓа многу повеќе од Џејкоб. Јас таа би ти ја препорачала. Секако, ако сакаш историски трилери. :) Исто така Скриена во најмрачниот агол ми се допадна повеќе од Исчезната без трага.
    Од Матица ќе има нешто интересно, како стојат работите? Нема уште каталог нели?
     
  10. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Имам ли некоја барем нааааајмала можност на саем да ја најдам Мост преку вечноста од Ричард Бах?
    Доста е стара книгата,не знам дали можам тука да ја најдам.
    Или сепак да разгледам..
     
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Секако дека има, а ја имаш и тука http://sakamknigi.mk/index.php/drami/za ... 0%B0%D1%85, но ќе ја има на саем мислам, провери кога ќе биде саемот и кажи ми дали ја има, зошто сакав и јас да ја земам, интересна ми личи.
     
  12. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    ^^
    Треба да има на штандот од ТРИ, гледам на нивната страна дека ја имаат книгата.
    Ако не ти се чека, можеш да ја нарачаш преку Три или КупиКнига. :)

    Инаку мене ептен ми се допаднаа изданијата на Бегемот, супер наслови. Најмногу ми фати око Космос од Витолд Гомбрович, ако одам Скопје за саемот одма ќе си ја купам. :lol:
     
  13. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Само еден трилер имам читано, а историски воопшто немам :tmi: Затоа сега сакам да излезам од комфорната зона :lol: "Дете 44" и "Во одбрана на Џејкоб" сум сигурна дека ќе ги има и другата година, па можам да почекам, ама овие другите ("Скриена во најмрачниот агол" и "Исчезната без трага") не знам дали ќе ги има, па изгледа и двете ќе ги земам :D
     
  14. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    Дали знае некој од кога почнува саемот на книга во Скопје, и колку чини влезницата?
     
  15. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    Од вторник почнува.
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    Од 8ми, до 14ти, а влезницата е околу 50 денари. Не верувам да е повеќе. :)
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LadyMillion

    LadyMillion Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    60
    САЕМОВ ГО ЧЕКАМ КАКО НЕ ЗНАМ ШТО!!! :rofl: :rofl: :rofl:

    Периодов си прочитав све што имав по дома и сега планирам да си изнакупам за сите пари, сум штедела со месеци. Каталогот на Сакам Книги е врв, да не знае човек од новите што попрво да земе. Мислам дека ќе удрам на трилери ама и Нешто сино мора да ја земам зошто Нешто позајмено ептен ми направи ќејф.

    Директ линк од каталог 2014

    :clap: :clap: :clap: :clap: Ајде, ајде, ајде нека поминува време!
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KatFem

    KatFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    658
    Што мислите за "Фатални желби"? :)
     
  19. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Мене многу ми се допадна.Приказната беше напната, неизвесна и иако имаше паранормални елементи, те држи до самиот крај.Ако сакаш добри трилери ти препорачувам да ја земеш. :)
     
    На KatFem му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LadyMillion

    LadyMillion Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    60
    Книгата е одлична, те држи во грч до сам крај. И стварно е уникатна приказна, иако има надреал елементи.
     
    На KatFem му/ѝ се допаѓа ова.