1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Саем на книга (18.04.24 - 24.04.24)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 15 април 2010.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.241
    https://www.facebook.com/tabernakul?fref=ts и https://www.facebook.com/tabernakul?fref=ts
    Табернакул ке имале гратис книги за оние кои ке бидат сликнати на нивниот штанд и ке се тагираат на ФБ. Јас ке си седнам таму на некој ќош :) Па мора да ме сликнат кога-тогаш.
    Надежно да ми дадат од Венко гратис книга, а штом е таму бар и да ми ја потпише. Скромна сум :)
    Инаку и оној Лешоски ке биде таму, па читам на ФБ кубат коси по него оти ке биде на штандот на Табернакул. Јас не го обожавам ич :(
    Планирам да си купам од кај нив нешто од Памук, и од Матица нешто, оти секоја година од нив купувам.
     
  2. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.320
    Пол:
    Женски
    Јас во Среда ке одам,преку училиште.Искрено да ви кажам просто ги обожавам овие саеми на книги.
    Кога ке влезам во салите се чувствувам како скриена египетска пирамида со богатство да сум нашла. :D
    Па да,книгите се богатство.
     
    На Markusa2 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Ќе може ли да ми дадете линкови со книгите кои ќе можат да се најдат на Саемот оваа година? Утре одам, а немам претстава која книга би ја земала. Би ви била многу благодарна. :wasntme:
     
  4. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Сакам книги
    http://issuu.com/iki001/docs/spoen_kata ... %2F7315876

    Три
    http://kniga.mk/pdf/saem2014.pdf

    Феникс
    http://www.feniksknigi.com.mk/?p=635

    Бегемот
    http://www.begemot.mk/sites/begemot.mk/ ... atalog.pdf
     
    На SexyLady, Sky-butterfly, senza.parole и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. sweetyB

    sweetyB Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    79
    Јас ти ја препорачувам Карадачка на книги. Книгата е прекрасна, јас само што ја завршив. Иако има снимено филм, го гледав и филмот и ја прочитав и книгата, и можам да ти кажам дека филмо не може да ја замени книгата, затоа што е пишувана на прекрасен стил, кој што те тера да ја читаш. А крајот... крајот е нешто на кое што нема да можеш да си ги воздрѓиш солзите. Ова е единствената книга која успеа да ме расплаче. Затоа воопшто не се мисли, земи ја оваа, ти гарантирам дека нема да се покаеш. :)
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Од колку до колку часот работи саемот?
    И на кој штанд можам да најдам енциклопедии или нешто поврзано со туризам и географија?
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Академска книга учествуваат и имаат прилично голем избор на интересни наслови.
    Книгите се со пристапни цени, од 100 денари па нагоре. Единствено колекциите им се малку поскапи. Јас најмногу таму се задржав, ама немав разгледано каталог од нив, па на мобилен читав критики за некои ефтини книги што ми фатија око.
    Другиве издавачки куќи малку ме разочараа. Од Култура си купив една и тоа беше сѐ од книги на македонски.
     
    На elanor му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Јас бев вчера и како и секоја година се испонервирав што немав доволно пари да си купам се што сакам.Прво што ми фати око беше трилогијата на Мураками 1Q84 англиски превод, ја има читано на македонски, ама очајно сакам на англиски да ја имам во домашна библиотека.Потоа ја најдов со попуст и пак немав доволно пари да си ги земам сите три, убичу се значи.
    Сакам книги имаа добри наслови и ефтини им беа, се помислив за Крадачка на книги, ама и велам ја читав, сега редно е да земам нешто што немам читано(јас никогаш не купувам книга која ја немам прочиѕано) и око ми фати Во одрбрана на Џејкоб па неа ја купив и задоволна сум, почнав веќе да ја читам.
    Имав уште пари и сакав да си ја комплетирам колекцијата од Зафон, ама сепак си излегов со една книга зошто сакав да размислам уште ден два што да купам.
    Штета што годинава имам мал фонд и ќе се задоволам со уште една, ама догодина планирам солидна сума од стипендијата да потрошам на саем.
    Во листата на книги што сакам да ги купам најпрво ќе бидат трилогијата 1Q84, Игра на тронови(барем дел или два) Норвешка шума и трилогијата од Игрите на гладните, а може и со некоја историска да се почастам.
    И така.
     
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Вчера бев и морам да кажам дека пријатно се изненадив, во споредба со претходните две-три години има поголем избор и нови книги.
    Јас заглавив на штандот на Академска книга, да можев се' ќе изнакупев. Имаа навистина пристапни цени и убав избор на книги и од таму си заминав со две книги кои ептен ми беше мерак да ги земам. На уште едно мало штандче кое навистина не знам чие беше си купив уште една книга по струка, за неверојатно пристапна цена, интересни книги имаше кај дечкото.

    Од нашиве не земав ништо, иако доста ме бендисаа затоа што не бев сигурна што сакав а можно е уште еднаш да одам. Топер имаа добар избор на српски книги со цени 3 за 300 или 2 за 500 и слично и Култура и Бегемот имаа избор.

    Три воопшто не ми фатија око, сите се стари книги и скромен им беше изборот. Матица исто брзо ги одминав, имам предрасуди према нивните преводи, а и не видов нешто ново.
     
  10. BeautyQueen

    BeautyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    32
    Јас сега во петок планирам да одам но немам идеа што би си купила. Сакав да разгледам какви понуди имаат Култура, дали сте информирани нешто, и дали имаат каталог. Барав ама не можам да најдам. :)
     
  11. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Саемот е до 20ч како што знам, така? Некаде прочитав дека порано од тоа некои штандови се собирале. Јас не се сеќавам од претходни години, па еве прашувам вас дали е тоа точно :wasntme: ..
    Планирам околу 5 да одам, има шанси да се зезнам?
     
  12. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Да не знае некој книгите Game of thrones (т.е. сагата A song of Ice and Fire) која цена се? Ми спомнаа дека сите 5 дела на англиски биле околу 2500 ама не беа сигурни... И на македонски дали ги има или не?
     
  13. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Ако ја видите на годинешниов саем(на кој било јазик) пишете задолжително! Однапред благодарна :)

    [​IMG]
     
  14. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Бев денес, имав неколку книгички на листа, најмногу ми фатија око на штандот Сакам Книги и Академска книга.Останатите има книги кои се постојано изложени неколку години наназад.За жал немав некој огромен буџет, па си ги земав Светот не е фабрика за исполнување на желби-Џон Грин зошто ми е омилена и сакам да ја препрочитам и на македонски, и ја земав Без страв-Лурлин МекДениел, зошто ми се допадна кратката содржина :)
     
  15. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Јас видов дека има на српски, Игра на Тронови, ама не ги загледав ниту ја знам цената.
    Денеска само набрзина влетав, земав Крадачка на книги - тоа дека на форумов читав препораки, па набрзина се одлучив за неа, понатаму ќе видам дали ќе одам пак.
    Ама колку што можев да видам имаше доста книги од минатите години (ок ), ама некои исти книги беа поскапи од лани, или по иста или поскапа цена отколку што ги зедов кај издавачот од пред неколку месеци.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Јас бев денес и се вратив со празни раце. Се изнервирав прилично. Немаше ништо што ме заинтересира. Матица очекувано немаа ништо ново, тапа, најтапа беа гревните. Истите книги со години ги шлепаат.
    Ја сакав Сјаење, ама 500 денари мало морген што ќе ги дадам на Саем за книга. Попусти слабо. Ќе одам пак можеби да доразгледам подетално, само еден саат се задржав, не бев сама, па не можев да се шуњам колку што сакам.
    Само на Сакам книги ми се допадна штандот, ептен ми беше весел некако, а и имаа најмногу нови наслови. Убаво ќе беше да им текнело да направат приврзочиња за The fault in our stars, онакви Океј? Океј. Да се продаваа обавезно ќе си купев. :)
    Дај кажете со што сте се подновиле, дајте некоја идеја за ваквите изгубени овцички ко мене. :wasntme:
     
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Слушам на радио, се жалат премала посетеност на саемот.

    Јас бев, и тие книги кои ги сакав беа прескапи. Ниту денар намалени. Па, како сакаат посетители !
     
  18. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Го има првиот дел на македонски, издание на Топер, мислам дека беше околу 550 денари.Оваа година на саем нема попуст на македонските изданија само на српските.
     
  19. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Јас си купив три книги од Сакам книги, т.е. 2 за мене ( Ејми ја нема и Фатални желби), едната за поклон ( Јас те сакам повеќе) . Лично сите книги од нивниот штанд ми фатија око, ама да оставиме нешто и за друг пат :)

    И :!: и јас забележав дека малку влегле во филм со „саемските“ цени |( Па и се чудат на малата посетеност.. па ако продолжат вака, уште помалку ќе се посетувани саемите. Пред неколку години по 3-4 сали се полнеа и со понуда и со народ, сега едвај една :x
     
  20. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.045
    Пол:
    Женски
    Целиот бокс сет од Академска книга пред саемот чинеше 2500. Можеби имаат саемски попуст.
    Првиот дел, Игра на тронови ја има на македонски во издание на Топер и чини 500 денари. Можеби на саемот е поевтина.
    Со оглед на тоа дека крајната сума е идентична, секако повеќе се исплаќа да се купи англиското издание. Плус и не мора да чекаш останатите 4 книги да се преведат и издадат.