1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Саем на книга (18.04.24 - 24.04.24)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 15 април 2010.

  1. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    колку се влезниците на саемот?
     
  2. KatFem

    KatFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    658
    30 ден. :)
     
  3. protector

    protector Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    6
    Девојки јас сакам да ја купам последниот чај од Саздова. Знаете ли отприлика која цена е да знам да си испланирам со париве за и некое друго книгиче да си купам :)
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.088
    Допаѓања:
    155.571
    Саемов со цените годинава е супер, дури и потценувачки, иако книгите кои ги сакам, се исти со цените како лани, можеби 100 или 50 денари поевтини.
    Купив само стручна литература, ми треба за пишување на труд, па се опрчив повеќе пари и добив 50 посто попуст, за останато во некои подобри денови.

    Арно ама толку гужва до сега немам видено!!! Со посебен акцент на дечиња од основно и тоа до 4 одд. Врискаат пискаат на сите страни, учителки се дерат по нив... Јас сфаќам дека овај нали сакате да им всадите љубов према книгите, ама ако не сака бре, не сака и точка, селектирај кој имаат потенцијал и носи ги. Значи, ништо не можеше да се види како што треба, додека во другата хала со факултетите една зен атмосфера, милина.
    Она кое ми создаде неубаво чувство беше едно влегување на Саем на книга и цуцките од Арчелор Митал кои и ги познавам, ама така-така. Нели тркалото и они 5, една џвака, сите губат нерви во гужвата и се дерат на посетителите. Некој случајно ќе ги чепне картичките за гратис книга мислејќи дека се флаер и они паѓаат тука во несвест од дрскост дерејќи се НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ ТОА НЕ!!!! :^) Девојката подоцна која дојде да ги замени убаво се изменаџира и беше навистина љубезна, ама овие сериозно непријатно ме изненадија, па морам така јавно да си го кажам. Не го вртев тркалото, ама она кое го подарија беше стара литература од македонски автори од кои само Дракул беше вреден...

    Може ќе се вратам во недела, евентуално понеделник, во мир да разгледам и ако ми се види за добра зделка барем една да си купам...
     
    На Mishela, 1209, Markusa2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Мене комшивка ми беше типката,бев на штандот отспротива.Верувај,не е тоа ништо.Три дена ја слушам,косата ќе почне да ми паѓа од нејзината ароганција.
    Ужас.Јас кога работев за нив,така да се понашав ни еден саат немаше да ме држат.


    И јас сум на штанд,нема врска,до 8 работиме.
     
  6. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Само да се шпекулирало.. |(
    Фала во секој случај, отидов јас дента кога планирав и се уверив :) Баш беше раздвижено :wasntme:
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Јас денеска бев на саемот..Имаше доста луѓе,раздвижено беше.Е сега има попуст,да,ако знаете каде да барате хаха..Јас си купив 3 книги..Од штандот на култура си најдов книги по 100 ден.. Зависна од мода од Ребека Кемпбел и Писмата на Саманта за Џенифер од Џејмс Патерсон. А бидејќи сакав и некоја на англиски да си земам..од икона си ја земав The Portrait of a Lady од Henry James за 180 ден.Така да не поминав скапо за овие 3 книги..уствари ме чинеа како цена за една.Инаку има многу добри книги,ама некако нема којзнае колкав попуст,единствено неколку штандови каде што може да се најдат така некои подобри понуди.Сакав уште некоја книга да си земам,ама планирам пак да одам подетално да разгледам..Мерак ми е да се подновам макар со уште по некоја книга на англиски. :)
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    ^За зависна од мода можам одма да ти кажам дека си се зезнала нажалост, нит книгата е добра, нит преводот е како што треба. Од Џејмс патерсон е супер книгата. :)
    Јас викендов сигурно одам пак, не се најде само јунак што ќе ме дружи. Па ќе си одам сама и ќе се шетам колку ми душа сака.
    Патем, од академска книга сум со намера да си земам некој класик.
     
    На Barbie07 и sofijanoka им се допаѓа ова.
  9. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Mногу ми се допадна изборот на класици од академска книга, си ја земав Eма-Џејн Остин за 120 денари. Од сакам книги Светот не е фабрика за исполнување на желби и Фатални желби. И, планирам пак да отидам утре или понеделник и јас сама овој пат да се изнашетам. :D Да не знае некој игра на тронови дали ја има преведена на македонски и колку чини?
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Јас бев на Саем на книгата во Средата и имаше народ.
    На штандот на сакам книги имаше најдобри книги но немаше некој голем попуст. Јас од таму си ја земав Светот не е фабрика за исполнување желби и Фатални желби.
    Три ме разочараа немаа некој добри книги од таму си ја купив Спас од Исидора Бјелица и Белешките на Лајла Грејс. Сакав да си купам уште една книга од Матица но не ми се допадна ниту една книга од таму.
     
  11. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    17.011
    Јас ја земав само Гол човек од Џамбазов, бидејќи немав многу време да шетам а и многу сакав да ја имам дома. Не разгледував многу.
     
  12. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Денес Искра Донева е цел ден на саем,не пропуштајте ја можноста да добиете и посвета.
    И,бидете малце хумани,покрај тоа што е извонредна поетеса,боледува и од церебрална парализа,знаете веќе.Донирајте!
     
  13. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    199 ден е, ја видов на штандот на издавачка куќа Три и Матица, ако не се лажам :)
     
  14. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Дали и утре ќе работи саемот?
     
  15. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    ^^
    Го продолжија, ќе трае до понеделник.
     
    На BeLLaDona23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Брат ми купил две книги од Џамбазов..А сакав да прашам,сретна ли некој книга од Гијам Мисо?
     
  17. the.vampire.girl

    the.vampire.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    879
    Допаѓања:
    1.490
    Пол:
    Женски
    Книгите на Мисо ги имаше на штандовите на Топер, ако не се лажам. Мислам дека беа 5- 6 книги, по околу 200 денари.
     
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Бев, видов, купив, читав.

    Петар Пан и Малиот Принц, англиските верзиии од Wordsworth classics
    Токму така - склоп детски раскази од Радјард Киплинг
    Фрида - или за болката, од Славенка Дракулиќ
    Едноминутни новели, од Иштван Еркењ, имавме и мало читање горе во промотерската собичка + унгарско вино и нови зборчиња за учење
    поезија од моите фини пријатели:
    Сенки низ циркусикот шатор на Исток Улчар
    Поврзи ги точките на Нинушка Андова сега и Шопова
    Антиепитаф на Гале Миловановиќ

    Полно срце, празен џеб, секако сум среќна. Ја има и мојата на штандот на Култура. Миг на самосреќа, кога ќе си ја видиш книгата на Саем како ја допираат корицата и со насмевка ја купуваат.
     
    На mamma-mia, Domino, L-enna и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.088
    Допаѓања:
    155.571
    ^ Леле се заљубив во корицата на Поврзи ги точките!!! Си реков ќе се вратам по неа и се заборавив, финансиски исцедена си реков ништо годинава за плус!!!
    Генијална корица. Бела корица со точки и црвен молив закачен со црвено ластиче! Абе љубов!!!
     
    На Shelea му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Оф бре..А брат ми прашал и тој човекот проверил во ситемот и му рекол дека нема. |(