1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Саем на книга (18.04.24 - 24.04.24)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 15 април 2010.

  1. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Jaс ги имам читано ги зимав од библотека се соживував,сочуствував дури за една девојка и плакав на крајот загинува во собракајка....Книги кој не ти се остава додека целата не ја прочиташ.одавна ги имам читано,а ако имам прилика пак ке ги читам....
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Што има вулгарно во книгите? Па тоа е вистината во Мк, зарем мислиш една девојка е со таква приказна?
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LadyMillion

    LadyMillion Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    60
    Едвај го чекам саемот оваа годинаааа!!!
     
  4. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    За жал таа вулгарност е реалниот живот на доста млади девојки во нашата земја. Лично не сметам дека се вулгарни, туку само приказ на реалната слика на еден живот без никаква цензура. :?:
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам прочитано Крив Правец и ја прочитав во еден здив. Брутално реална слика за скопското подземје...нема да зажалиш...да не откривам сега ;)
     
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Точно. Затоа и напишав за мој вкус. Мене не ми се допаѓаат такви приказни. А дека е приказ на реална слика се согласувам. Може вулгарно е е вистинскиот збор, брутално можеби...ама како и да е, јас Дитас не можам да го читам
    Сепак нели вкус е во прашање :)
     
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Книгите на Дитас се неверојатни не те оставаат додека не ги прочиташ до крај јас ги имам читано Верска војна, Дупка во мозокот и Крив правец ги земав од библиотека ама одамна немам сретнато ништо од Дитас незнам што е работата :?:
     
  8. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Женски да не знаете годинава когај ќе биде саемот на книга ?
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Значи, понекогаш кога се чита некоја тема е добро да се врати наназад некоја страна, па да се најде одговорот. :)
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Уф, добро е, се надевам ќе има платичка до саемот. :clap:
    Годинава јас некако задоцнив во Матица, :( сите убави книги без разграбани, ама лани на Саем пријатно се изненадив, ја пронајдов Страв од летање за 250 ден. а штотуку беше испечатена, значи ново издание, прво на македонски јазик.

    Има избор, само треба внимателно да се разгледува, со мерак и без брзање.
    Одвај чекам. :clap:
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    159
    Здраво девојки и дами :hai: Би сакала да прашам дали на саемот на книги може да се најдат речници по англиски јазик? Посебно сум заинтересирана за речниците на проф. Зозе Мургоски но, тие се доста скапи ( 3000 ден. само во еден правец) па сакав да знам дали може да се најдат на саемот за книга и по која цена.. Ако знаете нешто повеке во врска со ова, ве молам пишете.. Фала ви однапред ..Поздрав ,останете добро :) :*
     
  12. georgieva

    georgieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    како што знам јас (а до сега немам пропуштено саем на книга :) ) проф. Зозе Мургоски секоја година има штанд и има попуст на речниците. Ги купив кај него пред 2 години и добив екстра попуст на комшиска база ( работев на штанд до неговиот :D )
    Поздрав
     
  13. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    159
    Хехе..супер за тебе :) Но може ли отприлика да ми ја кажеш цената барем на еден од неговите речници..имам доста тесен буџет и морам добро да го испланирам :) Фала.. поздрав :*
     
  14. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Се ближи овогодишниот 23-ти саем на книга, оо 12-17 мај. :D
    Едвај чекам да дојде другата недела за да си купам добри книгички. :)
     
  15. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Кога е саемот на книгата оваа година?Јас се запишав во школото дека ќе одам :) И ако може некој подетално да ми објасне како изгледа тој саем :) Благодарам однапред :)
     
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Неџма, lapsus linguae ќе да е, во април е саемот а не во мај ;)

    Ќе одам да ѕирнам секако, и планирам да си ја дополнам библиотеката со некои македонски изданија на книгите. Обично читам на оригинал ама не ќе ми е на одмет и нешто македонско :)
    И долго ќе ги мирисам новите корици и страници. Ако видите некоја чудна цура, која ги душка сите книги - мавнете ме по лево рамо и кажете здраво и корисничко име :D
     
    На 1209, Theodora, rossonerka и 2 други им се допаѓа ова.
  17. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Сум згрешила мислев на април, а сум напишала мај :D А не ни прометив лелеле
     
  18. Maat

    Maat Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    Нели има филмови за библиотекарот... Можно е да имат такви книги на саемот?
    А од Аманда Квик некои понови наслови? Или „Љубовница“ или „Лажна свршеница“...?
    (додуша овие не се нови :D )

    А најважното прашање - На чиј штанд да ги барам?

    Дали имате некои предлози за мене.. детективски лесни романи, романси, тинејџерски и слични ?

    И морам да кажам, едвај чекам да ја купам Хари Потер дел седум .... зошто не е исто на српски и на македонски :)
     
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Од Аманда Квик ја имам само Афера и ќе си ја бараш на штандот на Топер, заедно со Нора Робертс под рака ми одат. ;)
    Што се однесува до лесни романси би ти ги препорачала Шминкерка и Фактор Бивши од Андреа Семпл, потоа сагата за Шопингохоличарката, исто во издание на Топер,
    ДЕБЕЛА - бисквити, чипс и љубовна болка од Силвија Ш. Стипанчиќ, впрочем тука ги имаш тие тинејџерките романчиња, што знаат да изненадат со содржината... ;)
    http://www.3maks.com/Countries/ListView ... DZJA%3D%3D
     
    На Maat му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    колку би сакала да можев да дојдам ск, на саемот на книгата, да си го направам кефот, да си купам мн книги...ама некоја наредна прилика :(