1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Саем на книга (18.04.24 - 24.04.24)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 15 април 2010.

  1. Dear_Thing

    Dear_Thing Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2015
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    2.661
    Пол:
    Женски
    И јас приметив дека многу малку нови наслови има, малтене истите од ланскиот - не ми е јасно :wasntme: Ама да, Сакам Книги во каталогот имаат 8-9 нови, па тие секако ќе бидат (highfive)
     
  2. K-a-t-e

    K-a-t-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    Последна измена: 1 април 2017
  3. Novecento

    Novecento Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    2.433
    Пол:
    Машки
    Сеа за сеа Бегемот највеќе ми го прави меракот.
    Имам неколку наслови од ТРИ што минатиот саем ги оставив, секако дека ќе ги подружам Ili-ili и Темплум, Академска да не споменам, главен непресушен извор на класици за багателна цена. На Антолог сум им лут за Барико, но ќе им направам друштво.
    И дефинитивно Култура и Ѓурѓа традиционално ќе ги прескокнам.
     
    На Mayyya и LivingGlam им се допаѓа ова.
  4. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Јас веќе муштерија на Матица им станав...ме научија напамет:rofl:
    Кога ќе дојдат во Битола:Ти си чупето од лани?Шо сакаш за оваа година?
    Срцки мои фала шо ќе дојте пак од 4 до 10ти април во Битола.Бев на февруарскиот саем,конечно нешто и од Зафон во мојата библиотека имам,планирам пак да дојдам на априлскиот ако можам...
    Пазете се од мене:rofl:8):bow:
    Само да не сум во близина на книги...оти ако сум едноставно книгите ме клаваат во искушение да купам некоја:whew:
    Саем на книги,мој рај брат:!:
     
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    На Novecento и LivingGlam им се допаѓа ова.
  6. Novecento

    Novecento Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    2.433
    Пол:
    Машки
    Добар старт, убав шаренолик избор, буквално за секој по нешто. Табернакул изненадија со ниски цени на одредени наслови.
     
    На Someonespecial, Waka-waka, RainBow и 2 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Ајде пофалете се што сте си купиле, јас сакам деновиве да отидам, ама немам нешто на ум конкретно. Цените како? Има доста нови наслови?
     
    На Someonespecial, Waka-waka и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  8. Novecento

    Novecento Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    2.433
    Пол:
    Машки
    Во глобала тоа што го имаше во текот на годината, беше присутно на штандовите секако со намалена цена.
    Како и секоја година, така и оваа продолжив да си го дополнувам списокот на „лектири“ за слободно време, па претходно подготвив одредена стратегија каде да си го „губам“ времето, а каде не, односно да фрлам „опуљ“ кои книги пробале во меѓувреме да ги осакатат :D. Изненаден бев од Табернакул кои пуштија срце на саемов да имаат почовечни попусти, за разлика од минатите. Отаде ја зедов „Незнаење“ од Кундера, си направив краток муабет со „човекот со наочарчињата“ и затерав надесно кај „Слово“ кои ми се непресушен извор на историографска стручна литература, па до нив и Темплум. Во глобала истото го имаат од минатите години, од првите ја зедов „Корените на османлиската империја“, вторите ги оставив за следниов пат за викенд (ми треба многу време за да одлучам кај нив). Карши ги здогледав Или-или, па оттаму ги зедов „Одбројување“ - Фросина Пармаковска (2 дена откако е излезен од печат), „1000годишната есен на Јакоб де Зут“ од Дејвид Мичел и „Скриена камера“ од Лидија Димковска. Од Арс Либрис нагазив на Маркес и неговата „На полковникот нема кој да му пишува“ па тука веќе почнав да се врткам насекаде, па во ТРИ ги зедов на Мураками „Кафка на брегот, „Часови“ на Мајкл Канингем па во Антолог ја собрав „Америка“ на Кафка, па во Академска книга ја зедов Island на Aldous Huxley за на крај да завршам во Бегемот да ги земам „De Profundis" од Вајлд, „Шест степени слобода“ од Дикнер и ја собрав последната „Пошта“ од Буковски. Сосема на крај од Магор ја собрав „Источно од рајот“ на Штајнбек, секако по препорака.
    Во глобала гореспоменативе книги ме чинеа од 150 до 300 (зависноод обем) освен онаа на Академска книга, но за неа и не жалам, не се сомневам на квалитетот.
    Планирам уште едно одење да му удрам, но овој пат поскромно би одел, уште книга или две и толку.
     
    На elimkd, piglet1, azelea и 6 други им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Во понеделник до колку работи?
    Знам дека тогаш се затвора ама до колку е отворен?
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  10. K-a-t-e

    K-a-t-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    Би требало да е истото работно време како и останатите денови од 10 до 20 часот.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Лани до 18 веќе беа распаковани.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dear_Thing

    Dear_Thing Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2015
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    2.661
    Пол:
    Женски
    До кај 14.00-15.00.
     
  13. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Јас бев денес и слушнав до 16 часот дека ќе биде во понеделник отворено.
     
    На buba4e89 и K-a-t-e им се допаѓа ова.
  14. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Планирам понеделник да отидам, ако може некој да ми каже која е цената на книгите "Јас пред тебе " и "Јас после тебе " ?
     
  15. temily

    temily Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2015
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    390 ден.
     
    На Anna-Banana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Јас сум скоро секој ден, а и моментално на штандот на Откровение. Ако има некој на саемов, нека повели да се запознаеме 8)
     
  17. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.261
    Пол:
    Женски
    Ептен бев среќа за Табернакул, зашто живеев во заблуда дека нема да присуствуваат на саемот годинава. Се подновив со Записи од мртвиот дом на Достоевски; не знам зошто не зедов и нешто друго, вака од око имаа поголем попуст за разлика од поголемиот дел на издавачки куќи.
    Од Икона конечно ја најдов Фрида или За болката на Дракулиќ, прекрасно книжуле. Од Или - Или морав да ги имам Физика на тагата на Господинов и есеите на Ќорвезироска Еден текст и една жена.
    Двете од новиот тираж на Венко од Три - Вештица и Папокот на светот чинам ми ги собраа парите. Немаа некој голем попуст, ама пусти мерак да ги имам.
    Магор поворно со добар попуст и избор на класиците - мојот избор, Хесе со Играта со стаклени мониста. Од Магор, истотака, за евтини пари зедов неколку книжевни теории и критики, како и од Македонска реч.
    Од тезгите, шест солидни изданија на Блесок, негибнати, за 200. Плус, Шолохов, во тврд повез од едицијата Ѕвезди на светската книжевност за сто.
    Криво ми е што Анголог ниту ги погледнав, ама ајде ќе ги посетам наредната недела, гледам дека саемскиот попуст ќе трае до крајот на месецот. :sun:
     
    На Novecento и LivingGlam им се допаѓа ова.
  18. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    902
    @carangigia
    добро што потсети за саемот во Матица

    Од 22 -31 јануари 2018 год. ќе се одржи традиционалниот
    18 -ти саем на книга на Булеварот и Паркот на книгите, кој го организира Клуб Матица.

    Ќе бидат понудени голем број современи и класични литературни дела по саемски цени од домашни и странски автори.
    Белетристика, енциклопедии за деца и за возрасни, психологија, филозофија, историја, драма, трилер, мистика, гастрономија, право, политика, лексикографија, езотерија, поезија, креативни и друштвени игри, прирачници.

    Популарните: „Седумте сестри“, „Сестрата создадена од бура“, “23“, „Господар на сенките“, „Хеликоптерот“, „Ејми Сноу“, „Те нема никаде“, „Пријатели до гроб“, се само дел од новите наслови кои со задоволство Ви ги препорачуваме

    Еве го и каталогот

    http://wmk-ci.xsoftstatic.com/Write/07080/Files/КАТАЛОГ-ФИНАЛЕН-ЈАНУАРИ-2018aa.pdf
     
    Последна измена: 21 јануари 2018
    На piglet1, blonde_supergirl, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    6.612
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на предлозите, секогаш сум во потрага на добра книга. Јас бев во четвртокот во Матица и речиси сите книги кои се објавени во каталогот се веќе на попуст, но вработените ми рекоа дека официјално попустот започнува од утре. Јас се подновив со книги, но утре пак ќе одам никогаш не е доста од интересни книги :)
     
    На jok и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  20. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    2.722
    Ми се чини дека годинава Матица имаат мноооооооооогу слаб попуст на цените... Или само така ми се чини?
     
    На temily му/ѝ се допаѓа ова.