1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Саем на книга (18.04.24 - 24.04.24)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 15 април 2010.

  1. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.188
    Допаѓања:
    11.833
    Пол:
    Машки
    Искрено, имајќи предвид колку се ужасни преводите на добар дел од книгите, цените се превисоки.
     
    На eliesaab, Regina.Phalange и Евроазија им се допаѓа ова.
  2. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    2.375
    Пол:
    Женски
    Некој да не им каталог од други книжарници?
     
  3. Букерко

    Букерко Активен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Бегемот

    https://www.begemot.mk/wp-content/uploads/2023/05/Katalog-2023.pdf


    Антолог

    https://issuu.com/antolog/docs/_._2...BQZUP3zFtqz6fE-UdmiUXSOQdJ38x5HtM-Tl5OZ7scPTM


    Арс Ламина

    http://arslamina.com/Каталог_Арс_Ли...P8Nms0wXx4CKP-U9X96UiPfNLOqioHhswef3OKrhhGhyc


    Сакам Книги

    https://drive.google.com/file/d/1k1...jN5NP0UyAXk9IYlMDbOOn8pfadWU4unHwQ3pJMXqCkSlo


    Полица
    (без пресметан саесмки попуст)

    https://issuu.com/polica.knizarnica...58DAJ-d_kWlgrVQpVUzdlyPccjIEzVfh_MgBMCrWkJk10


    Артконект

    https://artconnect.mk/wp-content/uploads/2021/05/Артконект-саемски-ценовник-2023.pdf


    Матица и Букленд на нивните веб страници, а Магор пиши им на фб, ќе ти го пратат. :)
     
    На MG3, Leanne, Ugly Duckling и 2 други им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    24.216
    Да не виде некој да продаваат книги за Македонија на англиски?
     
  5. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    Dali nekoj znae dali ima knigi od pravoslavna crkva na ovoj saem,i knigi da ne donel nekoj srpski?
     
  6. Maja333

    Maja333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    126
    Здраво, дали некој можеби знае дали bookland имаат некаква картичка со која во нивната книжара, би се собирале поени или попусти?
     
  7. Букерко

    Букерко Активен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Да, имаат. Картичка можеш да земеш ако купиш најмалку една книга, дали од нивната веб страна или од нивната книжарница, и имаш скалест попуст, од (мислам) 5% кога ќе ја добиеш картичката и можеш да стигнеш до 20%. Истиот се пресметува врз база на збирната потрошувачка (пр. кога ќе потрошиш вкупно 3.000 ден ќе имаш 10%). Попустот на картичката не важи за тековниот попуст (како дополнителен попуст), туку само за редовните цени на книгите.
     
    На Maja333 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    2.375
    Пол:
    Женски
    Веднаш откако ќе влезеш десно на вториот штанд имаш на српски,и кога ќе свртиш лево ќе поодиш малку и има книги за православна црква,Библијата и сл.
     
  9. Drustvena

    Drustvena Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Чорапи три за сто :D
    Ако се истиот тим да, навистина и ја така ги доживувам
     
    На Regina.Phalange и theunforgiven им се допаѓа ова.
  10. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    596
    Пол:
    Машки
    А една работа, јас колку што видов, тие имаат книги и се обидуваат да продадат, јас не гледам ништо лошо во тоа. Нивните книги и не се толку познати како да речеме на Сакам книги и ако не се толку нудени, нормално и нема и да бидат толку продавани. Застануваш, ти нудат препораки, ако не сакаш слободно кажи ќе си разгледам сама и готово. Боље некој да ми предложи нешто добро, отколку да седат пасивни и ако сакаш купи, ако сакаш немој. Барем според мене...
     
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.576
    Допаѓања:
    40.004
    Пол:
    Женски
    Да ама не сака секој на тој начин. Ок е да прашаат дали сакате препорака. Јас еве на пример не сакам да ми нудат, сакам сама да видам што ќе земам, па таквото однесување ме одбива.
    Не сме сите исти и не може кон сите ист пристап.
     
    На Regina.Phalange, theunforgiven, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    1.089
    Пол:
    Женски
    Секако во ред е да си продадат, меѓутоа премногу се нападни и наметливи, буквално не можеш воздух да земеш. Не знам, ете јас ги доживувам така. А што се однесува до изданијата мене лично повеќе ми се допаѓаат на Антолог отколку на Сакам книги, тоа си е различен вкус и преференца.
     
    На theunforgiven и Drustvena им се допаѓа ова.
  13. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    2.375
    Пол:
    Женски
    Па со вакво однесување како да очекуваат дека ќе продадат нешто.

    Саемот на книгата беше одличен годнава,со одлични попусти и се.Чудно ми беше во Литература да има добри попусти,за разлика што цените таму се превисоки.

    Приметив дека во еден или два штанда имаа одделено дел за книги од 100 и 200 ден.Тука мислев дека ги ставиле тие книгите што се помалку продавани и немаат интересна содржина.Сепак,земав неколку книги и кога почнав да ги читам првите страници ми го задржаа вниманието.
     
  14. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.420
    Допаѓања:
    12.004
    Пол:
    Женски
    Литература.мк не беа на овој саем присутни.
     
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.576
    Допаѓања:
    40.004
    Пол:
    Женски
    Беа, т.е имаат штанд на овој саем
     
  16. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.420
    Допаѓања:
    12.004
    Пол:
    Женски
    Вчера бев јас, не ги видов таму.. Каде беа локациски?
     
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.576
    Допаѓања:
    40.004
    Пол:
    Женски
    Па јас за објаснување не сум најточна ама мислам до Антолог дека беа, некако на ќош, од лева страна од влез
     
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    А матица зошто не беше?
     
  19. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    2.375
    Пол:
    Женски
    Беа,беа.Имаа поголем штанд така со полици,маси,со автор за потпишување.:)
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.400
    Допаѓања:
    200.909
    Пол:
    Женски
    Беа на саемот, баш кон средината на салата, меѓу Антолог и Академска Книга. Бар така мислам дека беше распоредот, дефинитивно беа тие.

    Јас бев денес на саемот, си поразговарав со Крис Картер (среќа што денес беше настанот), значи човекот е цар. Секоја чест што одвои време за секого посебно да потпраша, да поразговара и да се слика, сѐ на сѐ, одлично беше и брзо одеше.

    Си добив и посвета од Игор Станојоски, ја чекав неговата нова книга, а го запознав и сограѓанинот, Јордан Коцевски. Немам ништо читано од последниов, ама дека го фалат, купив книги и да видиме дали ќе ме изненади позитивно како што читам во рецензиите.

    Не добив впечаток за тимот на Антолог дека се нападни, дури ко незаинтересирани ми делуваа. Инаку ме разочараа со последната купена книга од кај нив (пред два месеци), преводот беше ужасен, а обично им се добри. Ама брзањето изгледа си го прави своето, се надевам дека ќе си ја увидат грешката.

    Сѐ на сѐ, мене ми беше ок саемот, секако не очекував којзнае што. Немаше нешто голем избор на нови книги, истото се врти последниве години. Малку беше загушливо и многу натрупано, ама генерално ок.
     
    На Евроазија, Stephen Amell, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.