1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Саем на книга (18.04.24 - 24.04.24)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 15 април 2010.

  1. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    4.006
    Пол:
    Женски
    И цената на картите е поскапена годинава, и лани мислам беше тука некаде ама сепак. Сакаат да привлечат читатели ама со кои цени не знам. Затоа последните 2-3 години не се радувам на саемот, порано можеше да се начекаат добри книги по пристапни цени а сега за 2 книги 1.000 ден. не стигнуваат.
    Златен киндл + пиратерија!
     
    На NoirSerpentine и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    11.855
    Пол:
    Машки
    Јас годинава, најверојатно само од Академска Книга ќе земам нешто, шо не успеав да го земам лани.

    Со овие “саемски” цени, дефинитивно нема простор за спонтано купување. :|
     
    На LeoQueenka, NoirSerpentine и MeckaCia им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.046
    Допаѓања:
    87.212
    Пол:
    Женски
    Бата прес имаат каталог извадено?
     
  4. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    1.089
    Пол:
    Женски
    Дали ви е чуден слоганот на овогодинешниот саем "Приказна се чита" ? Мене некако ми се чини како да е чудно фразирано, како да треба - "Се чита приказна" или "Приказната се чита".
     
    На NoirSerpentine и eliesaab им се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.921
    Допаѓања:
    12.004
    Пол:
    Женски
    @Leanne тоа е зашто упорно ги отфрлаат наставките, имаше дискусија за "модернизирањето" без наставки во групата Пуздер. Не конкретно за саемот, ама е баш добар пример како не треба. Сешто се одобрува и ова е резултатот.
     
    На Nausicaa, LeoQueenka, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.145
    Пол:
    Женски
    Немаат ништо објавено. Ни Арс ламина, ни Артконект, ништо.
    Не знам зошто вака чекаат да почне саемот па да стават некој каталог, ако и воопшто објават нешто до утре.
     
    На Nausicaa, Sophitas и Cosmi им се допаѓа ова.
  7. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    11.391
    Пол:
    Женски
    Влезнициве 100 денари, кој ми е крив што немам одено на саем од времето кога беа 30 денари. :D

    Тие што ќе одите денес споделете впечатоци.
     
  8. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    11.855
    Пол:
    Машки
    Има некои новитети во однос на каталозите? :D
     
  9. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    11.391
    Пол:
    Женски
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.145
    Пол:
    Женски
    Арс Ламина објавиле каталог, другиве ништо. :D

    Да не беше некој денес?
     
  11. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    5.296
    Пол:
    Женски
    Do koe vreme kw raboti ?
     
  12. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.642
    Допаѓања:
    2.752
    Саемот е отворен до среда, 24.04.2024 г. (вклучувајќи ја и средата), со тоа што ќе почнува во 10 а ќе завршува во 20:00 часот. Единствено во среда ќе затворат порано, во 18:00.

    Општо земано, новите наслови се скапи дури и со попуст. Но, има фини книгички по солидни цени, не е важно што не се нови наслови зашто, нели, не е толку битно дали насловот е нов, туку дали книгата вреди. Така што, не размислувајте многу... За глупости фрламе пари, можеме да си дозволиме и посета на саем, чисто за промена, ако не за друго. Магичен е светот на книгите.
     
    На Sophitas, MeckaCia, Космонаут и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    2.275
    Пол:
    Женски
    100ден влезница за скапи книги и минимални попусти па и не е некој саем.
     
    На MeckaCia, Космонаут и eliesaab им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.726
    Пол:
    Женски
    Морам да кажам браво за Сакам Книги. Толку се трудат да направат нешто, да донесат интересни автори.
    Од Алис Фини ми се чини две имам прочитано, едната океј, другата така, типични трилерчиња, ама сепак, успех е да се доведе таков автор во Мк.
    Можам да кажам дека дефинитивно ја размрдаа читателската сцена. Ми се допаѓа и Сѐ започнува со книга, тоа што алудира на Колин Хувер и на успехот кој го постигнаа со неа.
    Нека продолжат така, што поголема конкуренција толку повеќе ангажираност од издавачките куќи.
     
    На poi, Leanne, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    11.855
    Пол:
    Машки
    Не сум многу воодушевен од изборот и попустите на Академски книга. Горе-долу многу слично на лани, па искрено се разочарав.

    Стандардно, класиците најевтини, но иако дел од тоа шо го барав е издадено одамна и спаѓа во категоријата “релативни/понови” класици, е со цена од 700-900 денари. :|

    Фактички, речиси се останато е на -20%.

    Едит: Воедно имам и примедба шо нема од кого да побараш помош за пронаоѓање на книга, барем да носеа некакви амблеми вработените на АК кои се движат помеѓу полиците.
     
    Последна измена: 20 април 2024
    На theunforgiven, MeckaCia и eliesaab им се допаѓа ова.
  16. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    11.391
    Пол:
    Женски
    Јас купив 10 книги, таман за до крај на година да има што да читам.
    Многу гужва имаше денес.

    Дали знае некој зошто Матица немаат штанд на саемов? Знам дека во моментов имаат попусти во книжарите, ама штанд во Борис не видов. Одамна не сум била на саем, порано се сеќавам дека учествуваа ако не се лажам.
     
  17. Maja333

    Maja333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    130
    Матица повеќе години наназад не учествува на саем
     
    На bookslover и MarigoldA им се допаѓа ова.
  18. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    5.296
    Пол:
    Женски
    Uzas, treba da napravat denovi za deca i denovi za luge. Denes wm deca em mali se slikaa pustea. Opst haos bese.
    Saem ko saem istoto i online ke si go kupis.. za 100 ka ne vredi
     
    На theunforgiven, MeckaCia и eliesaab им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.419
    Допаѓања:
    200.971
    Пол:
    Женски
    Има убава атмосфера на саемот на книги, го видов тоа од сликите од петокот и вчера, денес и самата отидов. Фала Богу што имаме и вакви настани, колку толку да не' оттргнат од рутинското секојдневие.
    Се подновив со неколку книги, очекував повисоки цени според жалбите што ги читав тука, но не, имаше сосема пристапни цени. Книгите не се скапи, стандардот ни е низок, тоа е проблемот.
    Цената на влезницата е сосема во ред, дел секако оди за Детско село. На саемот обично купувам книги од наши автори, поретко купувам преводи, најчесто од автори од неанглиско говорно подрачје.

    И мене ми се допаѓа тоа што Сакам Книги се доста активни во тоа да носат странски автори, ете и Антолог се труди да донесе по некој познат писател, со тоа што тие организираат и доста дебати. Нека биде тоа поттик и за останатите издавачки куќи да се вклучат со вакви настани, но верувам дека финансискиот момент тука игра голема улога. Како и да е, дај Боже да има повеќе вакви настани.
     
    На Novecento и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  20. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    2.275
    Пол:
    Женски
    Мене не ми беше во ред цената и дури вчера дознав дека дел одат за „Детско село“. Одвај најдов информација колку е влезница, а ова сосем случајно го дознав. Ако не се транспарентни и немаат соодветен маркетинг, не е до луѓето.
    Сега откако дознав, мило ми е што дел оди во добротворни цели и некако поинаку се чувствувам кога треба да купам влезници.
     
    На poi, Космонаут и Annath им се допаѓа ова.