1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Саем на книга (18.04.24 - 24.04.24)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 15 април 2010.

  1. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.076
    Пол:
    Женски
    Секој саем иста приказна. Нема никакви саемски цени и попусти, книги стари 10 години и повеќе ги ставаат демек на попуст 199 денари книга зошто не може да им се продадат.

    Изненадена сум од академска книга имаа многу убав попуст плус ми дадоа и купонче за 30% попуст во книжар, другиве ништо. Сакам книги имаат стварно убави книги ама целата поента на саемот е да намалиш драстично цени, ем така ќе имаш ти профит ем луѓето. Цените треба да се прилагодат и за луѓе што земаат 20 илјади плата и луѓето што земаат 90 илјади плата. Саем е за да има добри попусти и да се исплати да одиш.

    Згора на сѐ, плаќаш и 100 денари влез. Еве некој од друг град да дојде целовкупното патување ќе му се фати 5,6 илјади сосе нафта, книги, карта за саемот. Скроз сум разочарана од цениве ама тоа е, се навикнавме веќе.

    Инаку јас си добив книги од дечко ми на подарок за роденден. Тоа си побарав.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_6710.jpeg
      IMG_6710.jpeg
      Големина на фајлот:
      314,4 KB
      Прегледи:
      38
    На poi, Евроазија, theunforgiven и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Мравојад

    Мравојад Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    3.107
    Пол:
    Женски
    Саем на книга не пропуштам, бев и оваа година.
    Попусти реално никакви, за мене не е попуст книга од 450 намалена на 400, ама сепак си се подновив со 10тина книги.
    Многу гужва, слаба вентилација и внатре нигде не можеш да купиш вода.
    Ама сепак убава атмосфера, сите издавачи на едно место и многу книгољупци.
     
    На bookslover му/ѝ се допаѓа ова.