1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Саем на книга (18.04.24 - 24.04.24)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 15 април 2010.

  1. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    990 ден :D последниот дел, предпоследниот околу 800, а другите ги нема
     
  2. Maat

    Maat Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13

    Аман бе, не можеа малку поскапо ко за саемов? :D
    Добро, сепак е поефтина од предпоследниот дел. Полукрвниот Принц 1290 беше, а оваа стварно е поефтина.

    Од Ѓурѓа сакам уште да ги купам „Ќерката на трговецот со коњи“ и „Гордост и предрасуди“. Можеби и „Рајот може да почека“ и „Ноќ на вештерките“. Ај ќе видам в сабота, ако останало нешто :)
     
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    ^ Ова им е саемска цена. После саемот ќе била повисока. Така кажаа

    Да се навоврзам ако не си била уште :) Бев јас денес пак и видов дека Холивуд е 200ден, а Пошта 250. Ја имаат и Блудниот Син, Жени...и уште 2-3 наслови не ми текнуваат. Се блокирав веќе :)
     
  4. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    ај пак да прашам дали некој видел на саем од NORMAN VINSENT PIL и колку пари се
     
  5. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Виножитке кажи ми дали се исплати да лупнам 250 ден за Рајот може да почека?

    - Јас дури во недела ке одам :( и си направив список на книги, па ке видиме дали ке стигнат доволно пари.
    Има ли голем избор? А најдов и каталози од неколку издавачки куќи и како што гледам не се баш ефтини, единствено во Ѓурѓа има книги така од по 150ден, ама некако не ми фаќаат око. :worried:
     
  6. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Јас направив еден список на книги кои сакам да почнам да ги читам и купам од саемот на книгата :D
    Сакам да ве прашам дали се интересни и дали ќе ги има на саемот на кинигата и колку чинат?
    Еве вака:
    -Девојката со бисерна облека-Трејси Шевалие
    -Порака во шише-Кели Тејлор
    -П.С. Те сакам-Сесилија Ахерн
    -Крвна врска-Синди Шелдон
    -Папата Јована-Дона Вулфок Крос
    -Знаеш ли да чуваш тајна-Софи Кисела

    ПС:Не планирам сите да ги земам бидејки незнам кои ќе ги има а и незнам каде ќе ги најдам...Ако може да ми помогнете да го направам вистинскиоот избор :)
     
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Женски, сакам да ве прашам, зошто не сум запознаена со изборот на книги годинава, а видов дека не сте многу задоволни, што наслови земавте?
    Јас сум моментално заинтересирана за “Копилето од Истанбул’’, ама секој предлог е добредојден :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Јас ќе се обидам да ти помогнам

    -Девојката со бисерна облека-Трејси Шевалие - ја фалат многу, според мене монотона, ништо посебно, ја имаш во Три, 200денари
    -Порака во шише-Кели Тејлор - не сум сигурна дали ја има, не ја видов никаде
    -П.С. Те сакам-Сесилија Ахерн - ја има, исто во Три, 300денари
    -Крвна врска-Синди Шелдон - не се сеќавам и за оваа
    -Папата Јована-Дона Вулфок Крос - ја издава три, ама ја немаат, сакав и јас да ја земам
    -Знаеш ли да чуваш тајна-Софи Кисела - овие од Софи ги имаше многу, би требало да ја има, ама конкретно не се сеќавам

    Па јас не сум задоволна затоа што многу наслови што ги барав нема. Еве пример Папата Јована, јас инспирирана од темата што ја отворија :) и сакав да ја читам пак, ама ја нема
    Некако нема избор, само идев низ тезгите и сите или ги имам дома или ги имам прочитано, некако немаше ништо ново, а немаше ни стари добри наслови. Чудно. Јас сите што ги купив веќе ги имам читано, али ете ги зедов од ќеф да ги имам дома. Ја барав и Светот на Софија, Детето во пругасти пижами, Негирање, Парфем.....нема ништо

    Ги зедов двете на Игор и ми ги потпиша :)
    Сликата на Доријан Греј - Вајлд
    Точка на измама - Ден Браун
    Пајаковата мрежа - Агата Кристи
    Љубов во време на колера Маркез ( е оваа ја немам читано)
    Мајсторот и Маргарита - Булгаков

    А предлог од мене еве мајсторот и маргарита ако не си ја прочитала, стварно вреди. Од Маркез имаш избр и со него нема да згрешиш, Кобен час на пример. Имаше и политички трилери кои ми изгледаа добри според тоа што го читав, ама не ми се даваа мене по 700ден :)
     
    На Lilit и Phyramide им се допаѓа ова.
  9. praska00

    praska00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    ne citam knigi
     
  10. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Изборот е скромен, а цените не се баш саемски. Од година во година се покатастрофален е саемов :?: Само дечишта лево десно ме буткаа |(

    Јас си ја земав само Индиго Бомбај за 199 ден. од Три. Сакав да ја земам и 100 години самотија од Маркез, ама малку ми беше скапа...
     
  11. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Јас планирам од саемот да си ги купам Активната страна на бескрајот и Тркало на времето од Карлос Кастанеда. Сега видов дека ги има преведено овие книги на македонски во издание на Ѓурѓа.
    Некаде прочитав дека ја имаат Патување во Икстлан но не ми текнува која издавачка куќа беше. Да не знае некој?
    Исто на листата ми се Пеколен портокал од Ентони Бурџис (филмот е снимен според оваа книга), Хроники од Боб Дилан и Блудниот син од Буковски.
     
    На enca.69, Phyramide и Lilit им се допаѓа ова.
  12. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Јас Индиго Бомбај ја земав есента исто за 200ден. Доказ дека цените се тие, изборот е тој. Ништо поразлично од обичен ден во книжара. Само сега е се на куп, немора да идеш од матица до три :)
     
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Уф јас го погодив ептен денот за одење на саемот :@
    30 автобуси со основци и средношколци,и не сум сигурна кој ама некој рапери беа присутни,девојчиња вриштаат,пиштаат |(
    Ништо од тоа што сакав да видам не видов само се изнервирав од тоа што ме туркаа на секој чекор :swear:
    Купив неколку книги само детски за внук ми,а за мене ништо неможев ни до штанд да застанам да разгледам на раат.
    Во сабота пак ќе одам ваљда нема да има толку гужви и турканици.
     
  14. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Добра ли е книгата?? Јас го имам гледано само филмот а сакам и книгата да ја прочитам
     
  15. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Одлична. Перфекција. Ако ти се свиѓал филмот, книгата ќе ти се свиѓа 1000 пати повеќе. А и на саемов ја земав за 150 ден :)
     
    На Doozy и caroline.costa им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Прочитај во темата последната книга што сте ја прочитале, пишав таму, и вреди, да :)
    За Сликата на Доријан Греј немојте да ги жалите парите ;)
    А за Cacy, не ти препорачувам да ја купиш Девојката со бисерна обетка, не е ништо посебно. Папата Јована не ја сретнав на саемот, ама прекрасна книга е, за неа да не се двоумиш. Јас би ти ја препорачала На крајот на виножитото од Сесилија Ахерн, ја имаше мислам, многу е подобра од другата(мене барем ми беше :) ) Крвна врска ми е една од омилените, земи си ја ако имаш шанса.
    А знаеш ли да чуваш тајна е една од најдобрите чик лит книги :)
     
  17. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас не сум нешто посебно задоволна од саемов.
    Прво што ми падна во очи, Матица имаа цени на книгите како на нивните промоции, значи некои беа дури и поскапи, што ме запрепасти!
    Нови наслови немаше многу, забележав само неколку. Голем дел имам прочитано и не бев задоволна. Најмногу отидов за книга и потпис од Џамбазов, ама го промашив, па ќе одам утре. Се подновив само со некои, исто така не нови изданија, Индиго Бомбај за која добив и посвета од авторката, Аеродромци, Пеперутка и Мојот господин совршен.
    Тоа е тоа од овогодинешниот саем на книга. :|
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Па не е лошо Старфиш, Сашо Тасевски си го погодила :) Јас сакав Угурсуз да ја купам, ама една членка тука го имаше кажано крајот, па не ми се правеше меракот :)
     
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Па, Виножитке, најмногу ме потикнаа твоите пофалби за книгите на Тасевски и не можев да одолеам. :)
    Мојот господин совршен ја земав чисто да дотрошам пари, а и интересна ми се виде. А утре се враќам специјално за Копилето од Истанбул и книгата на Игор.
    Веќе ја почнав Ингидо Бомбај и ветувачки ми делува. Вечер ќе видиме дали сум во право :)
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Копилето од Истанбул ја купила една другарка, па да си заштедам пари ќе си ја позајмам од неа, т.е ќе си направиме една размена :) Позади содржината беше интересна, па ќе чекам и критика од тебе кога ќе ја прочиташ, и од Трендафилка исто :)