Бууу и јас се спремав да одам специјално за Game of thrones и ете очекувано распродадени биле. Истата приказна беше и лани, само некои други книги беа во прашање, сега неможам да се сетам кои Папала маца, утре ќе се прошетам евентуално да не најдам нешто од останатите што се на избор на англиски. Од другиве книги ништо не ми е по ќејф, единствено се мислев да ја земам Папата Јована бидејќи ја немам читано ама meh... Туку ако не и е тешко на некоја што била може ли да пише дали се извадени книгите од македонските автори (некогаш ги истакнуваат за време на втората половина од саемот). Ептен ми фати око збирката од Цепенков, и уште една збирка од Вапцаров, Мисирков, Рацин и уште двајца автори. Само не и е напишана цената во каталогот. И знам дека ова не е соодветна тема ама може некој да пише која цена се збирките од Раде Силјан?? Please, please, pretty please
Матица,кога почнаа првпат со попустите,јас бев 3,4 на факултет, имаа бааги избор .Се сеќавам дека на два пати купував книги,сигурно до 10-15.Моите кога ми даваа џепарац јас трк во матица,потоа немав за јадење на факултет тој месец Ама,имаше избор ! Сега ,кога ги гледам насловите повеќето ги имам. Вчера бев и ради реда ја купив Загубената ќерка и Како да го излечите својот живот. Исто и лани ме разочараа.
Еее и јас сакав за ова да прашам...дај некој кој знае нека пише да почнам да правам список и да собирам пари
Сега гледам на нивната официјална страна,оваа година е нешто порано Саем на книгата е на 09-15.04.2013
леле саемов цела година го чекам! се собирам пари ситно-ситно и на крај се частам со некои добри книги!
Саемов цела година го чекам и конечно дојде.Си направив список од 15/20 книги и и викам на другарка ми да одиме и оваа го гледа мојов список и се крсти .Ама не ми е гајле сега ќе ги изнакупам и цело лето ќе имам што да си читкам.
Каталози слабо, планирам таму со конкретни замисли да одам. Ѓурѓа се досадни веќе, истиот каталог го тераат веќе неколку години наназад, па и по факултетиве идат со штандови, сериозно треба да се оправат, не знаат од залихите како да се отарасаат. Јас ги земав книгите лани за 100ка, годинава истите за 200 ден. ги продаваат. Ај да беа тазе преведени. Ѓурѓа http://issuu.com/mojakniga/docs/_______________2013 * Сакам книги http://issuu.com/iki001/docs/sakamknigi_katalog_2013 Ејми ја нема ми изгледа занимливо од овој каталог. За Момчето во пижами на риги и Крадци и проститутки читам ривју по нетов, па ќе видам. * Бегемот http://www.begemot.mk/sites/begemot.mk/ ... A-2013.pdf Монахот ми изгледа на страшно добра книга, морам да ја имам! Ако имам нешто плус пари, се надевам на Принцезата во сенка и некое книгуле од Култура. * Патем еве го и каталогот на Култура: http://kultura.com.mk/App_Themes/DBImag ... 20ceni.pdf Се прецениле со цениве.
Ќе одам на саем, ќе си разгледувам, ќе се шлаам по штандови, а наменски одам само за една книга - 101 Рејкјавик. Таа ми падна в очи од понудата, се надевам ќе има попуст.
Знаев дека вака ќе биде, исто ко и лани. Подобро да си ја купиш вака книгата отколку на саем. Место да се поефтини они поскапи ги ставиле.. Саемов почна серизно да ме разочарува.
Јас да си прашам, ова што е промоцијава од сакам книги, да земиш три книги за 590 денари, било кои книги можеш да ги земиш или? Оти јас сакам Игрите на гладните да ги земам, па незнам дали и тие можи
Не може „Игрите на гладните“. И јас истото го сакав, ама промоцијава им важи само за тие книги кои се наведени на страната од каталогот каде што пишува повеќе за промоцијата. (јас така сфатив од коментарите на нивната страна) Тоа им се пред се старите изданија на книги.
Редовен посетител сум на сеамот за книга и баш лани приметив книга од Матица(не се секавам точно која беше) ја гледавме со сестра ми по една цена(поевтина) кога беше сезонскиот попуст, а на саемот за книги на штандот на Матица истата книга(со повисока цена) И оваа година ќе го посетам по традиција и знам дека иако ќе речам само една или две книгида земам ќе излезам со 5-6 Што да правам кога ми се слабост
Истото и јас го приметив. На саемот на Матица мојата другарка си ја зема книгата „Чекај ме“ за 190 ден. а на саемот, истата книга беше 250 или 300 ден. Епа не е фер..саем е, и тоа значи ниски цени..зар ова не го знаат издавачките куќи ???
Лани си купив 4-5 книги ама оваа година и се мислам дали да идам..сега го гледав каталогот на култура...цените им се Неколку книги гледам ги стаиле по 250,290денари,а редовната цена им е 199ден.Искрено само штандот на сакам книги ме привлекива..овие од култура малце претерале.
Стварно не е фер! Ги напумпале ептен цените.. Како и да е, ќе идам. И повеќе од две книги не купувам.
Искрено претерале со цените.Наместо намалување тие си ги накачуваат.Еве пример Култура, книгите од Александра Потер се околу 300-400 а јас ги имам земено на попуст кога беа 200.Единствено од сакам книги загледав некои книги ама ќе размислам.Го чекам каталогот од Матица и ќе одлучам дали ќе одам на саем.