Исто со буџет од 1000 си ги купив Клучот на соломон Мојот Личен ФБИ агент И најновата од Винка Саздова... и тоа два пати и за поклон Понекогаш доаѓа среќа
Моментално има новогодишен саем на книга на Сакам Книги на www.kupikniga.mk. Има нови книги, а и добар попуст на доста наслови Трае уште недела дена. Еве и каталог: http://issuu.com/iki001/docs/zimski_saem_na_kniga_-_katalog_2013 Мислам дека истовремено на Купи книга попусти имаат и Ѓурѓа и Антолог
Саем на книгата во Битола обично се организира во склоп со Бит Фест,на лето јуни,јули или пак август...Јас секако секоја година си го посетувам саемот и си купувам максимум од 3 до 4 книги...Минатата година си купив 3 книги од мојот омилен жанр-историја...поточно:Клеопатра од Џејкоб Абот и Дванаесетте римски цезари од Гај Светониј Транквил,а си ја купив и Смртта на Иван Илич од Толстој и многу ми се допадна,а потоа дознав дека таа книга да ми била лектира за во трета година...Јас една година предвреме ја прочитав...Ама ако,кога се работи за книги,ама ако... И оваа година ќе си купам пак книги..хммм ја планирам Последната војвотка да ја купам,па можеби и ќе ја купам
И јас баш видов деновиве...Па,добро не е многу рано,лани нели беше при крајот на април некаде ? Списоци милион,ама парички...
Секоја година купувам од Сакам Книги, па така и оваа.. Никогаш не ме разочаруваат со изборот.. Ама баш поради тоа ми е тешко да се одлучам кои да ги купам Ете каталог - http://www.sakamknigi.mk/index.php/sect ... f-the-year "Светот не е фабрика за желби" ми е must have, значи таа сигурно ја купувам ама кои други.. Досега цело време сум купувала чик-лит (освен "Продадена") па сега планирам да купам некои трилери, ама навистина неможам да се одлучам кои Мислам дека ќе ја земам и "Исчезната без трага" што значи уште една треба да одберам.. "Дете 44" и "Во одбрана на Џејкоб" изгледаат доста интересни ама нови се, така да сигурно ќе ги има и другата година, па останува да се одлучам помеѓу сите на страните за "Трилери и Мистерии".. Помош?? Spoiler Искрено, било која да ми биде препорачана од тие страни би ја земала, сите ми се интересни
^Мене лично Дете 44 ми се свиѓа многу повеќе од Џејкоб. Јас таа би ти ја препорачала. Секако, ако сакаш историски трилери. Исто така Скриена во најмрачниот агол ми се допадна повеќе од Исчезната без трага. Од Матица ќе има нешто интересно, како стојат работите? Нема уште каталог нели?
Имам ли некоја барем нааааајмала можност на саем да ја најдам Мост преку вечноста од Ричард Бах? Доста е стара книгата,не знам дали можам тука да ја најдам. Или сепак да разгледам..
Секако дека има, а ја имаш и тука http://sakamknigi.mk/index.php/drami/za ... 0%B0%D1%85, но ќе ја има на саем мислам, провери кога ќе биде саемот и кажи ми дали ја има, зошто сакав и јас да ја земам, интересна ми личи.
^^ Треба да има на штандот од ТРИ, гледам на нивната страна дека ја имаат книгата. Ако не ти се чека, можеш да ја нарачаш преку Три или КупиКнига. Инаку мене ептен ми се допаднаа изданијата на Бегемот, супер наслови. Најмногу ми фати око Космос од Витолд Гомбрович, ако одам Скопје за саемот одма ќе си ја купам.
Само еден трилер имам читано, а историски воопшто немам Затоа сега сакам да излезам од комфорната зона "Дете 44" и "Во одбрана на Џејкоб" сум сигурна дека ќе ги има и другата година, па можам да почекам, ама овие другите ("Скриена во најмрачниот агол" и "Исчезната без трага") не знам дали ќе ги има, па изгледа и двете ќе ги земам
САЕМОВ ГО ЧЕКАМ КАКО НЕ ЗНАМ ШТО!!! Периодов си прочитав све што имав по дома и сега планирам да си изнакупам за сите пари, сум штедела со месеци. Каталогот на Сакам Книги е врв, да не знае човек од новите што попрво да земе. Мислам дека ќе удрам на трилери ама и Нешто сино мора да ја земам зошто Нешто позајмено ептен ми направи ќејф. Директ линк од каталог 2014 Ајде, ајде, ајде нека поминува време!
Мене многу ми се допадна.Приказната беше напната, неизвесна и иако имаше паранормални елементи, те држи до самиот крај.Ако сакаш добри трилери ти препорачувам да ја земеш.
Книгата е одлична, те држи во грч до сам крај. И стварно е уникатна приказна, иако има надреал елементи.