Фала ти @UnordinaryOne Јас секако ги анализирам книгите во Последна прочитана книга, барем тие што ни се надвор од клубот. Венко досега го немам читано (знам, за карање сум, не се сеќавам кога последен пат сум прочитала нешто од некој македонски писател) така што не знам што да очекувам. Во секој случај штом ќе ја прочитам ќе пишам критика
И јас сум убедена дека ќе ти се допадне, поточно ќе бидеш воодушевена од стилот на Венко Андоновски Прв пат кога ја прочитав книгата ја имав земено од библиотека, но веднаш потоа ја купив, бидејќи одредени делови ќе посакаш да ги читаш одново и одново Би ти ги препорачала и „Папокот на светот“ и најновата „Ќерката на математичарот“, иако мене лично најголем впечаток ми остави токму „Вештица“. Највоодушевувачкиот цитат од книгата: Кој не ја видел - тој не се родил кој ја видел а не ја вкусил - тој умрел кој ја вкусил - тој не куртулил, оти ќе живее. Јас, а можеби и Ти Нетрпеливо ја очекувам твојата критика
Вака сега тие феминки шо се од Битола и доколку некој сака од другите градови ако е во посета на Битола,значи вака:Саем на книга сега засега ќе биди како минатата година со Пинзата(со исклучок шо оваа година имаше саем на книга и од Матица).Тој моментално е до Теранова и има нови книги донесено,а доколку сакате некоја шо ја нема изложено,побарајте му ја,то ест порачајте му ја..Цените му се по саемски цени и јас од кај него имам купено книги,а сега планирам и Драги Џон да ја купам или Девојката со бисерна обетка кои се ако не се лажам,280 денари.
Оваа година кога есаем книгата и дали ќе се одржува? Ако се одржува ќе биде ли на истото место? Дали некој има информација со книги и цени?
Каталогот на Бегемот - има добри понуди. http://begemot.mk/wp-content/uploads/2016/04/Saem-na-knigata-2016.pdf
Ме интересира дали некоја од Битола планира да го посети саемот на книги? Ако има некоја нека ми пиши лп