Мене искрено многу анксиозност ми создава штандот на Антолог, а баш меркав две три книги. Многу им се нападни продавачите, како на пазар да продаваат чорапи три за сто. Можеби и нив така ги тераат агресивно да продаваат, па немаат избор. Ќе видам дали ќе успеам да купам нешто или не
Како секоја година, така и оваа, триаголникот на движење ми е Ламина- Бегемот- Или-Или. Ламина имаа изненадувачки попуст, прво отстапија од правилото 20%, а второ, за разлика од лани, имаа попуст на речиси сите изданија. Исклучок се само изданијата од едицијата Светско книжевно богатство. Згора на се, ако купиш 10 или повеќе книги на каса добиваш дополнителни 10% попуст. Ја земав “Се викам Црвена“ од Памук (од 590 на 350 плус 10% попуст), “Името на розата“ од Еко и биографијата на Кјубрик по 200, “Краткиот чудесен живот на Оскар Вао“ (книга добитничка на Пулицеровата награда), “Реквием за американскиот сон“, “Без Сон„ (мало трилерче кое за 100че односно за 90че не се пропушта), “И на небо и на земја“ од Петре, “Времето на жените“ (мислам дека и оваа беше 100че, книга добитник на руски Букер), “Уличниот мачок Боб“ за 100че и “Нека снежи“ на која ќе и дадам шанса, но ја земав да комплетирам еден сет од 10 книги. Бегемот имаа примероци и од некои постари изданија, изданија кои ги немаше на претходните Саеми, како на пример “Банкарот анархист“, а видов дека имаа и по едно изданија од “Киндапиран“ од Стивенсон, “Дон Кихот“, “Мраз“, Крајевски, Еко...но и имаат и книги на распродажба, по 50 ден, таму ги најдов “Карфанаум“, “Игра на туѓ терен“ (со што си ја комплетирав Мрачната серија/едиција), “Страдањата на кнезот Штерненхох“ и “Миленик“ од Блом. Покрај нив ги земав и “Магла“ од Унамуно. “Банкарот анархист“ и “Историја на вечноста“ од Борхес. На последната страна на каталогот на Или-Или има линк, на тој линк може да се пронајде целиот каталог, а не само саемските новитети кои ги постирале на изворниот каталог. Така, имаат книги и за 100-150-200. За по 100че ги земав “Крајот на еден семеен роман“ од Надаш (ја земав за проба, ова е релативно мала книга, ако ми се допадне стилот на пишување ќе го земам и неговото капитално дело “Книга на сеќавања“), “Книга на таткото“ од Видмер и “Комунистот Монте Кристо“ од Сечи. Книжарница Три дефинитивно потфрли, речиси и да немаат попусти односно имам поголем попуст до Клуб картичката (10-15%) преку целата година отколку на нивниот штанд или повеќе попуст имаат Букленд на најголем дел од нивните изданија (25%) отколку самите Три. Од друга страна Матица имаат паралелен Саем кој од практични причини нема да го посетам. Саемот, дури и во ваква форма, треба да претставува културна манифестација каде на едно место ќе се најдат сите издавачки куќи каде ќе промовираат новитети, ќе претстават некоја интересна маркетинг стратегија за продавање, посебно за помалите издавачки куќи кои немаат свои книжарници саемот е вистинска шанса за акумулирање профит, така ќе донесат некој домашен или странски писател, ќе ги зближат читателите со книгата. Маркетинг стратегиите, на дел од издавачите, им се ужасни. Полица има еден ист каталог со непресметани саемски цени. На саемот книгите имаат своевиден попуст, но оној кој ги разгледува каталозите ќе добие впечаток дека настапуваат со малопродажни цени и воопшто нема ни да ги посети. Три и Сакам Книги имаат минимални попусти на најголем дел од изданијата. Академска книга има стандарден попуст од 20% кој го имаат и неколку пати во годината! Антолог, како и секоја година, ги рипам. Тука не се работи за (не)квалитет на нивните изданија односно проблем со попустите, туку вистинскиот Саем во нивната книжарница е кога имаат 50% на сите нивни изданија (мислам дека е денот кога имаат роденден), некоја акција како 10 книги за 699 ден или на денот на вашиот роденден кога имате 40-50% на сите изданија. Имам уште неколку забелешки, како на пример не сите изданија од каталозите ги имаше и на Саемот, тоа е мал минус, воошто не ми се допаѓа локацијата каде што се одржува Саемот, Скопје мора повторно да стане саемски град. Оваа година и не беше така лошо, сеуште сме во рана пролет, но лани беше премногу топло, премногу загушливо, посебно преку викендите или во неработно време, каде беше тешко да се разгледаат одредени штандови. Иако има ризици за оштетување на книгите од временските неприлики, отворената алтернатива повеќе ми се допаѓаше.
Ок беа попустите. Секако сметам дека е голема разликата од минатите години и со избор и со цени, но тоа е, се е сменето. Немав време во Литература да погледнам, беше многу гужва во тој момент, после не стигнав за назад и сеа ми е криво.
Возбуда на најако. Денеска ке купувам, извадив пари до 6000, за да не забегам и да потрошам повеќе. Последниве 5 години пола пола со керка ми купуваме, така што нема да можам се да си купам. Малку сум разочарана за некои книги што не ги преведоа Три, ама ќе почекаме де...
Или-Или (првиот е новитети, вториот е целиот) https://drive.google.com/file/d/10P...I1vQgdpW1sHIX_2sILuu64QfUwTYG7D_E4pXtdMnCkZIs https://drive.google.com/file/d/1E2TDX358XR5JF6G20myst8zfTqFEFLvU/view Книжарница Три https://admin.prikazni.mk/uploads/redactor_uploads/645383cb172df-TRI saemski katalog.pdf