Грото се такви Тања. Одат за да бидат видени. Купуваат за да се сликнат со купчето книги по македонските книжевни групи, а во скроз обичен ден да иницираш разговор за книга нигде ги нема. Дополнително е што една рецензија асална нема да видиш (а дизајн на нокти - да, што е сосема промашено во групи за книги). Немам против купчето, ако навистина си го читаат за свој ќејф и никако заради толпата. Од оваа причина и почнав да влегувам во фб групите на сосема други држави и разликата е огромна. Пријатно изненадена од тоа колку стварно се чита (сè што ќе се најде пред нив, дури и позајмени книги - тука кај нас е срамота пример да читаш позајмена книга, иако имаме млади што прават напори да се вметнат така што организираат базари), се дискутира и се посветува внимание буквално на секој пост (што не е случај кај нас, каде си дискутираат само оние што си направиле свој круг и другите ги исклучуваат, goodreads строго на пријателска база и лажни рејтинзи). *** Јас вчера наминав на саемот и ги фатив на сам крај. Тоа што го барав си го најдов, две книги беа мојот избор. Штандовите беа лошо наредени, иако се виде дека добар дел се трудат (што ми се допадна). Ќе препишам на уморот (некои делуваа изгубено), некои не беа баш запознаени што всушност продаваат на свој штанд(?). Вториве ги има скоро секогаш, и не само на саеми туку и воопшто во книжарници (а никако да си го решат). Она што фали е општо култура и меѓу посетителите, мене барем ме нервира кога некој не си ја држи својата страна кога разгледува и кога нема осет за тој до него.
Разочарана од дел од штандовите, млади девојки продаваат книги. Уствари се само продавачки. Кај нас слабо се чита или младинава и воопшто не чита. Од тука и заклучувам дека и образованието ни е на ниско ниво.
Тоа е зашто бараат исклучиво продавачки, а пред да ги стават на штанд не ги ни прашуваат да рецензираат барем три книги. Усно, на лице место да се види и вокабуларот. Доволно е да кажат дека се на книжевност, тоа е критериумот. За жал.
Јас имав позитивен впечаток од продавач на Антолог, дојдов да побарам една книга, тој уште пет други ми препорача и ми даде мислења. Исто, како и претходни години на саемот, доколку купите книги од Академска книга, даваат ваучер од 30% попуст, а и воопшто имаат попуст од 20% на сите книги во нивната продавница до 24ти мај. Од друга страна, пак, книга што кај нив чини 1000 денари, си ја најдов со македонски превод во Или-Или за 150 денари. Книга од Арт Конект што ја пребарав во Литература, сите копии беа продадени, ја најдов на нивниот штанд на саем. Туку потсетете ме: саемот за книга беше еднаш или два пати годишно?
Не се лажеш ако мислеше дека некогаш бил и два пати годишно. Така беше чинам во пост корона периодот или негде тоа време. Се виде дека немаше потреба, се вратија по старо. Сепак да организираш саем не е 5 минутна работа, мора да ги координираш издавачките куќи, а се знае дека во последно време има тивка војна меѓу нив. Некои веќе и со години не присуствуваат и изиграваат „несврстани“ со правење на личен саем.
Оваа година ќе биде порано саемот, од 23 до 29 април. Ми се допаѓа што донациите ќе бидат наменети за СОС детското село.
Не сакам да бидам хејтер ама се надевам дека годинава Сакам Книги нема да решат да носат некој препознат автор, кај во Борис не се дишеше, па не можеш ни да прошеташ, страшна гужва. Да не ме сфатите погрешно, го сфаќам концептот и возбудата околу тоа да се запознаеме со авторите меѓутоа ептен фокусот се става само на таа издавачка куќа, а другиве штандови празни. Некако не ми е океј воопшто, плус јас сакам секаде да си разгледам, и поткупам книги, кога носат автори нема шанси.
Јас не се согласувам со ова. Баш саем е соодветен тип на настан за промоција на некој автор, домашен или странски. Тоа дека ние немаме соодветна инфраструктура за ваков тип на настан, а и постоечката нема основни услови за за тоа, е сосема друга тема на муабет, за жал. Редно време е и организаторите подобро да размислат за логистиката на ваквите настани, имајќи ја предвид минатогодишната заинтресирсност.
Тоа и ми беше муабетот. Да супер е да имаме интересни автори и домашни и странски меѓутоа салата кадешто се одржува настанот е несоодветна и не сметам дека треба да се прави таква страшна гужва.
..па нема баш многу избор за места каде да се одржи саемот. Може и не треба да викаат никакви гости, јас пример не ја сфаќам еуфоријата на доаѓањето на некој автор (а реално се знае колкав ни е капацитетот и на пречекување, како и (не)културата на посетителите). Освен што ми помага да знам кога да не одам, зашто поентата на саемот е баш да си разгледаш на раат (бар по моја дефиниција). А можеле пример и во јуни да организираат. Во парк, на отворено. Ем природа, ем книга.
Од тој аспект размислувам и јас. Моја другарка работеше во Сакам Книги и баш знам дека на неколку наврати се имаше начнато темата да организираат некаде на отворено, ама не било изводливо, и пак ќе биде во загушливиот Борис. Јас мислам дека со години откако е таму не сум разгледала баш онака на раат зошто ужасно загушливо е.
Сѐ е изводливо ако се сака, а тогаш и баш би имале поголема посетеност. Можеби понатака нешто би смениле, којзнае.
Здраво, дали знаете дали ќе има и онлајн „саем“ т.е саемски цени на веб страниците на издавачките куќи? За нас кои не сме во можност физички да го посетиме саемот
Претходните години истите цени од саемот ги имаа за порачка и онлајн, претпоставувам дека така ќе биде и сега
Арс Ламина ја носат Сара Пеканен. Се надевам дека нема да има гужва, во спротивно човек нема да може раат да се прошета. А уште ги немам прочитано тие што ги купив на минатогодишниот саем на книги, таман да си докупам нови
Лани не бев на саем, бебето ми беше 4 месеца и не беше изводливо. Годинава ќе одам со неа, ќе ја земам во количка. И така сигурно повеќе книги за неа ќе купам хахаха Ама многу се мислам кој ден ми е најпаметно да го направам тоа, што мислите?
Лани бев на вториот ден од саемот и околу 14-15 часот немаше гужва, претпоставувам поради тоа што работното време на повеќето им е во тек. Кога ми дозволувале обврските, сум одела и од сабајле кога ќе отворат и тогаш немало гужва. Обично во овие два термини одам и досега се погодило супер за шетање низ штандови. Ако се погодат ученици на посета, знае да стане гужва. Но последниве 2-3 години не се погодило да се поклопам со ученициве, па ќе видиме годинава како ќе биде.
Ау, не ни забележав што ден се паѓа. Епа јас би одела во понеделник тогаш, мислам дека би имало помалку гужва отколку за викенд.