Скоро една недела до почетокот на овогодинешниот саем за книга и само една издавачка куќа со каталог! Пропаст! Мислам дека од година во година рушат рекорди во доцнење, а како тргнало очекувам до 2030 па и воопшто да ги нема, или да нема ни саем.
Дали има некаде да се види кои автори ќе присуствуваат на саемот? Инаку во однос на дискусијата, лани бев на саемот со цел да се запознаам со Фицек ама воопшто не беше организирано, имаше преголема гужва што буквално внатре немаше воздух, треба да имаат некој систем на врата каде што нема да се продаваат влезници доколку одредена бројка на посетители е исполнета и е веќе внатре во халата. Ама македонското само за да се направи пари ќе продаде еден куп влезници а внатре што не може да се мрдне е друг маубет.
Досега, овие се најавени и потврдени: - Сара Пеканен - Арс Ламина - 25.04.2026 во 13 часот - Јиржи Хајичек - Славика либрис - 25.04.2026 во 12 часот - Ирса Сигурдардотир - Антолог - 26.04.2026 во 12 часот - Виола Ардоне - Сакам Книги - 26.04.2026 во 11:30 часот
Од Антолог ќе биде Ирса Сигурдардотир (се надевам го погодив презимево ) Арс ламина - Сара Пеканен и натаму не знам.
Повелете каталог на Сакам Книги. Имаат понудено навистина солидни попусти, и воедно за сметка над 1500 денари следи книга подарок. Исто така, и Матица, кои не учествуваат на саемот, имаат ептен супер попуст на нивните книги.
Повелете саемски каталог на Антолог. Како и претходните години, покрај попустите, нудат и дополнителна понуда; „Плати 6, земи 7 книги“
Ми излезе и Македоника литера со солиден е-саем (попуст од 30% на сите книги од каталогот). *** Бегемот годинава ќе изгазат со Best buy! делот (кој е на крајот на каталогот). Гомбрович е нешто што не смее да се пропушти. Во преводот воопшто не се сомневам.
Три имаа далеку поголеми и подобри попусти (дури и на најновите книги) во текот на изминатава година. Партали направија со летните неделни попусти на кои имаше баш супер книги намалени на 50%. Цениве во каталогов...ноу комент. Од Харуки Мураками им останале две без три книги, од ништо не обновиле изданија. И од Елиф Шафак им останале трчи-сопни се книги. Арс Ламина не си извадиле репринт на "Сто години самотија" од Маркес. Исто се изненадив негативно за ова. Најбарана книга му е на авторот, а ја нема. Штета. Мене најмногу ме влечат класиците што ги објави Полица, сакам да ги имам и да ги прочитам тие што не ми се читани. Ама цените им се лудо високи, па ќе се чекаат здравје на некоја акција на пола цена. Или на крај краева, на старо ќе ги начекам во тврд повез. А што ќе си купам...ќе видам, не ни правам список или некаков план годинава. Имам само две книги на ум, а за остатокот ќе се препуштам на моментот, да видам што ќе ме привлече таму меѓу куповите книги.
Не само Три и Полица, сите издавачки куќи имаат подобри понуди во текот на годината, за Блек Фрајдеј, за Нова Година, за Валентајн, за Осми Март, за онака. Три имаа Garage Sale сега скоро во книжарницата во Гтц. Супер што се активни во текот на целата година со случувања и попуст, ама за Саем им оди сѐ полошо и полошо. пс. Полица имаат траен попуст од 30% за пензионери (толку беше ако не се лажам), ако ти помага во математиката
Да, но некако посебно е чувството кога баш од Саем ќе си купиш книга (особено ако е некој новитет) на добар попуст. А тоа сè поретко го има, новитетите секогаш се скапи и можат да се начекаат за многу подобра цена во текот на годината. Од Три ги сакав новата на Габор Мате, Демони и Селинџер. Ама, сепак ќе почекаат. А за попустот во Полица знам, имаа нешто слично и за студенти ако добро се сеќавам. Си ги чувам опцииве ко џокер, иако мислам дека после Саем ќе ги вртат секој месец на попустот што им е на секои две недели - пола месец книги на пола цена. Така ќе ги начекам. Има каталог од Или-Или и Артконект?
Се сложувам баш за Три, и искрено пак ме зачудија што немаат поголем избор од Мураками. Пред некое време кога отидов во дуќанчето во ГТЦ, да ја земам Норвешка Шума мислејќи ја имаат, најбарана книга му е на Мураками, вика ја немаме таа којзнае и дали воопшто ќе се реиздаде. И сега си велам ајде за саемов сигурно ќе направат нешто повеќе книги од Мураками, јок бре, три книги само.. Матица имаат многу добри онлајн попусти секоја година за време на саем на книга, другиве се чувствувам како повеќе да ги трупаат цените отколку што ги намалуваат, ама ајде ќе видиме. Среќа Волкот Лош, кадешто може да се најдат многу добри англиски изданија ќе биде годинава на саем, ептен се прерадував, па веројатно ќе земам некоја книга од таму и од Мураками дел што имаат. Немам годинава никаков список, ниту планирам што ќе земам.
Да, пред некој месец Идиот беше на пола цена 350 денари, а сега на Саем редовната му е мислам 800(?), за саемската цена да му е 700 мислам, или 650. Малку си манипулиркаат со цените. Ќеиф ми е и мене, плус и дека не живеам во Скопје, ама ќе си почекам некоја друг попуст веројатно. А Мураками како да го видов во каталогот комплет? Да не го чувале з на Саем? Од Артконект не најдов ништо, Или Или некако ми се неми, обично објавуваа листа секогаш.