Саем на книга (23.04.26 - 29.04.26)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 15 април 2010.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    83.012
    Пол:
    Женски
    Точно, точно, малку повеќе си ги штимаат цените. Јас Идиот ја купив 350 денари на една од нивните акции и на моето издание на задната корица кај цената пишува 700 денари, испечатена е на самата корица.
    Веројатно го продале тиражот и новиот тираж им е по некоја покачена цена. Скроз антипатично.

    Од Мураками видов само 4 книги во каталогот. Една од 1Q84 серијалот и тек-тук некоја друга. Ми падна чудно, дека нели еден од signature авторите им е, мене неговите книги и книгите на Елиф Шафак (од која во каталогот исто имаат само 4 книги) ми се синоним за Три. Плус, очекував досега да ја спремат за издавање најновата од Мураками - The City and its Uncertain Walls. Доста време помина како е излезена, а некако штама.

    Или-Или во меѓувреме објавиле дека го ажурирале сајтот со попустите, па ќе разгледам. Барем список да напишеле, но ајде. А, Артконект се тотално андерграунд и малку ме нервира тоа. Ни сајтот не им е приспособен за онлајн да нарачаш. Скроз ко на пазар ми е тоа пишувањето пораки на фб за да нарачаш книга, па од Саем на Саем ги посетувам затоа што тешко да начекаш попуст на нивни книги низ други книжарници. Имаат прекрасни книги и професионални преводи, штета е да нема како да се нарача преку сајтот.
     
    На azelea и Waverly Raven им се допаѓа ова.
  2. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.939
    Допаѓања:
    15.103
    Пол:
    Машки
    На крај, сепак ќе испадне дека саемот се организира колку да се рече дека има саем.

    Во државава, сѐ изгуби смисла. Многу настани, збиднувања, институции и сл. се само сенка од она што беа.

    Ете толку ќе кажам…
     
    На sweet-cherry, Евроазија, Amellie и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    83.012
    Пол:
    Женски
    На azelea и Nausicaa им се допаѓа ова.
  4. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.736
    Допаѓања:
    9.348
    Пол:
    Женски
    Сега баш роварев, некаде ја видов Норвешка Шума, можно е да
    кај овие што продаваат на старо, Книга за секого и слични профили. Ќе ти сликнам ако најдам. Идиот не верувам дека е веќе нов тираж за да има нова цена, ама ќе истражам. Ана Каренина новото издание од Антолог (?) исто го меркав, ама и тоа не се чини баш на попуст. Тоа е, и издавачкиве куќи како без мерак некако да туркаат.
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    83.012
    Пол:
    Женски
    Сликни и' на @bookslover, ако сè уште ја бара.

    Јас сум хардкор фан, сè имам од Мураками. :lol:
    Само ме разочара што имаат штура бројка негови книги оваа година, па си коментирам за да ми биде полесно.

    Од Антолог најмногу се исплати да се изнакупи кога ставаат 50% на сите нивни книги. Мислам еднаш годишно, околу нивниот роденден или така нешто. Околу лето некаде треба да е, ако добро се сеќавам. Почекај ако не ти е итно, ќе ја најдеш по некоја поповолна цена секако.
     
    На azelea, riba79, bookslover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.909
    Допаѓања:
    7.313
    Пол:
    Женски
    Ја најдов јас на старо после тоа и ја прочитав веќе :D
     
    На Abel му/ѝ се допаѓа ова.
  7. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    17.244
    Стварно,цениве се благо речено ужас:^).
    Јас за мене ќе купам неколку од издавачка куќа Муза,нивните книги ми се откритие,преубави дела и не се скапи многу ,и може нешто од Три новиве или Антолог.
    Мислам дека повеќе ќе земам за децава,посебно малава таа ќе се награба од секаде(facepalm).
    Овие на Артконект детскиве се многу добри,ама никаков попуст немаат,истите цени се преку цела година:(.
     
    Последна измена: 23 април 2026 во 12:11
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    83.012
    Пол:
    Женски
    Муза имаат објавено некаде цени за саемов? На сајтот сè уште им стојат редовните цени колку што успеав да видам.
     
  9. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    17.244
    Немаат :(.Баш и јас барав да видам.
    Мислам дека лани имаше три книги за цена како за две нешто така ако се сеќавам добро.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  10. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    17.244
    @Mishela ,еве што објавија сега IMG_20260423_144403.jpg
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    83.012
    Пол:
    Женски
    Фала ти, видов и јас пред малку.
    И баш се израдував, таман да си ги докупам поновите. :party:
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  12. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.164
    Допаѓања:
    17.523
    Пол:
    Женски

    Заедно во мислите, како заедно на погреб..? Невкусен слоган за ваков пролетен саем. Нефункционален пристап до страна, па како тоа се спремни за нарачки?

    ***

    За некоја година, сите од саем на книга полека во е-саеми ќе преминат како што се тргнати. Ќе остане Антолог (тро исфорсирана) и полека ќе се изгуби убавината и сфаќањето за тоа што претставува саемот. (n)