Саем на книга (23.04.26 - 29.04.26)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 15 април 2010.

  1. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.942
    Допаѓања:
    28.873
    Јас бев сабајле, немаше многу гужва, подносливо беше.
    Лани имав само обиди да отидам. Уште надвор за карти беше хаос.
     
    На azelea, Annath и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.472
    Допаѓања:
    206.865
    Пол:
    Женски
    Бев на саемот, си купив три книги. Добро е, мислев ќе останам со празни раце, оти нема баш нови преводи, само веќе издадени книги од претходно, и нивни реизданија. Цените не беа баш саемски, ама секако добив попуст, иако не многу.
    За поздрав е што ги се обновени преводите на светските класици, имаше на различни штандови од нив.
    Добро е што немаше многу гужва, можев на раат да си разгледувам. Ми се допаднаа штандовите на Полица, Или-Или, Арс Ламина и Антолог, Академска Книга е истото со години, само нови корици.
    Сакам Книги тераат со нивната шема, со 90% чиклит, ама ајде, ако тоа прави да читаат луѓето, добро е.
    Мене не ми се допаѓа лекторирањето на преводите, самите преводи не се баш добри, ама лекторите ги доуништуваат. Дури и во книги од македонски автори се забележува дека лекторите не си ја знаат работата. Се надевам дека ќе има подобрување на тоа поле.
    Сакав да си ја купам најновата од Ден Браун, ама прво скапа ми беше (1080 денари), второ ризично ми е со преводот. Не ја најдов во оригинал во Академска Книга, па ќе почека некое време изгледа. Барем додека ми се врати желбата за читање. Од почетокот на годинава само седум книги имам прочитано :(, само од македонски автори, а порано толку книги читав во еден месец. Многу долго ме држи читачкава криза.
     
    На MeowMeow, bookslover, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Eunoia

    Eunoia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2023
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    524
    Пол:
    Женски
    Предложете што да се одбере од Матица, гледам тие имаат доста голем попуст
     
  4. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    3.688
    Пол:
    Машки
    Не може да се издаде книга ако не се лекторира. Што ти пречи кај лекторирањето конкретно, ме интересира. :) Зошто мислиш дека лекторите ги уништуваат? Каде конкретно грешат? (п.с. Не сум лектор, љубопитен сум да знам. Сакам книги, читател сум.)
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.472
    Допаѓања:
    206.865
    Пол:
    Женски
    Грешки во редоследот на зборовите во речениците, предолги реченици во кои се губи смислата, како и дијалекти во книга што не е напишана на дијалект.
    Самиот превод не е како што треба, најчесто преведувачите се тие што ги грешат овие работи, ама лекторот ако не ги поправи, тогаш е и негова грешка. Ни јас не сум лектор, ама бидејќи читам од најрана возраст, книгите што се преведуваа кога јас бев дете и тинејџер, се далеку над овие денешниве, и во однос на превод и во однос на лектура.
     
    На ane.bella, Пале 345, Panda00 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    3.902
    Пол:
    Женски
    На саем не сум била откако беше кај Ист гејт.
    И огромна разлика ми се виде и во производи и во попуст ,во се.
    Матица не видов да имаат штанд.
     
  7. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    3.688
    Пол:
    Машки
    Грешките во редоследот на зборовите може да се решенија во однос на даден контекст. Преводот не е математичка или доследна секвенца на зборови.
    Предолгите реченици зависат од тоа како писателот пишувал. Ако преведувачот/лекторот ова го следел тогаш нема проблем. Не е грешка само по себе. Замисли да сакаш Пруст или Фокнер да го направиш „читливи“ со кратки реченици.
    Дијалектни зборови во текст што не е на дијалект може да е проблем, но имам чувство дека многу луѓе стандардни зборови од турско потекло ги доживуваат како дијалектни зборови. Ти верувам дека е така, само сакам да обрнам внимание.
    Преведувачот, лекторот, уредникот, работат заеднички, издавањето е колективен процес. Не може да знаеме кој каде „згрешил“ ако не го знаеме процесот, зашто читателот чита конечен производ, но, преводот има многу фази, препрочитувања, дотерувања. Може да е до лекторот, може да е преведувачот, може да е уредникот.
    Кои добри преводи еве би ги препорачала? Убаво е човек да знае и за добрите примери. Мислам дека генерално сме премногу фокусирани на лошите.
    Мило ми што читаш отсекогаш. :)

    п.с.

    Еве јас да препорачам одличен превод на јапонското ремек-дело, иако бев скептик во однос на успехот на Мураками. Обично не читам многу читани или популарни писатели.

    https://www.literatura.mk/sovremena-knizevnost/30649-hronika-na-pticata-navivalka


    (Да потенцирам, не работам ни за „Литература“, ни за „Три“.. Едноставно ми се допаѓа преводот и книгата. Би сакал следниот пат некој да го преведе Мураками од јапонски.)
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена: 26 април 2026
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.226
    Допаѓања:
    145.532
    Читај книги издадени од Табернакул па после од Топер, или Ѓурѓа, или матица, па ќе сфатиш што значи превод и лектор.
    Читај книги на англиски и нивни преводи, страшни разлики.
    Грешките во преводот треба да ги лови лекторот, ако ги најдам значи ништо не гледал. Лоши лектори се причина што не ја дочитувам книгата. Порано имав слики со сите грешки кои не смеат да му се случат на лектор.
    Ако јас како човек кој не завршил филолошки факултет ги гледам, за нив е срамота.
     
    На Panda00, eliesaab, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    3.688
    Пол:
    Машки

    Грешките во преводот во рамките на издавачка куќа, всушност, ги лови уредникот кој и самиот често е преведувач или многу посветен читател. Лекторот добива „готов“ македонски преведен текст и потоа го коригира па ги враќа на уредникот и преведувачот. И ова оди во неколку фази. Многу е важна, можеби и најважна, комуникацијата преведувач - уредник - лектор, сите алки од тој синџир. Не проблематизирам дека сите треба да се високо квалификувани и искусни. Ова е сѐ теорија, многу често уредникот е и лектор, некои издавачки куќи немаат ни лектори, или мислат дека се на доволно високо ниво да поминат за такви. Основа на сѐ ова се пари, се разбира.

    Нема да препорачувам издавачки куќи. Нам генерално ни недостасува образование. За да постои проценка треба да бидеме упатени и образовани. Не сакам никого да навредам или да критикувам конкретно, инаку. Не ми е тоа целта. Многу фактори има тука, премногу широка тема, некаде веројатно и сум коментирал. Само констатирам.
     
    На azelea и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  10. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    Нема воопшто многу фактори. Само преведувач кој си ја знае работата ( не google translate) и лектор кој вистински ќе лекторира. Некогаш се случува лекторот само да се ,, потпише" без воопшто да лекторира.
     
    На Panda00, eliesaab, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.472
    Допаѓања:
    206.865
    Пол:
    Женски
    Стилот на авторот може да е со предолги реченици, ама ако се како што треба напишани и средени, нема проблем со тоа. Проблемот е што кога се работи за превод, најчесто се оди со буквално пренесување на зборовите како што се наредени во реченицата. Тоа не може баш така да се прави. Еден Славко Јаневски пишуваше со долги реченици, па имаа смисла неговите зборови. Овие сега што преведуваат се благо кажано, лоши во својата работа, а за лекторите немам што повеќе да кажам освен тоа претходно што го пишав.

    Сум преведувала инаку, работев хонорарно за Табернакул еден период на преводи на стручна литература. Јас си знам колку ми беше тешко да го преведам материјалот како што треба, да биде соодветно разбирлив, јасен и сепак стручно кажано. Сепак се работеше за медицинска литература.
     
    На Panda00, Nausicaa, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    3.688
    Пол:
    Машки

    Погоре, кога спомна дека има „грешки во редоследот на зборови“ (парафразирам) кај преводите, веројатно си имала забелешка за соодветноста на редоследот во однос на оригиналот. Јас поинаку те разбрав. Со ова се согласувам. Многу треба да се внимава на редоследот, но не да не се оди строго кон следење во однос на оригиналот, ако тоа не го дозволува македонскиот.

    И ова е убава дебата. За да биде уште поконструктивно, и наместо да пишуваме општо за преводите, еве идеја за анализа на конкретни преводи, изданија, автори, книги што се купени од саемот, веќе ако се држиме до темата овде, или може да се отвори нова само за преводи на македонски. Тоа ќе им покаже на издавачите, преведувачите, уредниците, лекторите каде да внимаваат и ќе има некаков систем на добар/лош превод/издание/тип на книга. „Преводите се лоши“, „книгите се неинтересни“, „порано беше подобро“ речиси ништо не кажува...Верувам дека некои од нив го читаат нашите реакции тука, Сепак, ние сме тука и читатели и купувачи.
     
    На bookslover, azelea и Annath им се допаѓа ова.
  13. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.193
    Допаѓања:
    17.657
    Пол:
    Женски
    Впечатоците од случувањата наоколу..

    Срамно за х издавачка куќа што сакаше да протне оштетена книга на саемот. Без дополнителен попуст за оштетување на истата, уште превртување очи зашто мораше пак да стане и ја замени со скроз неоштетно издание.

    На друг штанд, нешто зазборени куцнаа отповеќе отколку саемската понуда.

    Баш се прашувам колку ќарија отповеќе и што мислат, колку од тие што искусија се направија дека не приметуваат (само за да не се наруши фамозната саемска слика)? Муабетот ми е, повеќе свесност и култура видов во рандом луѓе неголи претставници на штандови.

    Хм, може ќе дадам шанса уште еднаш до крај на саемот.
     
    На bookslover му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    8.253
    Пол:
    Женски
    Бев денес на саем и ова е најкратко што сум останала зошто веќе имав нешто во глава што и како сакам, тоа земав.

    Не сум воодушевена како и секој саем, годинава Сакам Книги многу добри попусти за разлика од други години кога попустите им беа голема 0. Другиве издавачки куќи тук таму нешто интересно. Три ме разочараа, книгите никакво намалување немаа.

    Сѐ на сѐ класично искуство, не им работеа ни терминалите за плаќање со картичка, што не е баш ок, не дошле сите со кеш и така.

    Мојот избор годинава:

    IMG_7827.jpeg
     
    На Panda00, Abel, Vikktorr и 3 други им се допаѓа ова.
  15. lady1987

    lady1987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    143
    Матица неколку години наназад не учествуваат на саемот, туку си организираат саем во нивните книжарници и истиот попуст мислам дека им важи и за онлајн нарачки.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.874
    Допаѓања:
    9.723
    Пол:
    Женски
    Лекторот не може апсолутно да лови грешки во преводот, бидејќи тој нема увид ниту во изворниот јазик ниту во изворниот текст. Тој работи само со преводот. Може да го познава странскиот јазик, но не може да го исправа преводот. Тој го "средува" македонскиот текст според нашите грамаитчки, лексички и правописни правила, а не гледа каква е содржината. Тоа е работа на преведувачот. Матица, Ѓурѓа и слични, формално имаат лектор (како што на пример само формално општините имаат инспектор за домување) , а неретко брзопотезно преведуваат од српски, и затоа преводите личат така несредени.
     
    На Aesc2000 и bookslover им се допаѓа ова.
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.874
    Допаѓања:
    9.723
    Пол:
    Женски
    Сакав баш да отидам на средбата со Ардоне, не стигнав дека недела. Баш ме интересира како ќе ти личи Олива Денаро, ако ти текне, сподели :)
     
  18. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    8.253
    Пол:
    Женски
    Во право е Абел.

    Преведувачот е тој што всушност го пренесува текстот од еден јазик на друг што значи треба да го разбере оригиналот, да ја фати смислата и да ја пренесе на македонски што поприродно и поточно. Ако тука се згреши или се преведе буквално, веќе настанува проблем и лош превод.

    Лекторот пак од друга страна не работи со оригиналниот текст какошто кажа Абел, туку со веќе добиениот преведен македонски. Неговата работа е да го среди јазично граматика, правопис, интерпункција, стил, да звучи течен и правилен македонски. Не би требало лекторот да е во улога да „декодира“ што сакал да каже авторот, затоа што нема директен увид во изворниот текст.

    Лекторот може да фати дека нешто не звучи добро или е чудно преведено, ама не може целосно да ја исправи смислата ако преводот веќе е напишан лошо. Тоа е веќе грешка на преведувачот.

    По сите правила и прописи најдобро е кога преводот е квалитетен и добро изработен од старт, а лекторот само го пегла на крај јазично.
     
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.226
    Допаѓања:
    145.532
    Реченици од типот речи му на мајка ти, не смее ни на лектор ни на преведувач да му се случат.
    Ако преведувачот е од Прилеп, лекторот треба да пази. Тоа сакав да кажам.
     
    На Panda00 и eliesaab им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.472
    Допаѓања:
    206.865
    Пол:
    Женски
    Работа на лекторот е да го провери преводот дали е во духот на македонскиот литературен јазик, секако ако авторот не ја напишал на дијалект. А најчесто не се во духот на македонскиот јазик, односно нема правопис и точна граматика затоа што ни лекторите не го знаат јазикот како што треба, или не си ја завршуваат задачата.
    Значи смачено ми е да читам реченици во кои редоследот на зборовите не е правилен, како „отидов и ја земав на мајка ти јакната“ - а всушност правилно би било, „отидов и ја зедов јакната на мајка ти“. Ако ме сфаќате што сакам да кажам.
     
    На Panda00, grungy, riba79 и 1 друга личност им се допаѓа ова.