1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Саем на книга (23.04.26 - 29.04.26)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 15 април 2010.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.805
    Допаѓања:
    9.524
    Пол:
    Женски
    Те сфаќам, јас сум преведувач, иако не работам книжевен превод. Но, ако во оригиналот е напишана таа реченица така, така ќе остане и во преводот. Треба да се внимава, ама повеќе од сигурна сум дека некои издавачи штанцаат книги кои не поминале низ лекторски раце.
     
    На Annath и bookslover им се допаѓа ова.
  2. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    7.603
    Пол:
    Женски
    Апсолутно те разбирам и се согласувам со тебе, само сакам да кажам дека во најголема мера лекторот не е задолжен цела книга да ја преправи.

    Ако е нешто буквално преведено, лекторот може да го смени тоа ама не секогаш може да ја спаси ситуацијата ако проблемот потекнува уште од преводот.

    Затоа секогаш велам добар превод е клучното, а секако и добар лектор/ка.
    Околу примерите со редослед на зборови да, се сложувам скроз, лектор треба да реагира на вакви работи и да ги направи поприродни на македонски. Но ако такви има премногу, тогаш проблемот не е само во лекторот, туку и во начинот на кој е направен преводот од старт.

    Во пракса, мислам дека најчесто се работи за комбинација брзање со превод + недоволно време за вистинска редакција + лектор кој само пегла а не го гледа целосниот текст да го среди.
     
    На grungy и Annath им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.218
    Допаѓања:
    145.494
    Во пракса, никој ништо не работи. Мене би ми било срам да ми стои име како лектор, а книгата да е крш. Издавачот не е за да биде преведувач и лектор. Издавачот затоа им дава плата. Ако немаат време не треба да се нафатат, името им стои таму заекогаш
     
    На st-el и eliesaab им се допаѓа ова.