Денес беше навистина страшно. А бе Тони Зен! Леле вриштење, турканици, девојчиња како од ланец пуштени грабаат постери од Џастин Бибер на штандот на Детска радост (сиротите не знаеја веќе како да се одбранат, а да не ги караат)... Јас успеав да видам нешто кога се стрчаа накај штандот на Детска радост по Тони Зен, ама затоа зедов каталози и на раат ќе си одберам, па во сабота со список по штандови. Ова денес што беше никогаш не ми се случило, а повеќе од 15 години секоја година сум на саемот. Инаку, има избор, само зависи кој што си бара. Мене ми се допадна изборот, само што многу од оние must-have автори и дела веќе ги имам. А цени, од 50 денари нагоре, па луѓе, една Милка е поскапа, а трае само 5 минути
Темплум го финансирав солидно,за неговите солидни,мали и вредни книгички,не толку искомерцијализирани,ама прекрасно магични (за овие не знам,ама Темплум секогаш има солидна литература),особено кратки,но сепак,со одлична содржина која те става во мисла,плус евтини.Париски приказни, Потопи ми ја главата, Плескање на слугинката, Будење(ме мрзи да ги читам авторите,во друга соба сум,ако некого го интересира нека праша) и конечно да си ја имам,Преобразба ондосно Метаморфозис од Кафка.A и ова,секој кој го љуби Скопје,имаат комплет од 6 книги за 500 денари од повеќе автори.Приказни и факти за Скопје,колку што го разбрав човекот на штандот,повеќе го гледав во очи и во потезите,ми беше симпатично занимлив,ваљда не помисли дека го манијачам,може татко да ми биде. Палп ја земав за подарок,Кобен час,Да се живее за да се раскаже и двете од Маркез.Богат татко,сиромашен татко - Киосаки чинам беше,Омилената игра - Коен,Чапаев и празнина - Пелевин. Кундера се понадевав дека ќе биде преведен пак,така саемски...ама ништо. Него Кастанеда од Ѓурѓа,е супер инвестиција,нема некако промашај.Опасен мангуп ми е,топло го препорачувам да си го купите. Мислам дека ова беше за денес...сакам пак да одам,ама тешко.Ама,некако се разочарав.Матица е ок,шљам литература со се преводите лоши,ама гледам заразно било,па сите ми беа некако тужни ем ружни.Табернакул и Темплум сепак ми го држат врвот и ми се допаѓаат,плус преведуваат од прва,а не превод на превод и морам да кажам,полу-јадна сум,толкуа од предвидениот буџет...чекам на татко ми и неговата милост,бар за уште 2 што бендисав. И така...со сите средношколци,денес и јас...па го фатив и саемот на образование.Поминувајќи покрај МИТ искоментирав,Е овие,се убиваат од учење,не со надеж дека ќе ме слушнат,таа шмизлата само промрморе исто со надеж дека нема да ја слушнам,па да не не учиме,се свртев и као шмизла од државен факултет и реков Дааааах!Идиот сум,знам!
Clockwork Orange е преведена како Пеколен портокал? Не ми иде некако Како и да е, одличен избор си направила, а ова е една од моите најомилени книги. И мислам дека е голем предизвик за преведувачите заради сите оние кованици со зборови од рускиот јазик. Пиши потоа импресии од книгата...некаде по темиве и баш ме интересира каков е преводот Некој ја спомна Сликата на Доријан Греј, еве и од мене огромно плус за книгава! Остава траги во главата и после толку многу години, едноставно Оскар Вајлд, е - Оскар Вајлд. Тие што сте го гледале филмот, тргнете ги мислите на страна од него, иако е одличен сепак има промени на книгата, нормално. А таа е далеку подобра. Ја препорачувам од се срце Патем, супер списоци девојки, мојот ќе го доставам за две недели, иако....ќе биде доцна во однос на саемов но сепак
^ Да, да, и филмот ако го имаш гледано со македонски превод, го имаат преведено како Пеколен портокал. А баш и прогуглав сега, кај нас филмот општо е прифатен како Пеколен портокал, дури и на Google translate - clockwork е превендено како пеколен. А всушност clockwork - механизам на саат или механизам за навивање и orange - во не-буквален превод може да значи човек, што значи преводот би бил човек на навивање или марионета по нашки. А нашите најверојатно си го преземале од србите - паклена поморанџа. Се извинувам за офтопик.
Штотуку се вратив од Саемот и сум благо разочарана. Ми падна во очи книгата на Џастин Бибер , другарка ми вика - кога ова 16 годишно муле успеа да напише книга? Свашта. И за книгите зборот ми беше... млако, досадно, ништо возбудливо од наслови. Попуст... освен на штандот на Три каде книгите на Мураками, како Длабоко во ноќа и Норвешка шума беа по 200, односно 300 ден. на намалување од 500 и некои други насловчиња, друг попуст не видов. Успеав да си ја купам 13 од Жарко Кујунџиски за да конечно го комплетирам целиот негов книжевен опус досега, автобиографијата на Кустурица - Смртта е непроверена гласина, автобиографијата на Маркез ја откопав од еден штанд - Да се живее за да се раскаже и Прирачникот на Џамбазов за крај. Темплум имаа убави попусти додуша. Ја загледав Плескање на слугинката, можеби ќе се вратам по неа... и 2-3 други кои ми фатија окце, но недоволно за да го испразнам новчаникот. А ќе заборавев, неколку од Табернакул како Тело, Тунел беа по 200 ден. Убаво. И Папокот на светот од Венко А. доживеала 10-ти издание. Секоја чест.
Ма,книгата на Џастин не е ни книга,повеќе е сликовница.Да се собере вкупно текстот што е напишан на тие 250 страни,нема ни 20 страни да фати... И,да не бидам офф, не сум била на саем,ама планирам да одам,и секако да си земам некое книгиче,од Агата Кристи посебно,и можеби нешто од Ден Браун...
Би ги посетила Табернакул, Темплум и Или-Или и би си отишла со мноооогу книги кои ќе ги мирисав и галев по пат. Да можев Здравје, другата година.
Јас утре планирам да одам, се надевам дека нема да испадне за џабе патот. Инаку, имам и едно прашање до сите што веќе бевте на саемот. Дали ја видовте Моќта на потсвеста од Џозеф Марфи? И дали знаете по која цена ќе можам да ја најдам? Благодарам однапред.
Од година на година се помизерен значи станува Избор никаков,све тие истите книги и се разбира истите цени...тие поубавите книги сум ги купила во изминатите 2,3 години и пак тие,ништо ново значи катастрофа и ништо посебно да се понуди
На штандот на АЕА - Господар на прстените, комплет од 3-те дела беше 500 ден. Претходно го испразнив паричникот, а имам желба да си ги купам, па да не знае некој колку се надвор од саемот... или да тркнам денес да ги купам. Инаку си купив убави книги. Портокалот ја немаше, не им била испечатена уште, иако ја имаше во каталогот, ќе излезе во продажба после саемот.
Мayyya вака ти се 800 денари, еве јас на Тримакс ги имам разгледано http://3maks.com/Countries/ListView.asp ... TXUw%3d%3d Јас лично, не сум многу импресионирана од Саемот, истите наслови секоја година со намаление на книгите од година на година по 50 денари, но сепак исклучок на некои промоции на книги.. ..се разочарав кога видов дека Го сакам Нујорк ми беше распродадена, па си ги зедов Вештица, Мајсторот и Маргарита и Завештанието на Тесла, се мислев дали да ја земам и Керката на Клеопатра и сега ми е криво . Него шо е финтата со Гурга? Цените преку цела година по 150/200 денари, кога доагаат за саемот гледам пред тоа наводно цена имале по 300/400 па затоа биле намалени на 150!?
^Господар на прстените - истите се тие во Тримакс од издавачка куќа Аеа, а тие од штандот ми кажаа дека 1500 ден. им била редовна цена. А Ѓурѓа јас ги прескокнав освен Блудниот син, бидејќи цела година им се исти цените.
бев денес на саем на книгата си купив дури 4 книги. си ја земав на игор џамбазов поради фактот што првата книга негова гол човек ми остави голем впечаток (за коментари за оваа после прочитување) си ја земав точка на измана од Ден Браун си ја земав Вториот месија и уште една која му ја дадов на мажулето и не ми текнува на насловот Бев премногу задоволна од изборот и понудите си маркирав одредени книги кој после плата ке се најдат во мојата колекција
Со мажулте бевме на саемот и се натоваривме со книги Новата на Џамбазов ( веќе ја прочитавме), Кој го здипли моето сирење , Богат татко сиромашен татко ( мужето забега нешто по бизниси ), Трендоленд - колумните на Трендо наш, Прилози за наставата по литература од избрани автори ( којзнае може ке се вработам по струка па ке ми треба) и на крај еден Илустриран историски атлас,чисто за занимација. Ви велам јас се натоваривме, а демек тргнавме да ја купиме на Џамбаз книгата, мужето зема потпис се фотографираше
Јас пред една недела на маж ми за роденден му ја купив баш трилогијата Господар на прстените од Египетска сонувалка на улица Македонија за 800 денари, толку им е цената уште од поодамна.
Па саемот веќе заврши. Можеш д ја најдеш и во Спаива на Водњанска, мислам дека таму е малку поевтина.