Оваа година од 21-26.11.2011 год. ќе се одржува саемот во Штип. Не е како тој во Скопје, но посетеноста е во поголем број од страна на Штипјани. Да ви пишам вака информативно може да го посетите . Јас планирам да одам, па ќе пишам отакако ќе го посетам.
Па во април како и секоја година. А пред тоа ќе биде зимскиот саем во Матица во јануари, само се надевам дека годинава ќе има поголем избор, лани немаше ништо асално.
Само што се вратив од саемот, со две ново подновени книги . Си ги прегрнувам ко дечиња да ми се. Инаку за саемот незнам што би кажала. Издавачката куќа Сакам книги некако со многу мал избор годинава. Феникс, Матица и Три имаа нешто избор, но не многу. Како што загледав некако се повеќе имаше чик литература, нешто ко Александра Потер, Пауло Коељо, Сидни Шелдон.. Не е ко Скопскиов саем, но не е ни толку бетер. Повеќе незнам што би кажала. Не сум разочарана бидејќи тоа што си го барав си го најдов .
И јас пред малце бев на саемот, овој овде, во Штип. Добро е, како и секоја година. Некако ми се чинеше како да има повеќе книги и ев(ф)тини се. Мојата што ја барав, ми ја продале уште вчера, ама си најдов две други па можеби после, утре ќе си ги купам. Cамо не го најдов штандот на Просветно Дело, или па таму беше?
Ќе може ли да ми ја кажете точната локација на саемот во Штип? Сакам да го посетам пред да заврши... Благодарам..
Во библиотеката е Саемот. Бублиотеката се наоѓа позади Текстилното училиште. Јас бев преска, најмногу ми се допадна изборот на книги што ги понуди издавачката куќа Три. Си одбрав некои наслови, се двоумам која да ја купам утре. Таа што ја сакав ја немаше воопшто, повеќе има чик лит. Не е лошо, има избор за скоро сечиј вкус, според мене, а не се ни многу високи цените.
Денес бев пак и си купив една книга од Издавачка куќа Три. Се двоумев меѓу оваа и уште 2-3, но по препорака на библиотекарката ја купив оваа.
^А која книга и за кои си се двоумела? Кој по ред саем на книгата е овој во Штип? И цените како се движат?
Се двоумев меѓу Индиго Бомбај, двете од Винка Саздова Последниот чај и Полиња со диви нарциси, и Девојката со бисерна обетка. Ја одбрав првата. Овие сите беа по 200 ден. Од Пауло Коељо имаше книги што беа дури по 90 ден. Евтини беа, по 200-350, ретко имаше тука таму некоја од 400-500 ден. Енциклопедиите, речниците нормално беа поскапи, до 2000. Утре пак ќе одам да си купам од оние книгичките со чаеви, лекови за разни болести.
Ова е четврт саем, во Штип. Лани и полани бев, ама сепак мислам дека оваа година имаше повеќе книги од порано. И да, како што кажа Старбакс, евтини се. Јас сакав да си е купам Фактопедијата, ама уште се двоумам, ќе видам утре што ќе направам. Инаку, заедно оди и со друга енциклопедија, и прво се плаќа 700 и после се доплаќа (само незнам колку). Утре завршува саемот, ама ако не Фактопедијата, сакам некоја друга интересна да си купам. Во понеделникот го отворија саемот, јас бев во вторникот и ја побарав Вероника, и беше распродадена по 200 денари била.
Леле живеам за саем на книга. Се чувствувам како дете во дизниленд! Штета кај нас има слаб избор на книги за тинејџери. Цените на некои книги им се ниски на други пак високи. Англиските секогаш се поскапи, а македонските не ми се читаат од проста причина што преводот е ужасен!
Штотуку го разгледав Каталогот за Зимскиот саем на Матица, кој ќе започне од 20.01-20.02.2012 г., и сум благо разочарана. http://www.matica.com.mk/ Скоро никакви изданија, а забележувам дека цените се повисоки од лани. За илустрација, Изгубената роза лани ја земав за 150 ден, оваа година е 290? И многу други наслови кои се можеби поевтини за 50-60 ден. помалку од регуларната цена. Не зборувам за оние мини-романчиња како на Агата Кристи или чик литературата што им бапнале цена од 100-150 ден, реално толку и вредат. Ќе одам за да купам нешто од Карлос Р. Зафон, инаку остатокот од понудата е засрамувачкa.
И јас денес зедов каталог од Матица, и уште еднаш си го потврдив моето разочарување во нив. Никакви изданија, ни една кратка содржина не ме заинтересира, ниту една! Ајде реков барем ќе си ја купам Злосторство и Казна за да ја имам во убаво издание, ама guess what - на неа нема попуст. Смотани! Инаку во Охрид во книжарницата Просвета има попуст на сите книги од 15%, меѓу кои и тие на Табернакул. Па оваа година нема да се зезнам со Матица, секогаш се лажам и купувам неколку книги, па сега наместо тие неколку ќе си земам една на Табернакул, ако веќе решам да купувам (читај - ако потсоберам некој денар ).
Можда малку глупаво ми е прашањево, ама... Ме интересира дали попустите на Матица кои следат важат во сите книжарници каде што има дела на Матица или не?