1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакаме стадион во Битола

Дискусија во 'Спорт' започната од Cvetetto, 27 јуни 2014.

  1. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Па ајде да развиеме дискусија и за ова.
    [​IMG]
    http://www.youtube.com/watch?v=kvAF6MmafH0

    Јас лично,мислам дека треба да се направи нов стадион под Тубе-кафе.Моменталниот е во ужасна состојба.Наместо вакви-такви споменици.И се и сешто само во СК,може нешто и во Битола!?На ЧЕКЕМБАРИТЕ им треба нова требина за навивање :)
    Еве дел од сликите од проектот. :)

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    ^Резултатот на сликата е најдобар. :rofl:
     
  2. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Ние на Марс, сакаме аеродром. Преку глава ми е за Македонија се со автобус да си доаѓам.
     
    На stilas7 и Lella им се допаѓа ова.
  3. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    ^ |( |( Како и да ти е,сепак заслужуваат нов стадион.Современ!Сигурно не си била и незнаеш каков се сегашниот.Доколку имаш нешто конкретно да кажеш на темава,кажи.Доколку не,поќути си те молам :|
     
    На Lavander му/ѝ се допаѓа ова.
  4. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Мислам дека Битола заслужува ваков проект од повеќе причини. Чкембарите се страсни навивачи, а битолчани опасни спортисти. Инвестирање во вакви проекти е за голем поздрав. Битола е еден од поголемите градови во државата, штета и голема срамота е моменталната состојба во која е објектот.
     
    На Cvetetto му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Па тоа не треба на форум да се дискутира, туку предлог да се даде до тамошната општина. И што тука сите ако ти дадат глас и ти ја поддржат идејата, сигурно нема да се изгради.
     
    На Lella и T.e.d.d.y им се допаѓа ова.
  6. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Не гледам причина зошто да не се дискутира оваа идеја на младината. Предлогот е доставен и не е предлог на поединец на форумов, актуелен проект е на младите во Битола.



    https://www.facebook.com/pages/%D0%A1%D ... 83?fref=ts
     
  7. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Eпа штом е доставен, што ќе го дискутирате, не знам. Во ред е идејата и проектот, ама темата ќе биде, 2 страни, за тоа како сите мислат дека е убава идеја. И тоа дискусија ли е?
     
  8. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    [​IMG]


    Иако форумов има далеку по дебилски теми...

    Таман мислев да распалам на тема политика, заборавив дека спорт и се останато смее да има само Скопје..
     
    На Cvetetto му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    http://www.plusinfo.mk/vest/141534/155- ... to-trkalo-
    Е да ве прашам,што е попаметно да го направат стадионот во Битола или некое скапано панорамско тркало,Скопје.Од кое ќе и нема некоја голема корист.Само да им се земаат парите на луѓето. :^) Да имаше нешто,корисно ќе речи човек,„-Ајде,де корисно е“,ама вака. :^)
    Вака барем битолчани ќе спортуваат.Во Битола има,многу деца кои тренираат фудбал и не само фудбал.Барем од мојата генерација(од сите училишта) секој втор е спортист и се занимава со некој спорт.Децата тренираат по училишните сали,наместо на терен.
     
  10. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Ако одите така, не е Битола единствена, и на сите други градови им треба нешто, и тоа многу повеќе. Ама, таква е таа скапоцена политика каде Скопје е државата.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sweetgirl358

    sweetgirl358 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    642
    Цвете браво за темата :rock: многу убаво од тебе што си се сетила да ја отвориш :clap:
    Потребна беше една ваква тема на форумот каде што ќе можиме и ние (битолчанките :lol: ) да дискутираме за одредени работи во Битола. Значи веќе ми здосади да читам мислења за Скопје |( и сите тие објекти и споменици кои ги градат. Без навреда ама сите останати градови во Македонија се заборавени и се' се врти околу Скопје. Добро разбирам дека тој е главен град и се' друго ама ние сега од другите градови што треба да правиме? :?: Не само на форумот туку општо секаде се зборува само за Скопје и никој не обрнува внимание и на другите градови. Ако Скопје е главен град само тој треба да постои? Што е со другите градови? И не гледам причина зошто да не се дискутира оваа тема :?:
    Сите знаеме дека од Битола досега имаат произлезено многу млади и успешни спортисти . Сегашната состојба на стадионот е ужасна :puke:. Нема никакви услови и мислам дека навистина е потребен нов стадион. Се даваат пари на многу други глупости а за ова што навистина е потребно никој не обрнува внимание. :!:
    Се извинувам ако навредив некого, но форумот сигурно не е само за дискутирање за Скопје (така јас мислам) и постојат многу други теми во областа на политиката кои според мене се непотребни зошто оваа тема да не постои? :?:
     
  12. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Да не ја пренасочиме дискусијата во непосакуван правец. Јасна е визијата на власта и каде е поставен фокусот.

    Стадионот во Битола е во длабоки долгови. За почеток тоа да се разреши. Голема атракција ќе е за младите спортисти, конечно ќе има место за спортска рекреација, аматерска и професионална. Се надевам во најскоро време проектот ќе биде одобрен и средства ќе бидат одвоени.
     
  13. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.001
    Допаѓања:
    90.623
    Пол:
    Женски
    Јас само да ви кажам ако не видовте дека и Лила ве подоржува за оваа :wasntme:
    :D
    [​IMG]
     
  14. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    :!: И младите играчи на ФК Пелистер сакаат стадион!(има и помали од овие,кои тренираат во „Пелистер“. ;)
    [​IMG]
     
  15. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.463
    Допаѓања:
    33.548
    Пол:
    Женски
    Видете вака...однапред да си кажувам немам намери да навредувам други.
    Значи вака,не е се во Скопје,и во Македонија има други градови,зар не?
    Не треба да сме скарани со спортот,па донесе ли нешто лошо спортот на некого?
    Еден голем град како Битола,речиси втор по големина во државава да нема спорт е тотална срамота и жалосно!Спортската сала Младост исто така треба да се реновира,па јас имав прилика таму да бидам за еден спортски настан и таму кај што чекаа спортистите.Па ѕидовите од мувла што ги фатило се како боите на семафорот,а таа сала не е суредена како што треба,којзнае,можеби од ’70тите години од минатиот век. Па таму тренира не само РК Пелистер,туку и КК Пелистер бре!Па барем во нашата држава не сме во ракометот слаби ако не! :!:
    Кога сме кај нашиот ни стадион,тие шо се од Битола,јасно сфаќаат дека таму ни најмизерен клуб не би тренирал,а камоли Пелистер.Столчињата се како гром да ги удрил:едни испокршени,други пола чинат,трети пак мермер...И две трибини имаме,од кои едната повеќе се користи,а ретко другата.Головите,таму тоа стативите ни се ’’за мерак’’,а тревата буквално кажано кога ќе заврне на сред фудбалски натпревар кал се прави,тотално мочуриште!Да,да..може да се плива слободно,наместо топка да се шутира.Како шо е состојбата и фудбалскиот клуб Пелистер почнува да пропаѓа,да да...се продава Пелистер!И само лажни најавувања дека ќе се случи некој да го купи,лажни ветувања.Дај Боже некој да го купи,затоа што ако Битола остани без ФК Пелистер и без стадион,тоа е срамота и за градоначалникот и за власта во Скопје,таму агенција за спорт како и да е,толкав град без развиен спорт,без фудбал е како пустина.Буквално пустина.Само со тениското игралиште ли да се задоволиме?
    И ракометното,каде повеќе се игра кошарка за рекреација?
    За спортската сала немам никаков коментар повеќе :x
    Па да,Битола заслужува стадион!
    САКАМЕ СТАДИОН ВО БИТОЛА!
    А зошто па да не го развиеме спортот во нашата држава?Што?Болна точка погодив?Ахилова пета ли?
    Не само во Битола,треба и во другите градови да се реновираат стадионите,а не да пропаѓаат.
    Спортот зближува.Спортот е еден вид здрав начин на живот.Спортот е радост.
    Еднаш победуваш,еднаш губиш.Затоа спортот е убав.Така и познатиот Гвардиола рече.Да.
    Битола мора и ќе добие стадион!Сакаме стадион во Битола!
    Цвете,ти симнувам капа шо отвори ваква тема за дискусија,па ајде малку спорт :up: :handshake: :nod: :bow:
     
    На christinnn, XstrongerX и Cvetetto им се допаѓа ова.
  16. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.463
    Допаѓања:
    33.548
    Пол:
    Женски
    а и уште нешто...
    БИНГОООО!
    [​IMG]
    :clap:
     
  17. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Епа ако барем 5 битолски феминки не се соберат и у бикини да држат натпис „Бидете широкогради како нас, дајте стадион за Битола“, стварно срамота ќе биде. #Битола #СакамеСтадион #ФорумФемина

    Сериозно на темата, мене уште не ми е јасно како на Битолчани не им е направен стадионот. Па стадион е сигурна победа на избори. Најверојатно од владеачката гарнитура во општината процениле дека и без него можат да победат, па ќе се остави тој ас во ракав додека не дојде посериозно време да се изведе трикот. :emo:

    Инаку поддржувам. Ако веќе ништо друго битно нема во градот, барем да се врати времето на масовна продукција на мали опасни спортисти. :rock:
     
    На sweetgirl358, Lavander, sia.bella и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Psihologue

    Psihologue Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    57
    Прекрасна идеја, прекрасен предлог којшто наиде на големо одобрување кај широката народна маса, но дали сето тоа ја оправдува целта? Ќе се направи стадион, но тој стадион треба да носи пари, а како ќе носи пари кога нема спорт, нема концерти, нема народ, а и тој народ што иде нема култура на купување карти?

    Битола треба пред се да има силен фудбалски, ракометен и кошаркарски клуб за да добие и подоцна убав стадион и сала, затоа што ќе ви е убав стадион кога нема квалитетен спорт?

    Друго, културата кај овој народ е на сосем најниско можно ниво. Новиот стадион и новата сала ќе бидат уништени, ишкртани со графити за неколку месеци ако не се постави обезбедување и строг надзор на објектите.
     
  19. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.001
    Пол:
    Женски
    Се исплашив од теткицава Лила, арно си ја сокрила. Ако ја видат сликава нема да има ни С од СТАДИОН. Пу, пу скраја :) :) :) :) :D :D :D
    Убава идеја инаку, убаво би било во секој град да има.
    Ај ке стигне Племиелот кај и да е, имајте надеж. :)
     
  20. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Captain-Omni-Jaс би излегла,ама не во бикини.Онака пристојно облечени.simona.a идиш со мене и ти sweetgirl358 ?

    Psihologue-незнам колку си информирана,но овој град е спортски град! 85% од младината се знаимава со спорт!А и ако одат на натпревар,кај ќе седнат.Си била ли да видиш како е? :^)
     
    На Captain-Omni му/ѝ се допаѓа ова.